Африка
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Африка — втор континент по големина во светот и по површина и по население, но и единствениот преку кој преминуваат и екваторот и двата повратници. Африка зазема 20,3 % од вкупната површина на Земјата. Релјефот и растителноста на најтоплиот континент варираат од дождовни шуми и суви савани до врели пустини.[1] Со 30,2 милиони км2, вклучувајќи и соседни острови, тој покрива 6% од целосната површина на Земјата и 20,4% од целосната копнена површина. Со милијарда луѓе распоредни во 61 држава, таа вбројува околу 14,72% од светското население. Континентот е обиколен од Средоземното Море на север, Суецкиот Канал и Црвеното Море долж Синајскиот Полуостров на североисток, Индискиот Океан на југоисток и Атлантскиот Океан на запад. Континентот има 54 суверени држави, вклучувајќи ги Мадагаскар, неколку групи на острови и Шарави Арапска Демократска Република, земја-членка на Африканската Унија, чија државност ја оспорува Мароко. Научната заедница длабоко ја почитува Африка, особено централно-источниот дел на Африка, бидејќи се смета дека од неа потекнуваат луѓето и Hominidae clade (човеколиките мајмуни), како докажа истражувањето на најраните хоминиди и нивните предци, како и на оние кои датираат од пред околу седум милиони години, бклучувајќи ги Sahelanthropus tchadensis, Australopithecus africanis, A. Afarensis, Homo erectus, H. habilis , H. ergaster и најраниот Хомо сапиенс (денешен човек), кој е пронајден во Етиопија и датира од пред околу 200.000 години. Африка поминува низ екваторот, со што вклучува повеќе климатски зони. Таа е единствениот континент кој се протега од северно-умерените до јужно-умерените зони. Очекуваната економска стапка на пораст на Африка е околу 5,0% за 2010 и 5,5% во 2011 година.
Потекло на поимот
уредиАфри било името на неколку семитски луѓе кои биле населени во Северна Африка близу Картагина (денешен Tунис). Нивното име се поврзува со феникиското афар, што значи „прашина“, но хипотезата од 1981 тврдела дека името произлегува од берберскиот збор ифри или Ифран, што значи „пештера“, упатувајќи на луѓе кои живеат во пештера. Африка или Ифри или Афер е име на Бану Ифран од Алжир и Триполитаниа (племето Берберi од Јафран). Под римското владеење, Картагина стана главен град на покраината Африка, која го вклучуваше и крајбрежниот дел на денешна Либија. Римската наставка ,,-ка” значи ,,држава или земја”. Подоцнежното Муслиманско кралство Ифрикија, денешен Тунис, има сочувано форма од името. Други етимолошки претпоставки за старото име ‘’Африка”:
- Во I век еврејскиот историчар Флавиус Јосиф (Flavius Josephus) тврди дека името потекнува од Ефер (Epher), внукот на Абрахам, според Мојсеева 25:4, чии потомци, тврди тој, ја окупирале Либија.
- Исидор од Севиља (Isidore de Seville) го споменал латинскиот збор aprica (‘’сончево”) во Etymologiae XIV.5.2.
- Грчкиот збор aphrike значи ‘’без студ”. Ова го предложи историчарот Лео Африканус (Leo Africanus) (1488-1554), што укажува на грчкиот збор phrike (што значи ‘’студ и ужас”), кој заедно со привативниата претставка ‘’а-” укажуваат на земја ослободена од студ и ужас.
- Меси (Massey) во 1881, пазви етимологија од египетското af-rui-ka, ‘’да се свртиш кон отворањето на Ка”. Ка претставува енергичен двојник на секоја личност и ‘’отворање на Ка” се однесува на матка или родно место. Според Еѓипќаните, Африка ќе биде ‘’родното место”.
- Michele Fruyt во Revue de Philologie 50,1976:221-238, разви друга претпоставка, поврзувајќи го латинскиот збор со africus ‘’јужен ветер”, кој има Умбриско потекло и оригинално значи ‘’дождлив ветер”.
Ирското женско име Aifric понекогаш се англизира како Africa, но не се однесува на геонимот.
Историја
уредиПалеолит
уредиНа почетокот на Мезозоикот, Африка била поврзана со други континенти на Земјата во Пангеја. Африка ја делела релативно едноличната фауна на суперконтинентот, во која кон крајот на тријасот доминираа и примитивни гуштероноги и ѕвероноги. Фосили од доцнежниот тријас се најдени на територијата на цела Африка, но повеќе се вообичаени за јужниот дел, отколку за северниот. Граничната распределба помеѓу тријасот и јурата ја означува почетокот на изумирањето, иако африканските слоеви од овој период не се темелно проучени. Раните слоеви на јура започнале на сличен начин во коритата на тријасот, со повообичаени видови во јужните делови и помалку вообичаени фосилни корита кои преовладуваат во северниот дел. Во текот на Јурата, во Африка се размножуваа поголеми и иконски групи на диносауруси, како sauropods и ornithopods. Средните слоеви на јурата во Африка не се добро претставени и проучувани. Доцнежните слоеви на Јура се исто така сиромашно претставени, освен спектакуларната фауна Тендагуру во Танзанија. Оваа фауна е многу слична со онаа најдена во западната Морисонската Образба на Северна Америка. Во средината на Мезозоикот, пред околу 150-160 милиони години, Мадагаскар се оддели од Африка, иако остана поврзан со Индија и Годвана. Фосилите од Мадагаскар вклучуваат абелисауруси и титаносауруси.
