Азот субоксид — хемиско соединение, азотен оксид со формулаN2O. На собна температура, тој е безбоен незапалив гас и има малку сладок мирис и вкус. При покачени температури, азотниот оксид е моќен оксидатор сличен на молекуларниот кислород.
Азотниот оксид има значителна медицинска употреба, особено во хирургијата и стоматологијата, поради неговите анестетички својства и намалување на болката. Неговото колоквијално име „гас за смеење“, измислено од Хамфри Дејви, се должи на еуфоричните ефекти при неговото вдишување, својство што довело до негова рекреативна употреба како дисоцијативен анестетик. Се наоѓа на списокот на есенцијални лекови на Светската здравствена организација. Исто така се користи како оксидатор во ракетни погони и во моторни трки за зголемување на моќноста на моторите.
Атмосферската концентрација на азотен оксид достигнала 333 делови на милијарда (ppb) во 2020 година, зголемувајќи се со стапка од околу 1 ppb годишно. Тој е главен чистач на стратосферскиот озон, со влијание споредливо со влијанието на хлорофлуоројаглеродот. Глобалната застапеност на N2O покажува дека околу 40% од просечните 17 TgN/година (тераграми или милиони метрички тони азот годишно) емисии потекнуваат од човековата активност и покажува дека растот на емисиите главно доаѓа од проширувањето на земјоделството и индустриските извори во економиите во развој. Како трет најважен долготраен стакленички гас, азотен оксид, исто така, значително придонесува за глобалното затоплување. (Дознајте повеќе...)
... дека според месното предание, Ѓаволскиот Ѕид настанал кога Ѓаволот неуспешно се обложил со Господ дека може да ја прегради Брегалница и за една ноќ да го потопи цело Овче Поле?
Скопје потпаднало под османлиска власт и станало седиште на новоформираниот санџак. Скопскиот санџак била прва организирана османлиска провинција на територијата на земјите од некогашна Југославија и база за навлегување кон север и запад.
Во американскиот град Мористаун, во државата Њу Џерси, Семјуел Морзе првпат изведе јавна демонстрација на телеграфот - електричен апарат за испраќање на далечина на знаци составени од точки и цртички. Првиот телеграф е пуштен во работа шест години подоцна (1844) во САД, на линијата Вашингтон - Балтимор.
Во Скопје во присуство на околу 1.000 делегати на македонската младина од Егејска и од Пиринска Македонија, потоа претставници на советската, бугарската, грчката, албанската, српската, хрватската, словенечката и на црногорската младина, како и претставници на англиската мисија, започна со работа Вториот конгрес на Антифашистичката младина на Македонија (НОМСМ). Конгресот ја анализира состојбата во организацијата, донесе низа заклучоци и постави нови задачи. Исто така, беше упатен Проглас до младината на Македонија, повикувајќи ја на нови постигања.
По успешниот референдум, прогласена е независност на Нагорно Карабах, која сѐ уште не е признаена од ниту една меѓународна организација, ниту пак држава.