Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 148.162 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Тврдината на Ладислав Кан во Дева
Тврдината на Ладислав Кан во Дева

Средновековна Романија — историјата на денешна Романија во текот на средниот век. Средновековната историја на Романија започнува со повлекувањето на Монголците, последното население што мигрирало поради напади и освојување на територијата на денешна Романија во 1241-1242 година. Трите територии кои денеска ја сочинуваат Романија (Влашка, Молдавија и Трансилванија) биле обединети во времето на Михаил Храбриот (1593-1601).

Во поголемиот дел од овој период, Банат, Кришана, Мармарош и Трансилванија - денес региони во Романија западно од Карпатите, биле дел од Кралство Унгарија. Тие биле поделени во неколку видови административни единици, како окрузи или места. На чело на секој регион се наоѓал кралски официјален претставник наречен војвода. Во кралството, романските селани, како православни, биле ослободени од десетокот, црковен данок што требало да го плаќаат сите римокатолички христијани. Сепак, романските благородници полека ја изгубиле способноста да учествуваат во политичкиот живот, бидејќи монарсите од 14 век воделе погрешна политика. Нивната позиција станала уште полоша по 1437 година, кога била формирана таканаречениот Сојуз на три нации — унгарските благородници, Секели и Саксонци, со цел да го уништат Трансилваниското востание.

Влашка, првата независна средновековна држава помеѓу Карпатите и долниот дел на Дунав била создадена кога Басараб I (1310-1352) ја прекинал сизаренството на унгарскиот крал со неговата победа во Битката кај Посада во 1330 година. Независноста на Молдавија, на исток од Карпатите, го постигнал Богдан I (1359-1365), благородник од Мармарош, кој го предводел револтот против поранешниот владетел кој бил назначен од унгарскиот монарх. Трансилванија, заедно со соседните земји, добила статус на автономна држава под османлиски владетел откако централните територии на Кралство Унгарија биле припоени од страна на Османлиите во 1541 година. Падот на царството, исто така, им ја одзело власта на Влашка и Молдавија на нивниот главен сојузник во борбата против Отоманското царство. Во 1594 година, Михаил Храбриот се приклучил на анти-отоманската алијанса иницирана од папата Климент VIII. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Клиноопашеста стрнарка (Emberizoides herbicola) во Теренос, Бразил.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Ернст Хекел во 1860 г.
Ернст Хекел во 1860 г.
На денешен ден…

Денес е 30 декември 2024 г.

Настани:

1911  Во Кина е укината монархијата, а на чело на новосоздадената република застана Сун Јат Сен, дотогашен привремен претседател и водач на кинеската Народна партија — Куоминтанг.
1943  Бугарските сили и контрачетниците од Куманово, Младо Нагоричане, Страцин, Крива Паланка, Врање, Пирот и од други места, го почнаа дејствувањето на кумановско-врањското подрачје за да ги уништат македонските, јужноморавските и косовските единици. Но, тие вешто го одбегнуваа судирот. Незадоволни од исходот на десетдневната акција, непријателските сили го собраа селаните на возраст од 19 до 50 години и повеќемина од нив интернираа во Бугарија.
1949  Во Скопје е формиран Балетскиот ансамбл при Македонскиот народен театар под раководство на Ѓорѓи Македонски и неговата соработничка Анелиза Асман.
1964  Основана е Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој - УНКТАД.
1996  Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти дека Македонија и Оман воспоставиле дипломатски односи.
2006  Над поранешниот претседател на Ирак, Садам Хусеин била извршена смртна казна за злодела против човештвото.

Родени:

1819  Теодор Фонтане — германски писател.
1865  Радјард Киплинг — англиски писател.
1905  Данил Хармс — руски писател.
1937  Гордон Бенкс — англиски фудбалер.
1958  Лав Дијас — филипински режисер.
1961  Бен Џонсон — канадски атлетичар.
1970  Гордана Нацева — македонска ракометарка.
1973  Ато Болдон — атлетичар од Тринидад и Тобаго.
1984  Леброн Џејмс — американски кошаркар.
1985  Ларс Бом — холандски велосипедист.
1988  Хуан Хосе Лобато — шпански велосипедист.
1994  Никола Милутинов — српски кошаркар.

Починале:

1691  Роберт Бојл — ирски физичар и хемичар.
1909  Ѕоле Стојчев — македонски револуционер, борец против османлиската власт.
1937  Спас Мартинов — македонски револуционер.
1941  Ел Лисицки — руски сликар и архитект.
1944  Ромен Ролан — француски писател, драматург, музиколог и борец за мир и демократија.
1992  Михајло Лалиќ — црногорско-српски и југословенски писател.
1995  Богољуб Петровиќ — српски и југословенски глумец.
1970  Сони Листон — американски боксер.
2004  Арти Шо — американски џез-музичар.
2006  Садам Хусеинпретседател на Ирак.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич


Јазик
  NODES