Подоцна во раната креда, копното на Индија и Мадагаскар се оддели од Годвана. До доцната креда, Мадагаскар и Индија трајно се одделија сè додека не го достигнаа својот современ изглед. Спротивно од Мадагаскар, копното на Африка беше стабилно за време на мезозоикот. Поктај стабилната состојба, се случиле главни промени во неговиот однос со другите копна, како што продолжиле да се распарчуваат остатоците од Пангеја. До почетокот на доцната креда, Јужна Америка се одвоила од Африка, задржувајќи ја јужната половина на Атлантскиот Океан. Овој настан ја променил океанската струја и имал длабок ефект брз глобалната клима. За време на кредата, во Африка се населиле allosauroids и spinosaurids, вклучувајќи ги големите познати месојадни диносауруси. Titanosaurs е значаен тревопасен вид за стариот екосистем. Кредовитите места се повообичаени од оние на јурата, но често не може да се документираат, и затоа не може да се знаат нивните точни години. Палеонтологистот Луис Јакобс, кој работел на терен во Малави, велел дека Африканските корита ‘’имаат потреба од теренска работа” и ќе дека ќе докаже дека тие се ‘’плодна земја...за откритие”.
Праисторија
уредиПовеќето палеоантрополози сметаат дека Африка е најстарата населена територија на Земјата, со човечки видови кои потекнуваат од континентот. Во текот на средината на XX век, антрополозите откриле многу фосили и докази од човечко населување пред 7 милиони години. Се мисли дека фосилните остатоци од неколку видови на рани човеколики мајмуни се развиле во современ човек, на пример Australopithecus afarensis (датира приближно од пред 3.9-3,0 милиони години п.н.е.), Paranthropus boisei (околу 2.3-1,4 милиони години п.н.е) и Homo ergaster (околу 1,9 милиони-600.000 години п.н.е). Во праисторијата на човештвото, Африка (како сите други континенти) немала држави и била населена од групи на ловци и собирачи на плодови, на пример Кои и Сан. На крајот од Леденото Доба, околу 10.500 година п.н.е, Сахара повторно станала зелена плодна долина и африканското население од внатрешноста и крајбрежните планински предели се врати во потсахарска Африка. Сепак, поради топлата и сува клима, областа на Сахара до 5000 година п.н.е станувла посува и непријателска. Населението од областа на Сахара преминало кон долината на Нил под вториот водопад, каде што направило трајни или полутрајни населби. Се случила голема климатска промена, со што се намалиле силните постојани дождови во Централна и Источна Африка. Од тогаш преовладува сушен период во Источна Африка, но во последните 200 години и во Етиопија. Населението во Африка припитомувало говеда уште пред да се занимава со земјоделство, но истовремено ловело и собирало плодови. Се мисли дека до 6000 година п.н.е, во Северна Африка говедата веќе биле припитомени. Во областа помеѓу Сахара и Нил, луѓето припитомиле многу видови на животни, на пример магаре и мала коза со извртени рогови, која била вообичаена на територија од Алжир до Нубија. Во 4000 година п.н.е климата во Сахара со многу брзо темпо станувала се посува. Оваа климатска промена предизвикала значително намалување на водата во езерата и реките и го предизвикала создавањето на пустина. Ова, понатаму, го намалило бројот на обработлива почва во населбите и предизвикало преселби на земјоделските заедници кон тропската клима на Западна Африка. До првиот милениум п.н.е во Северна Африка била започната обработката на железо и преку Сахара се проширила до северните делови на потсахарска Африка, додека до 500 година п.н.е обработката на метал станала вообичаена во Западна Африка. До 500 година п.н.е во многу делови на Источна и Западна Африка обработката на железо била вообичаена, иако населението од другите области не почнало со обработката на железо сè до раните векови од новата ера. Во Северна Африка, Нубија и Етиопија биле ископани бакарни предмети кои датираат од околу 500 години п.н.е, и кои укажуваат дека до тоа време биле воспоставени транс-сахарски трговски мрежи.
Рани цивилизации
уредиВо 3300 година п.н.е во Северна Африка, со појавувањето на писменоста во фараонската цивилизација на древен Египет, се отвориl историски запис. Сè до 343 година п.н.е Египетската држава, која ги има едни од најстарите и долготрајни цивилизации, продолжила да влијае брз други делови, така што египетското влијание допрело длабоко до денешна Либија, северно до Крит и Ханаан и јужно до кралството Аксум и Нубија. Феникијците од Тир од северно-западниот крајбрежен дел на Африка на Картагина, основале независен центар на цивилизација со трговски врски до Феникија. Европското истражување на Африка било започнато со Старите Грци и Римјани. Во 332 година п.н.е Александар Македонски беше добредојден како ослободител во персиски окупираниот Египет. Во Египет тој ги одредил границите на Александрија, која по неговата смрт станала главен град на Птоломејската династија. Откако Римското Царство го освои Средоземното крајбрежје на Северна Африка, римјаните ја присвоија областа во својот систем. Тие направиле римска населба во денешен Тунис и на други места долж крајбрежјето. Христијанството се рашири во овие области од Палестина преку Египет, поминувајќи јужно, надвор од границите на Рим, во Нубија, и најдоцна до VI век и во Етиопија. На почетокот на VII век, новосоздадениот арапско-исламски калифат се прошири во Египет, а потоа во Северна Африка. Накратко додека локалната берберска елита беше составен дел од муслиманските арапски племиња. Кога Омајадска ,главниот град на Дамаск, влезе во осмиот век, исламскиот центар на Средоземјето се премести од Сирија во Кајраван во Северна Африка. Исламска Северна Африка стана поинаква, прерасна во центар на мистичари, ученици, правници и филозофи. За време на VIII век, Исламот се прошири до потсахарска Африка, главно преку трговија и преселба.
