Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 148.190 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Пристаништето на Ница
Пристаништето на Ница

Ница — петти најнаселен град во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и Тулуза. Урбаната област на Ница се протега надвор од административните граници на градот со население од околу еден милион и зафаќа површина од 721 км². Сместен на југоисточниот брег на Франција на Средоземното Море, Ница е вториот најголем француски град на средоземниот брег, веднаш зад Марсеј.

Градот е наречен Nice la Belle (Nissa La Bella на окситански), што означува Убавата Ница, што исто така е името на неофицијалната химна на Ница, напишана од Меника Рондели во 1912. Ница е главен град на департманот Приморски Алпи и втор најголем град во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег по Марсеј.

Површината на денешна Ница се протега на „Тера Амата“, археолошко наоѓалиште во кое се најдени докази за многу рано користење на оганот. Околу 350 п.н.е., Грците од Марсеј основале постојана населба и ја нарекле Никаја, по божицата на победата Ника. Низ вековите, градот бил заземан многу пати од разни освојувачи. Неговата стратешка местоположба и пристаништето значајно придонеле за неговата поморска сила. Низ вековите бил владение на Савоја, потоа станал дел од Франција помеѓу 1792 и 1815, кога бил вратен на Пиемонт-Сардинија до неговото повторно припојување кон Франција во 1860.

Природната убавина на Ница и нејзината умерена средоземна клима им го привлекло вниманието на богатите Англичани во втората половина на XVIII век, кога голем број на благороднички семејства ги поминувале нивните зими овде. Главното градско шеталиште крај морето, Англиската променада (Promenade des Anglais) го добило своето име во име на посетителите на градот. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Шато Фронтнак — историски хотел во градот Квебек, Канада.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Ернст Хекел во 1860 г.
Ернст Хекел во 1860 г.
На денешен ден…

Денес е 2 јануари 2025 г.

Настани:

1839  Францускиот пионер на фотографијата Луј Дагер ја снимил првата фотографија на Месечината.
1905  Над селото Кнежево, Кратовско, почна Конгресот на Скопскиот револуционерен округ на ТМОРО, што траеше до 7 јануари истата година.
1946  Македонските политички затвореници од затворот „Касандра“ во Грција, упатија апел до владите на СССР, на Велика Британија и на САД во кој меѓу другото, се вели: „Во сегашните историски денови, ние припадниците на македонскиот народ во Егејска Македонија, кои се боревме против другите окупатори и нивните слуги, принудени сме сега и на политичко поле да водиме тешка борба против грчката реакција...“.
1959  Лансиран е првиот вселенски брод кон Месечината, советскиот брод без екипаж „Луна I“.
1971  Во Глазгов, за време на фудбалскиот натпревар меѓу „Селтик“ и „Ренџерс“ загинале 66 навивачи поради уривање на дел од трибината.

Родени:

1642  Мехмед IVотомански султан.
1699  Осман III — отомански султан.
1837  Милиј Алексиевич Балакирев — руски композитор, пијанист и диригент.
1920  Исак Асимов — американски писател на научна фантастика од руско потекло.
1936  Роџер Милер — американски композитор и пејач (†1992)
1948  Огњен Петровиќ — српски и југословенски фудбалер.
1964  Пернел Витекер — американски боксер.
1968  Олег Дерипаска — руски бизнисмен.
1969  Кристи Тарлингтон — американски модел и манекенка
1980  Жером Пино — француски велосипедист.
1992  Пауло Газанига — аргентински фудбалски голман.
1997  Карлос Солер — шпански фудбалер.

Починале:

1801  Јохан Каспар Лаватер — швајцарски писател, теолог и филозоф.
1952  Христо Татарчев — македонски револуционер.
1955  Хосе Антонио Ремон — претседател на Панама.
1977  Ерол Гарнер — американски џез-музичар.
1987  Методи Поповски — македонски командант од НОАВМ.
1988  Ремон Рубен — професор на Медицинскиот факултет во Скопје и еден од водечките дерматовенеролози во Македонија.
1993  Михајло Лалиќ — црногорски писател.
2005  Едо Муртиќ — хрватски сликар.
2019  Марко Николиќ — српски глумец.

Празници:

Според Римокатоличкиот календар:
  • Свети Василиј Велики и Григориј Нацијанцен
Според македонскиот Православен календар:
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич


Јазик
  NODES