Свети Климент Охридски (о. 840 - 916) — еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените. Бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј кои заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизиранитеСловени. Тој бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот. Тој се смета за прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички.
Главните извори за животот на Климент се два средновековни документи напишани на грчки јазик. Пораниот и подеталниот од двата документи е едно житие на Климент напишано од Теофилакт, архиепископ охридски (1084-1107). За Теофилактовото Пространо житие се смета дека е пишувано врз основа на содржината на исчезнатото Прво словенско житие, составено од климентовите следбеници и ученици веднаш по неговата смрт. Треба да се има предвид дека Теофилакт извршил адаптација на неговата содржина, согласно идеолошките и црковно-политичките интереси на Византија. (Дознајте повеќе...)
... дека според месното предание, Ѓаволскиот Ѕид настанал кога Ѓаволот неуспешно се обложил со Господ дека може да ја прегради Брегалница и за една ноќ да го потопи цело Овче Поле?
... дека хемискиот елемент ниобиум (Nb) е наречен по нимфата Ниоба, ќерка на митскиот крал Тантал?
... дека градот Гелзенкирхен во Германија е привремено преименуван во „Свифткирхен“ во чест на концеритете на Тејлор Свифт во јули 2024 година?
... дека Гагаузите се православен народ генетски најблизок со Македонците, чиј туркиски идентиет е вештачки конструкт произлезен од јазична асимилација?
Наполеон Бонапарт ги победил руските и австриските трупи кај Аустерлиц (место кај Брно, во Чешка). Француската војска (околу 73.000 војници) ги поразила сојузничките сили на Русија (околу 70.000 војници) и на Австрија (околу 15.000 војници). Австрискиот цар Франц II утредента склучил примирје со Наполеон. Аустерлиц подоцна станал поим за брза победа.
Во Чикаго за првпат практично бил остварен процесот на јадрено цепење. Експериментот успешно го извеле научниците кои работеле на тајниот проект за производство на првата атомска бомба.
По борбата што се водела помеѓу македонските партизани и грчката владина војска на патот Лерин - Песодер, грчките власти започнале со терор во селото Буф. Околу 200 полицајци и 80 вооружени монархисти од околните села вршеле грабежи, горење и пустошење. Запалиле 46 трла, плевни, воденици, ѕверски мачеле 28 невини Македонци.
Фидел Кастро и помала група кубански револуционери се истовариле на Куба и започнале борба, која завршила со соборување на диктаторскиот режим на Баиста.