IX-XVIII век
уредиПред колонијализацијата Африка поседуваше повеќе од 10.000 различни држави и државни уредувања,кои се одликуваа со повеќе видови на политичка организација и владеење. Овие држави и државни уредувања вклучуваа мали семејни групи од ловци и собирачи на плодови, на пример Сан луѓето од Северна Африка, потоа поголеми групи, на пример групирањата на семејни кланови од луѓето кои го зборуваат банту-јазик во централно-јужниот дел на Африка, потоа групи составени од кланови во Рогот на Африка , големите Сахелијански кралства и независни градови-држави и кралства како оние на луѓето на Јоруба во Северна Африка и Свахили крајбрежните трговски градови во Источна Африка. До IX век од новата ера, низа од династички земји од западните предели, вклучувајќи ги Ханса земјите, се проширија долж потсахарската савана до централен Судан. Најмоќни од овие држави беа Гана,Гао и царството Канем-Борну. Во XI век Гана ослабна, но ја презема царството Мали, кое во XIII век зајакна голем дел од западниот дел на Судан.Канем го прифати Исламот во XI век. Во шумските предели на крајбрежјето на Западна Африка, со малку влијание од муслиманскиот северен дел, се развиваа независни кралства. Рпи Кралството на Игбо беше едно од првите кралства кое се основа околу IX век. Ова кралство е исто така и едно од најстарите кралства во денешна Нигерија, во кое владееше Езе Рпи. Кралството Рпи е познато по обработката на бронза, која е пронајдена во градот Игбо Укву. Бронзата датира поназад од IX век. Ифе, историски прво од овие Јоруба градови-држави или кралства, создаде владеење со свет оба (оба значи ,,крал” или ,,владетел” во јазикот Јоруба), наречен Оони на Ифе.Ифе беше познат како главен верски и културен центар во Африка и поради неговата единствена натуралистичка традиција на бронзена скулптура. Обликот на владеење на Ифе се приспособи со оној на Ојо, каде што неговите обас или кралеви, наречени Алефини на Ојо, некогаш контролираа голем број на други Јоруба и не Јоруба градови-држави и кралства, фон Кралството на Дахомеј беше една од не Јоруба областите под контрола на Ојо. Алморавидите беа Берберска династија од Сахара, кои за време на XI век се распространија во голем дел на северозападниот дел на Африка и Иберскиот Полуостров. Бану Хилал и Бану Маџил беа збир од арапски бедуински племиња од Арабскиот Полуостров, кои помеѓу XI и XIII век мигрираа западно преку Египет. Преселбата резултираше со соединување на Арапи и Бербери, каде што месното население беше арапизирано, додека арапската култура прими елементи од локалната култура, со основа од Исламот. По распадот на Мали, локален водач, наречен Сони Али (1464-1492), го основа царството Сонгаи во областа на централниот дел на Нигер и западниот дел на Судан и презема контрола врз транс-сахарската трговија. Сони Али го присвои Тимбукту во 1468 и Јене во 1473, градејќи свој режим врз трговските приходи и врз соработката со муслиманските трговци. Неговиот наследник, Аскиа Мухамед I (1493-1528), го направи Исламот службена религија, изгради џамии и донесе муслимански ученици, вклучувајќи го ал-Маџили(1504 ), основачот на значајна традиција на муслиманско учење во суданска Африка, во Гао. До XI век некои Хауса држави, на пример Кано, Јигава, Катсина и Гобир, прераснаа во градови со ѕидови привлечни за трговија, вршејќи услуги на каравани и произведувајќи производи. Сè до XV век овие мали држави беа под суданско владеење и плаќаа данок од Сонгаи на запад до Канем Борно на исток.
Достигнување во трговијата со робови
уредиРопството беше долго време присутно во Африка. Помеѓу VII и XX век, арапската трговија со робови (позната како и ропство на Истокот)преку Сахара и Индискиот Океан, зема 18 милиони робови од Африка. Помеѓу XV и XIX век (500 години), атлантската трговија со робови зема проценети 7-12 милиони робови во Новиот Свет. Во Западна Африка, намалувањето на атлантската трговија со робови во 1820-ите предизвика драматични економски промени во локалните државни уредувања. Постепеното намалување на тргувањето со робови, предизвикано од недостаток на побарувачка на робови во Новиот Свет, со зголемено анти-робовско законодавство во Европа и Америка, и со зголеменото присуство на Британската Кралска Морнарица на крајбрежјето на Западна Африка, ги обврза африканските држави да присвојат нови економии. Помеѓу 1808 и 1860 година, Британската Западно-Африканска Ескадрила заплени приближно 1.600 робовски бродови и ослободи 150.000 Африканци кои се наоѓаа надвор од земјата. Се покрена акција против африканските водачи кои одбиваа да се согласат со британските договори за прогласување на трговијата надвор од законот, на пример против ,,узурпирање на Кралот на Лагос”, кој беше симнат од престолот во 1851. Преку 50 африкански владетели ги потпишаа анти-робовските договори. Најголемите сили на Западна Африка: Конфедерацијата Асанте, Кралството на Дахомеј и Царството Ојо , присвоија разни начини на присбособување на промената. Асанте и Дахомеј се концентрираа на развојот на ,,законска трговија” во форма на маслена палма, какао, дрва за градежништво и злато, така што го создадоа темелот на денешната извозна трговија на Западна Африка. Царството Ојо, не можејќи да се приспособи, западна во граѓански војни. Колонијализмот и ,,Борбата за Африка” Кон крајот на XIX век, европските владеачки сили се окупираа со главна борба за територија и окупираа поголем дел од континентот, со тоа што создадоа многу колонијални територии и оставија само две потполно независни држави: Етиопија (кај Европејците позната како ,,Абисинија”) и Либерија. Египет и Судан не беа официјално вклучени во некое од европското колонијално владеење; сепак, по британската окупација во 1882, Египет беше делотворно под британско владеење сè до 1922.
