Пума (науч. Puma concolor) — цицач од семејството на мачките кој живее во Америка. Оваа голема осамена мачка има поширок ареал од сите други животни на западната полутопка, распространета од Јукон во Канада, до јужниот дел на Андите во Јужна Америка. Пумата е многу прилагодлив вид и може да се најде во секое поголемо американско живеалиште. Пумата е втора најтешка мачка на американскиот континент по јагуарот, a четвртa во светот заедно со леопардот, по тигарот, лавот и јагуарот, иако е повеќе во сродство со помалите мачки.
Како вешт грабливец, пумата има широк спектар на пленови. Основен извор на храна му се копитарите како елен, лос, муфлон, како и домашно говедо, коњи, овци, пред се во северните делови на неговиот ареал, но лови и мали инсекти и глодачи. Пумата претпочита живеалишта со густи грмушки и камени површини за прикрадување, но може да живее и на отворен простор. Таа е територијално животно и преживува во мала бројност на популацијата. Големината на индивидуалната територија зависи од теренот, растителноста и изобилството на плен. Иако тоа е голем грабливец, не е секогаш доминантен вид во неговиот ареал кога се натпреварува за плен со други грабливци како што се јагуарот, сивиот волк, американската црна мечка и гризли мечката. Пумата е самотна мачка и обично ги избегнува луѓето. Нападите врз луѓето се ретки, и покрај скорешната зачестеност. (Дознајте повеќе...)
... дека според месното предание, Ѓаволскиот Ѕид настанал кога Ѓаволот неуспешно се обложил со Господ дека може да ја прегради Брегалница и за една ноќ да го потопи цело Овче Поле?
Стапи во сила Договорот за основање Меѓународен монетарен фонд (ММФ), усвоен на Монетарната и финансиската конференција на Обединетите нации, во јули 1944 година, во Бретон Вудс, со учество на претставници од 44 земји, а со задача да ја унапредува меѓународната трговија, да воспоставува и да одржува валутна стабилност во светот.
Во Авганистан е извршен државен удар со директно воено мешање на СССР. Првпат Советскиот Сојуз, изврши интервенција во земја која е членка на Варшавскиот пакт.