Значајни новости за Викимедија, февруари 2015

This page is a translated version of the page Wikimedia Highlights, February 2015 and the translation is 100% complete.

Ви ги претставуваме значајните новости од Викимедииниот блог за февруари 2015, каде се опфатени избрани активности на Фондацијата Викимедија и други важни настани од нејзиното движење.

 
Тридимензионална љубов: Ова математички определено срце е еден од многуте начини на кои е претставена љубовта на Викимедиините викија.
Photo By Chiph588, CC0
.
По повод Денот на вљубените, викимедијанците да ги споделат нивните омилени статии или слики со љубовна тематика, од Википедија и братските проекти. Заедно насобравме најразлични проникливи статии, слики, видеа, звуци, мисли и мрежни места за многуте различни начини на кои оваа тема е претставена на нашите викија: од платонска до братска, господова или романтична.

 
Авнер и Дарја се заљубија еден во друг шетајќи по Израел со други википедијанци. Тука се сликани на Ејтанската Планина.
Photo by Deror Avi, CC-BY-SA 4.0

Википедијанците Авнер и Дарја се заљубија додека беа на доброволни активности со Викимедија Израел. Набргу се верија, благодарение на заедничката страст за знаење. Нивната трогателна љубовна приказна ја објавивме на Денот на вљубените.

 

Ова се надворешни мрежни места што ставаат највеќе врски кон Википедија, според севкупниот број на врски за сите википедиски јазици и сите врховни домени.
Graph by Gianluca Demartini, CC-BY-SA 4.0

Со желба да дознае кој сè става врски кон Википедија, истражувачката екипа на Шефилдскиот универзитет го анализираше составот на врските што водат кон нашите страници од надворешни мрежни места, особено осврнувајќи се на тоа кои врховни домени имаат највеќе врски кон википедиите на секој јазик.

Што е тоа Википедија Нулта? Во ова кратко видео, за помалку од две минути е објаснет програмот „Википедија Нулта“ (Wikipedia Zero). Можете да го погледате и Vimeo.com овде, како и овде на YouTube.
Video by Victor Grigas (WMF), CC-BY-SA 3.0

Дознајте како мобилните оператори не наплаќаат податочен промет за читање на Википедија, ширум светот. Во ова кратко видео за помалку од две минути се објаснува програмот „Википедија Нулта“

 
Викимедииното движење функционира бидејќи здружува голем број различни гледишта и така решава сложени проблеми. Фондацијата Викимедија приреди консултација со заедницата на која се разговараше за стратегијата на движењето.
Group photo of Wikimania 2014 participants by Ralf Roletschek, licensed under CC-BY-SA 3.0

Фондацијата Викимедија ја покани заедницата да учествува во двонеделната консултација за иднината на Викимедија. Оваа семрежна дискусија беше многу полезна и ќе помогне во обликувањето на иднината на Викимедија.

 
По повод Месецот на црнечката историја се одржаа уредувачки маратони ширум САД, на кои беа направени многу нови статии за црнечката култура. Таков е и овој настан, наречен „BlackLivesMatter“ кој се одржа во центарот „Шонбург“ во Њујорк.
Photo by Terrence Jennings, CC BY-SA 4.0

Во февруари 2015 г. се одржаа уредувачки маратони ширум САД во чест на црнечката историја и со цел справување со мултикултурните јазови во Википедија. Како исход од овој потфат, беа напишани многу нови статии за црнечката култура.

 
Чинија со кушери — најпопуларното јадење во Египет. Сликава е направена за фотонатпреварот „Вики ја сака Африка - Кујна“.
Photo by Dina Said, CC BY-SA 4.0

Фотонатпреварот „Вики ја сака Африка“ со поднаслов „Кујна“ заврши со преку 6.000 подигнати слики на Ризницата. Погледајте ги победниците според жирито.

Ендру Шерман, Практикант по дигитални комуникации, Фондација Викимедија

  NODES
Note 1