Берлинска Конференција
уредиБерлинската Конференција се одржала во 1884-85 година и претставуваше значаен настан во иднината на политиката на африканските етнички групи. Кралот на Белгија, Леополд II, ја свика оваа конференција и на неа присуствуваа европските сили кои бараа право врз африканските територии. На конференцијата се бараше европските сили да стават крај на Борбата за Африка со тоа што ќе се согласат за политичка поделба и сфери на влијание. Тие политички го составија планот на поделба на континентот по сфери на интерес, кои сè уште постојат во Африка. Борби за независност Владеачкото право на европскиот народ ќе продложи сè до завршувањето на Втората светска војна, кога речиси сите останати колонијални територии постепено официјално стануваа независни. Движењата за независност во Африка земаа замав по Втората светска војна, која ги ослабна главните европски сили. Во 1956 година, Тунис и Мароко ја добија својата независност од Франција. Гана го следеше нивниот пример, станувајќи прва ослободена колонија од потсахарските колонии. Повеќето од останатите територии на континентот станаа независни во текот на наредната деценија. Португалското прекуокеанско присуство во потсахарска Африка (особено во Ангола, Зелено’ртските Острови, Мозамбик, Гвинеја-Бисао, Саун Томе и Принсип ) траеше од XVI век до 1975, откако во Лисабон со воен државен удар беше срушен режимот на Естадо Ново. Во 1980 година Зимбабве ја доби својата независност од Обединетото Кралство, по горката герилска војна помеѓу црните националисти и белото малцинство Родесиан, со кое владееше Ијан Смит. Иако Јужна Африка беше една од првите африкански држави која доби независност, сè до 1994 таа остана под контрола на белото малцинство на државата преку систем од расно одвојување, познато како апартхејд (apartheid).
Пост-колонијална Африка
уредиДенес, Африка има 54 суверени држави, од кои повеќето сè уште ги имаат границите зацртани за време на европскиот колонијализам. Од колинијализмот, нестабилноста, корупцијата, насилството и авторитарианизмот им пречат на африканските држави. Повеќето од африкансите држави се републики кои работат според некоја форма на претседателскиот систем на владеење. Сепак, наместо тоа, некои од нив кружат во серии на државни удари, правејќи воени диктатури. Големата нестабилност главно беше резултат на маргинализацијата на етничките групи и беше создадена од водачите на тие етнички групи. За политички профит, многу водачи ги заладија етничките судири кои беа влошени, или дури создадени, од колонијално владеење. Во многу земји, војската беше единствената група која можеше делотворно да го зачува редот, и таа управуваше со многу народи во Африка за време на 1970-ите и раните 1980-ти. За време на периодот од раните 1960-ти до 1980-ите, во Африка имаше повеќе од 70 државни удари и 13 претседателски атентати. Поради тоа што Европа им наметна граници на многу народи,кои предизвикуваа вооружани судири, беа вообичаени граничните и територијалните несогласувања. Судирите во Студената Војна помеѓу Соединетите Држави и Советскиот Сојуз, како и политиките на Меѓународниот Монетарен Фонд, исто така играа улога во нестабилноста. Кога една земја за првпат ќе станеше независна, се очекуваше од неа да се согласи со една од двете суперслили. Многу земји во Северна Африка добија советска воена помош, додека многу други во Централна и Северна Африка беа поддржани од Соединетите Држави, од Франција или од двете. Во 1970-ите се случи ескалација, кога ново-независните држави Ангола и Мозамбик се согласија со Советскиот Сојуз, додека Западна и Северна Африка, со основање на бунтовнички движења, побараа вклучување на советско влијание. Во Етиопија имаше голем глад, кога гладуваа стотици илјадници луѓе. Некои тврдат дека марксистичкo-советските политики ја направиле ситуацијата полоша. Најразорниот воен судир во денешна независна Африка беше Втората Војна во Конго. До 2008 година, во овој судир беа убиени 5,4 милиони луѓе. Од 2003 година имаше непрекинат судир во Дарфур кој прерасна во хуманитарна катастрофа. СИДАта исто така беше распространет проблем во Африка по колонијализацијата.
