Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 148.084 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Пума (научPuma concolor) — цицач од семејството на мачките кој живее во Америка. Оваа голема осамена мачка има поширок ареал од сите други животни на западната полутопка, распространета од Јукон во Канада, до јужниот дел на Андите во Јужна Америка. Пумата е многу прилагодлив вид и може да се најде во секое поголемо американско живеалиште. Пумата е втора најтешка мачка на американскиот континент по јагуарот, a четвртa во светот заедно со леопардот, по тигарот, лавот и јагуарот, иако е повеќе во сродство со помалите мачки.

Како вешт грабливец, пумата има широк спектар на пленови. Основен извор на храна му се копитарите како елен, лос, муфлон, како и домашно говедо, коњи, овци, пред се во северните делови на неговиот ареал, но лови и мали инсекти и глодачи. Пумата претпочита живеалишта со густи грмушки и камени површини за прикрадување, но може да живее и на отворен простор. Таа е територијално животно и преживува во мала бројност на популацијата. Големината на индивидуалната територија зависи од теренот, растителноста и изобилството на плен. Иако тоа е голем грабливец, не е секогаш доминантен вид во неговиот ареал кога се натпреварува за плен со други грабливци како што се јагуарот, сивиот волк, американската црна мечка и гризли мечката. Пумата е самотна мачка и обично ги избегнува луѓето. Нападите врз луѓето се ретки, и покрај скорешната зачестеност. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Зехорнското Езеро на Берхтесгаденските Алпи, Австрија.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Ернст Хекел во 1860 г.
Ернст Хекел во 1860 г.
На денешен ден…

Денес е 27 декември 2024 г.

Настани:

1938  Во Скопје за првпат е изведена драмата „Парите се отепувачка“ од драмскиот писател Ристо Крле.
1945  Стапи во сила Договорот за основање Меѓународен монетарен фонд (ММФ), усвоен на Монетарната и финансиската конференција на Обединетите нации, во јули 1944 година, во Бретон Вудс, со учество на претставници од 44 земји, а со задача да ја унапредува меѓународната трговија, да воспоставува и да одржува валутна стабилност во светот.
1949  Холандската кралица Јулијана потпиша документ со кој и е даден суверенитет на Индонезија, по повеќе од три века холандска колонијална управа.
1979  Во Авганистан е извршен државен удар со директно воено мешање на СССР. Првпат Советскиот Сојуз, изврши интервенција во земја која е членка на Варшавскиот пакт.
1992  Магазинот „Тајм“ го именува Бил Клинтон за „човек на годината“.
1993  Најмалку 26 лица загинаа, а 16 исчезнаа, како последица од тајфунот „Нел“ што ги погоди јужните Филипини.

Родени:

1571  Јохан Кеплер — германски астроном, математичар и физичар.
1717  Пиј VIримски папа.
1822  Луј Пастер — француски хемичар и биолог.
1901  Марлен Дитрих — германска и американска глумица.
1918  Христо Брашнаров — македонски гинеколог, акушер и учесник во НОБ.
1931  Џон Чарлс — велшки фудбалер.
1942  Богољуб Петровиќ — српски и југословенски глумец.
1943  Живорад Јевтиќ — српски и југословенски фудбалер.
1946  Трифун Костовски — македонски стопанственик и поранешен градоначалник на Град Скопје.
1948  Оливие Бланшар — француски економист.
1950  Роберто Бетега — италијански фудбалер.
1980  Адријана Будимир — хрватска ракометарка.
1981  Никита Алексеев — руски хокеар.
1982  Терји Скибенесгитарист на викиншката метал-група Тир од Фарските Острови.
1984  Жил Симон — француски тенисер.
1988  Хејли Вилијамс — американска пејачка, членка на групата „Paramore“.
1990  Милош Раониќ — канадски тенисер.

Починале:

1534  Антонио да Сангало Постариот — италијански архитект од времето на ренесансата.
1585  Пјер Ронсар — француски писател од времето на ренесансата.
1743  Ијасент Риго — важен француски барокен сликар и портретист.
1911  Штерјо Михајлов — учесник во македонското револуционерно движење.
1923  Густав Ајфел — француски инженер и градител на познатата Ајфелова кула.
1836  Ханс фон Сект — висок офицер во германската армија.
1938  Осип Манделштам — руски и советски поет и есеист.
1952  Рамадан Зејнели — писател за деца од албанската националност во Македонија.
1978  Крис Бел — американски поп-рок музичар, член на групата „Биг стар“ (Big Star).
2011  Хелен Франкенталер — американска сликарка.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич


Јазик
  NODES
os 3