Географија
уредиАфрика е најголемата од трите големи јужни проекции од најголемата маса на Земјата. Одделена од Европа со Средоземното Море, таа е споена со Азија кај нејзиниот североисточен краен дел со провлакот на Суец (поврзан преку Суецкиот Канал), кој е широк 163 км. (Геополитички,се смета дека египетскиот Синајски Полуостров источно од Суецкиот Канал е дел од Африка). Од најсеверната точка, Рас бен Сака во Тунис (37⁰21’C), до најјужната точка, Иглениот ’Рт (34⁰51’15’’J) во Јужна Африка, растојанието е приближно 8.000 км, од Зелено’ртските Острови (17⁰33’22’’З),најзападната точка, до Рас Хафун (51⁰27’52’’И) во Сомалија,најисточната проекција , растојанието е приближно 7.400 км. Крајбрежната линија е долга 26.000 км, и отсуството на длабоки порамнувања на брегот е претставено со фактот дека Европа, која покрива 10.400.000 км2 -околу третина од површината на Африка- има крајбрежна линија долга 32.000 км. Најголема земја во Африка е Судан, додека најмала се Сејшелите, архипелаг на источниот брег. Земја со најмал број на население е Гамбија. Според Старите Римјани, Африка на запад се протега до Египет, додека поимот ,,Азија” се донесува на Анадолија и земјите на исток. Географичарот Птоломеј(85-165 од новата ера) нацрта крајна линија помеѓу двата континента, укажувајќи дека Александрија се наоѓа долж првиот меридијан и правејќи го провлакот на Суец и Црвеното Море за гранична линија момеѓу Азија и Африка. Како што Европејците ја увидоа големината на континентот, идејата за Африка се прошири со нивното знаење. Геолошки, Африка го вклучува Арапскиот Полуостров, додека планините Загрос во Иран и Анадолската Висорамнина во Турција означуваат каде Африканската Плоча се судира со Евроазија. Африканската тропска еко-зона и Сахарско-Арапската Пустина биогеографски ја обединуваат северната област, додека Афро-Азијатското јазично семејство ја обединуваат на јазично поле. Клима Климата на Африка се движи од тропска до субарктичка на нејзините највисоки предели. Нејзината северна половина е првенствено пустина или неплодна област, додека нејзините централни и јужни делови имаат и савански рамнини и многу густи џунгли (дождовни шуми). Помеѓу нив, се наоѓа долина, каде што доминираат вегетациски видови,како на пример сахел и степски видови. Фауна Африка може да се пофали со тоа што е најгусто населен континент со разновидни диви животни, со популација од големи месојадни животни (лавови, хиени и гепарди) и тревопасни животни (бизони, елени, слонови, камили и жирафи) кои живеат слободно на рамниците. Таа е исто така дом на разновидни животни кои живеат во џунглите, вклучувајќи змии, примати и воден свет, како на пример крокодили и водоземци. Африка исто така имаше најголем број на видови на мегафауна, додека не беше помалку погодена од изумирањето на плеистоцената мегафауна. Екологија Според Програмата за Животна Средина на Соединетите Држави (United Nations Environment Programme-UNEP), уништувањето на шумите секако ја погодува Африка. Некои извори тврдат дека уништувањето на шумите веќе има избришано околу 90% од шумите на Западна Африка. Од населувањето на луѓето пред 2000 години, Мадагаскар има изгубено повеќе од 90% од шумите. Околу 65% од обработливата земја страда од деградација на почвата.
Релјеф
уредиРелјефот на Африка го претставуваат поголем број пространи висорамнини, кои се одликуваат со благо разбрануван релјеф. Во приморските делови релјефот се спушта стрмно, така што целата африканска плоча е заобиколена со тесен и рамничарски приморски појас. Од висорамнините се издигаат неколку планински масиви. Во северните делови се наоѓаат планините Атлас, Ахагар, Тибести и Дарфур. Се одликуваат со надморски височини од околу 3 000м. Овие планини се простираат во пустината Сахара. Најголемите планини се наоѓаат во источните делови од континентот. Такви се Етипските Планини и планинските области околу големите езера, како што се Килиманџаро, Кенија и Рувензори. Нивните височини се околу 5 000м. Териториите што се наоѓаат јужно од реките Кунене, Окаванго и Замбези се висорамнини на околу 1 200м.н.в. Од запад, исток и југ е заобиколена со високи приморски планини над 2 500м, од кои најголема е Кватламба. Во средишните делови се наоѓа пустината Калахари, а во приатлантскиот појас - Намибиската Пустина. Централните делови на Африка се наоѓаат меѓу источната и јужната планинска област и Атлантскиот Океан и на север сливот на реката Конго. Во овој дел се карактеристични висорамнините во Ангола и во Замбија, басенот на реката Конго и Камерунските Планини. Западните делови на Африка и териториите што се наоѓаат северно од Гвинејскиот Залив се со помали надморски височини и со пространи низини. Особена одлика на релјефот во Африка се пустините. Најголемата жешка пустина на Земјата е Сахара. Таа ги зафаќа северните и западните делови на континентот, поточно териториите од Атлантскиот Океан до Црвеното Море, а се простира на околу 7 милиони км2. Карактеристични се пустините Калахари и Намиб, кои се наоѓаат во јужните делови на Африка. Во пустинските области се среќаваат ергови и дини, како посебна одлика на пустинскиот релјеф. Поголемите низини се централните делови од басенот на реката Конго, низината Сенегал, низините околу езерото Чад и низините кај Гвинејскиот Залив.
Брегова разгранетост
уредиАфрика има слабо разгранет брег. Крајбрежните делови се високи, стрмни и тесни. Скоро и да нема заливи, острови и полуострови. На бреговите на Средоземното Море се наоѓаат заливот Сидра и Габескиот Залив, како и полуостровите Тунис и Барка. На бреговите на Индискиот Океан се наоѓаат Сомалискиот Полуостров и островот Мадагаскар, Коморските, Маскаренските и Сејшелските Острови. На бреговите на Атлантскиот Океан најкарактеристичен е Гвинејскиот Залив со островите Сан Томе и Принсип. На југот на Африка е карактеристичен ’ртот Добра Надеж.
Клима
уредиКлимата во Африка е тесно поврзана со географската положба. Низ Африка поминува екваторот, кој го дели континентот на северен и јужен дел. Тоа условува рамномерен распоред на климатските појаси. Околу екваторот се простира екваторскиот појас, а потоа северно и јужно од него се простираат тропски, суптропски и умерени климатски појаси. Екваторскиот појас се одликува со: температури од околу 24-25°С и годишно колебање од само 2-3°С, и големи количества врнежи, кои во Гвинејскиот Залив изнесуваат околу 12 000мм годишно, а паѓаат секојдневно, обично во попладневните часови. Изразита екваторска клима има во Горна Гвинеја и во басенот на реката Конго, односно во појасот од 0-100 северна и јужна географска широчина. Таму се развиени многу бујни тропски шуми. Тропските појаси се простираат северно и јужно од екваторскиот појас. Тие се одликуваат со две различни годишни времиња, односно летен врнежлив и сув период. Северно и јужно од тропските се простираат суптропските климатски појаси, кои се одликуваат со покуси и поретки врнежливи периоди, така што во овие појаси се јавуваат пустините. Поради тоа овие појаси се познати како пустински. На север таква е пустината Сахара, а на југ пустината Калахари и Намибиската Пустина (Намиб), кои се одликуваат со типична пустинска клима. Во овие пустини температурите дење можат да се искачат и до 50С, а ноќе да се спуштат за околу 30°С. Врнежите кои се незначителн, ги нема по неколку години, а во Намибиската Пустина скоро воопшто нема врнежи. Снег паѓа само во најсеверните делови и на најјужните планински врвови на Килиманџаро, Кенија и Рувензори има вечен снег. Умерените климатски појаси во Африка се простираат во крајните северни и јужни делови на континентот, каде што се присутни четири годишни времиња. Станува збор за областите на планинскиот масив Атлас и јужните делови на Јужноафриканската Република. Климатските одлики на Африка зависат и од движењето на морските струи. Покрај северозападна Африка тече ладната Канарска струја. На бреговите на Африка е карактеристична и Бенгуелска струја.
Хидрографија
уредиХидрографијата на Африка е мошне нерамномерна. Постојат Средоземни Слив, слив на Индискиот Океан и на Црвеното Море, Атлантски слив и Внатрешен (неистечен) слив.
Сливови и реки
Средоземниот слив, главно ги опфаќа сливот на реката Нил и неколку помали речни текови на планинскиот масив Атлас. Зафаќа околу 20% од Африка. Нил е најдолгата река во светот и е единствената река што успева да се пробие низ пустината Сахара. Сливот на Индискиот Океан и Црвеното Море зафаќа околу 19% од континентот. Во него се наоѓаат реките Џуба, Шабели, Замбези и Лимпопо и други помали реки. Сливот на Атлантскиот Океан зафаќа најголем дел од територијата на континентот (околу 31%). Во него се наоѓаат реките Сенегал, Нигер, конго, Орање и други. конго е река со најгуста речна мрежа и е наполноводна река во Африка. Внатрешниот неистечен слив на континентот Африка зафаќа околу 30% од територијата. Најголема е реката Шари, која се влева во езерото Чад. Поголемиот број од реките пресушуваат во текот на годината, а голем дел се суводолници. Реките, приближувајќи се кон океаните, имаат зголемен пад и располагаат со голем енергетски потенцијал.
Река | Должина (во км) | Слив (во ми. км2) |
---|---|---|
Нил | 6 671 | 2,87 |
Конго | 4 320 | 3,7 |
Нигер | 4 160 | 2,1 |
Замбези | 2 660 | 1,33 |
Орање | 1 860 | 1,02 |
Сенегал | 1 700 | 0,44 |
Лимпопо | 1 600 | 0,44 |
Езера Африка е континент на кој се наоѓаат поголемиот дел од слатководните и солените постојани и привремени езера, главно до тектонско потекло. Најголеми се: езерото Викторија, од каде истекува реката Бел Нил, потоа Тангањика - со длабочина од 1 435м, езерото Њаса, Албертово, Едвардово езеро и езерото Тана. Сите овие езера се наоѓаат во големиот тектонски ров во Африка и сите се пловни. Езерото Чад зафаќа најголем дел од внатрешниот слив во Африка. Длабоко е само 1,5м, така што, сместено во посушни простори, често ја менува својата површина. Во пустината Калахари се наоѓаат солени мочуришта и езерото Макарикари. Низ Африка има многу големи заезерени површини, кои во влажниот период се исполнуваат со вода, а во сушниот период пресушуваат.
Население
уредиАфрика е континент на кој живеат околу 1.2 милијарди жители. Сопред големината на територијата, релативно е ретко населена. Во пустините просечно живее по 1 ж/км2, во екваторските шуми по околу 5 ж/км2, а во саваните и во степите по околу 10 ж/км2. Најгусто населени се приморските предели, поточно државите околу Гвинејскиот Залив, долниот тек на реката Нил, Јужноафриканската Република, северозападните делови на планината Атлас и источните делови околу големите езера. Природниот прираст на населението во Африка е релативно висок. Со подобрување на животните и здравствените услови во последните 2-3- години населението во Африка е во постојан порас. Повеќе од 95% од населението се Африканци, а околу 5% се од европско или азиско потекло. Африканското население го сочинуваат неколку групи како што се: негроидната група — Пигмејци, Бушмани и Хотентоти кои живеат во екваторските шуми и во јужна Африка; црнечката група, во која се вбројуваат црнците од Западна и од Централна Африка и Бантуцрнците, кои живеат во Централна и во Јужна Африка; групата Нилоти, кои живеат во горниот слив на реката Нил и групата Хамити, кои живеат во северниот дел на Африка, како што се Арапи, Туарези и Бедуини. Европското население е најраспространето во јужноафриканската Република. Народите на Африка зборуваат различни јазици. Присутни се разни домородечки јазици, а соодветно на европските колонизатори, во голема мера како службени јазици се среќаваат англискиот и францускиот јазик. Во северните делови на Африка се зборува Арапскиот јазик.
Стопанство
уредиАфрика е континент што се одликува со недоволен стопански развој. Располага со различни природни богатства, кои не се доволно истражени. Најразвиени стопанскит гранки се земјоделството, сточарството и експлоатацијата на природните богатства и суровини за потребите на индустриските развиени земји во Европа, САД и некои од азиските земји. Земјоделството и сточарството се двете стопански гранки со кои се занимаваат три четвртини од населението во Африка. Во сферата на земјоделството е особено важно производството на палмино масло, како, кикирики и маслиново масло. Главна одлика на земјоделството е екстензивниот начин на производство. Сточарстовто во Африка, главно, го опфаќа одгледувањето на овци, кози, говеда и камили. Овците, козите и камилите се најзастапени во северните делови на Африка, а говедата во областите на саваните и степите. Сточарстовто се одликува со екстензивен начин на одгледување. Од секундарните дејности најразвиена е есплоатацијата на разни минерални суровини: дијаманти, кобалт, злато(со повќе од 70% учество во светското производство), фосфати, хром, манган, ванадиум, бакар, антимон и радиоактивните елементи уран и радон. Во Африка, поточно во Сахара, во Либија, Египет и Нигерија се откриени и се оксплоатираат големи количества нафта. Индустријата како стопанска гранка е најразвиена во јужноафриканската Република, а во другите држави претежно е развиена лесната индустрија. Развојот на индустријата е ограничен поради и натаму недоволно оформена патна мрежа во Африка.
Јазици
уредиСпоред повеќе проценки, во Африка се зборуваат преку илјада јазици (УНЕСКО процени околу двеилјади). Повеќето од нив потекнуваат од Африка, но некои потекнуваат од Европа или Азија. Африка е најголемиот повеќејазичен континент во светот и не е ретко оддлени личности да зборуваат течно не само повеќе африкански јазици, туку и еден или повеќе европски јазици. Има четири семејства на мајчини јазици во Африка:
- афроазиските јазици се јазично семејство со околу 240 јазици и 285 милиони луѓе кои го зборуваат овој јазик распространети во Рогот на Африка, Северна Африка, Сахел и Југозападна Африка.
- нилосахарското семејство содржи повеќе од сто јазици кои ги зборуваат 30 милиони луѓе. Нилско-сахарските јазици ги зборуваат Нулотските племиња во Чад, Етиопија, Кенија, Судан, Уганда и северниот дел на Танзанија.
- нигер-конгоанските јазици покрива поголем дел од потсахарска Африка и е најверојатно најголемото јазично семејство во светот во светло на другите јазици.
- којсанските јазици вбројуваат околу педесет јазици и ги зборуваат 120.000 луѓе во Северна Африка. Многу од Коисан јазиците се загрозени. Кои и Сан луѓето се сметаат за први населеници во овој северниот дел на Африка.
По крајот на колонијализмот, речиси сите африкански земји присвоија службени јазици кои потекнуваа надвор од континентот, иако неколку земји добија законско признавање на мајчините јазици ( Свахили ,Јоруба, Игбо и Хауса). Во голем број земји, англискиот и францускиот јазик се користат за комуникација во јавната сфера, како на пример во владата, трговијата, образованието и медиумите. Арапски, португалски, африкански, малгашки и шпански јазик претставуваат примери за јазици кои го следат своето потекло надвор од Африка, и кои денес ги користат милиони Африканци, и во јавните и во приватните сфери. Италијанскиот јазик се зборува во некои од поранешните италијански колонии во Африка. Пред Првата светска војна,и германскиот јазик се употребуваше во некои области.
Култура
уредиНекои аспекти на традиционалните африкански култури помалку се применуваа во последниве години како резултат на годините на запоставување и потиснување од страна на колонијалните и поколинијалните режими. Сега има обиди за повторно откривање и оживување на африканските традиционални култури, со разни движења како африканската ренесанса, кое го водеше Табо Мбеки, афроцентризамот, кое го водеа група на ученици, вклучувајќи го Молефи Асанте, како и признавањето на традиционалната духовност преку декриминализацијата на Вуду и други духовни форми. Во последниве години, традиционалната африканска култура стана синоним на руралната сиромаштија и земјоделскиот живот.
Музика и танци
уредиЕгипет долго време беше културен центар на арапскиот свет, додека сеќавањето на ритамот на потсахарска Африка, особено на Западна Африка, се пренесуваше преку атлантската трговија со робови со денешните самба, блуз, џез, реге, хип-хоп и рок. Во периодот од 1950-ите до 1970-ите,со популаризацијата на афробит и хајлајф (Afrobeat and Highlife), имаше маса од овие различни стилови. Модерната музика на континентот вклучува многу сложено хорско пеење во Јужна Африка и ритамот на танцот на музичкиот стил соукос (soukous) , кој доминираше во музиката на Демократска Република Конго. Домашните музички традиции на танцување на Африка се задржани преку усната традиција и тие се многу слични со музичките стилови на Северна и Јужна Африка. Арапските влијанија можат да се видат во музиката и танците на Северна Африка, додека во Јужна Африка, поради колонизацијата, видни се западните влијанија.
Религија
уредиАфриканците имаат разновидни религиски верувања и многу е тешко да се направат статистики за религиските врски, бидејќи тие се премногу чувствителна тема за владите со мешовито население. Според Светската Енциклопедија (World Book Encyclopedia), Исламот е најраспространетата религија во Африка, по која следи Христијанството. Според Енциклопедија Британика (Encyclopedia Britannica) , 45% од населението се муслимани, 40% се христијани и помалку од 15% ги следат традиционалните африкански религии. Мал број на Африканци се Хиндуисти, Бахаи , или преземале верувања од јудејската традиција. Има и африкански Евреи, како на пример луѓето од Бета Израел, Лемба и Абајудаја од Источна Уганда. Има и малцинство на Африканци кои не се религиозни.
Растителен и животински свет
уредиОбластите на растителниот свет во Африка, главно, се делат на шумски, тревни и пустински. Шумските предели се простираат околу екваторот, а ги зафаќаат териториите Горна Гвинеја, долниот тек на реката Нигер и басенот на реката Конго. Во неа се развиени високи и бујни прашуми со палми, баобаб, махагомнови, абкурсово и други дрвја, испреплетени со пониски катови растенија, така што се развила густа скоро непроодна шума, позната под името џунгла. Екваторските шуми кон север и кон југ постепено се проретчуваат и преминуваат во предели со густи треви вискои 1-3м, познати под името савани. Саваните, одејќи кон север, односно југ, постепено се менуваат, така што се одликуваат со ниски треви и боцкави растенија и грмушки, односно макии најчесто од акации, скудни треви и полупустини. Ваквите предели се познати како степи. Степите во продожение се менуваат во полупустини во кои се среќава значително поскудна растителност, така што преминуваат во пулупустини и пустини, главно без растителност или со ректи растенија, како што се кактусите. Во пустините се среќаваат оази, во кои има бујна растителност, додека во другите делови периодично се појавува скудна растителност за време на дождови. Во оазите најчесто има палми, а некаде се одгледуваат земјоделски култури. Животинскиот свет во Африка е мошне разновиден. Во тропските предели се среќаваат слонови, носорози и мајмуни. Во саваните и во степите најзастапени се тревопасните животни: жирафа, антилопа, газела, бивол и др. а од ѕверовите се среќаваат: лав, гепард, леопард, хиена, африканското диво куче и др. Во водните средини се среќаваат нилски коњи, крокодили и др. влекачи и инсекти. Карактеристични се мувата цеце, која ја предизвикува болеста спиење, и маларичниот комарец, кој ја предизвикува болеста маларија.
Држави во Африка
уреди- Алжир
- Ангола
- Бенин
- Боцвана
- Брег на Слоновата Коска
- Буркина Фасо
- Бурунди
- Габон
- Гамбија
- Гана
- Гвинеја
- Гвинеја-Бисао
- Етиопија
- Египет
- Екваторска Гвинеја
- Еритреја
- Есватини (Свазиенд)
- Замбија
- Западна Сахара
- Зелен ’Рт
- Зимбабве
- Јужен Судан
- Јужноафриканска Република
- Камерун
- Кенија
- Комори
- Демократска Република Конго
- Република Конго
- Лесото
- Либерија
- Либија
- Мавританија
- Маврициус
- Мадагаскар
- Малави
- Мали
- Мароко
- Мозамбик
- Намибија
- Нигер
- Нигерија
- Руанда
- Саун Томе и Принсип
- Сејшели
- Сенегал
- Сиера Леоне
- Сомалија
- Судан
- Танзанија
- Того
- Тунис
- Уганда
- Централноафриканска Република
- Чад
- Џибути
- Британска Индоокеанска Територија (БИОК)
Карти за Африка
уреди-
Регионите во Африка.
-
Западна Африка.
-
Источна Африка.
-
Централна Африка.
-
Јужна Африка.
-
Северна Африка.
-
Сателитска слика на Африка.
Африка како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Црн роман“ — песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1967 година.[2]
- „Суданска балада“ — песна на Славко Јаневски од 1967 година.[3]
- „Нхма-Кхма“ — песна на Славко Јаневски од 1967 година.[4]
- „Расата на Африка“ (англиски: Africa Race) — песна на јамајската реге-група The Abyssinians.[5]
- „Свет во Африка“ (англиски: World in Africa) - песна на британската реге-група Black Uhuru.[6]
- „Африка“ - песна на хрватскиот пејач Дино Дворник од 1997 година.[7]
- „Африка“ — песна на српската рок-група „Електрични оргазам“ од 1982 година.[8]
- „Впечатоци од африканската зима“ (англиски: Impressions of Africa Winter) - песна на британската група Клок ДВА (Clock DVA) од 1981 година.[9]
- „Африка“ (англиски: Africa) - песна на поп-пејачката Роуз Лоренс (Rose Laurens).[10]
- „Под африканското небо“ (англиски: Under African Skies) — песна на американскиот музичар Пол Сајмон (Paul Simon) од 1986 година.[11]
- „Африка ти зборува тебе, Асфалтна џунгло“ (англиски: Africa Talks To You The Asphalt Jungle) — песна на американската соул-фанк група Sly & The Family Stone од 1971 година.[12]
- „Ти благодарам што ми зборуваш, Африко“ (англиски: Thank You For Talking To Me Africa) — песна на Sly & The Family Stone од 1971 година.[12]
- „Африка“ (англиски: Africa) - песна на американската поп-група Тото (Toto) од 1982 година.[13]
- „Африканска кралица“ (The African Queen) - американски филм, во режија на Џон Хјустон од 1951 година.[14]
Наводи
уреди- ↑ Sayre, April Pulley. (1999) Africa, Twenty-First Century Books. ISBN 0-7613-1367-2.
- ↑ Славко Јаневски, Црни и жолти, Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 11-18.
- ↑ Славко Јаневски, Црни и жолти, Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 23-25.
- ↑ Славко Јаневски, Црни и жолти, Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 34-35.
- ↑ Discogs, The Abyssinians – Forward On To Zion (пристапено на 20.4.2021)
- ↑ Black Uhuru, Reggae Greats, Island Records, IMCD 3 (824 694-2), 1985.
- ↑ YouTube, DINO DVORNIK - Afrika (пристапено на 9.1.2017)
- ↑ Discogs, Električni Orgazam – Lišće Prekriva Lisabon (пристапено на 15.4.2021)
- ↑ Clock DVA - Impressions Of African Winter - YouTube (пристапено на 15.11.2016)
- ↑ YouTube, Rose Laurens - Africa (пристапено на 9.3.2018)
- ↑ Paul Simon – Graceland (пристапено на 7.2.2024)
- ↑ 12,0 12,1 Sly & The Family Stone – There's A Riot Goin' On (пристапено на 22.2.2024)
- ↑ Toto - Africa - YouTube (пристапено на 21.9.2016)
- ↑ IMDb, The African Queen (1951) (пристапено на 21.9.2016)
Поврзано
уредиОваа статија место во Африка е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |