Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 148.056 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Пума (научPuma concolor) — цицач од семејството на мачките кој живее во Америка. Оваа голема осамена мачка има поширок ареал од сите други животни на западната полутопка, распространета од Јукон во Канада, до јужниот дел на Андите во Јужна Америка. Пумата е многу прилагодлив вид и може да се најде во секое поголемо американско живеалиште. Пумата е втора најтешка мачка на американскиот континент по јагуарот, a четвртa во светот заедно со леопардот, по тигарот, лавот и јагуарот, иако е повеќе во сродство со помалите мачки.

Како вешт грабливец, пумата има широк спектар на пленови. Основен извор на храна му се копитарите како елен, лос, муфлон, како и домашно говедо, коњи, овци, пред се во северните делови на неговиот ареал, но лови и мали инсекти и глодачи. Пумата претпочита живеалишта со густи грмушки и камени површини за прикрадување, но може да живее и на отворен простор. Таа е територијално животно и преживува во мала бројност на популацијата. Големината на индивидуалната територија зависи од теренот, растителноста и изобилството на плен. Иако тоа е голем грабливец, не е секогаш доминантен вид во неговиот ареал кога се натпреварува за плен со други грабливци како што се јагуарот, сивиот волк, американската црна мечка и гризли мечката. Пумата е самотна мачка и обично ги избегнува луѓето. Нападите врз луѓето се ретки, и покрај скорешната зачестеност. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Водопадот Коне Папенг на реката Меконг. Ова е најширокиот водопад во светот.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Ернст Хекел во 1860 г.
Ернст Хекел во 1860 г.
На денешен ден…

Денес е 26 декември 2024 г.

Настани:

1805  По победата кај Аустерлиц, Наполеон и го наметна на поразената Австрија понижувачкиот Пожунски мир, со кој и ги одзеде Венеција, Тирол и далматинското крајбрежје. За да го отстрани австриското влијание врз германските држави, францускиот цар ја создаде Рајнскиот Сојуз, сателитска држава на Франција.
1898  Пјер и Марија Кири го откриле радиоактивниот елемент радиум.
1942  Во околината на Кардица, Грција, е извршена смртната пресуда на шестемина македонски првоборци и комунисти: Ристо Андриовски, Живко Кенков, Наум Москов, Стасо Скивински, Наум Журков и Кољо Шекров. На овие револуционери им беше судено во Атина, на 12 декември 1942 година.
1943  Во селото Мрежичко, Мариовско, Првата македонско-косовска бригада го нападна бугарскиот граничен подотсек и граничната караула „Турски рид“. Притоа загинаа 24, беа ранети 14, а заробени осум бугарски војници.
1945  Во Солун е одржан пленум на Бирото на КПГ за Македонија и Тракија. На пленумот, кој траеше два дена, генералниот секретар на КПГ, Никос Захаријадис во својот говор, меѓу другото истакна дека туѓите сили треба да се повлечат од Грција, за да остане народот сам и суверено да ги реши своите проблеми. Во продолжение на говорот Захаријадис ја призна македонската организација НОФ, како демократска и антифашистичка и изрази готовност за соработка со неа.
1991  Сојузниот парламент на СССР на својата последна седница го објави своето распуштање. По напуштањето на преседателската функција, Михаил Горбачов го потпиша Указот со кој „атомското копче“, му го предаде на Борис Елцин.
2003  Катастрофален земјотрес во Бам, Иран. Загинаа 26.000 луѓе.
2004  Катастрофален земјотрес со јачина од 9,3 степени според Рихтеровата скала, го погоди дното на Индискиот Океан. Како последица на земјотресот и цунамите кои ги зафатија Индонезија, Шри Ланка, Индија и Тајланд, загинаа 186.983 лица, а 42.883 се сметаат за исчезнати. Овој настан се смета за најголема природна катастрофа во современата историја.
2012  Шинзо Абе по вторпат станува Премиер на Јапонија.

Родени:

1734  Џорџ Ромнианглиски сликар.
1792  Чарлс Бебиџ — англиски математичар и пронаоѓач, татко на компјутерот.
1891  Хенри Милерамерикански писател.
1893  Мао Це Тунгкинески револуционер и претседател на владата на НР Кина.
1914  Ричард Видмарк — американски глумец.
1937  Михајло Маневски — министер за правда на Македонија.
1940  Едвард Прескот — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 2004 година.
1947  Шан Ешноз — француски писател.
1951  Жарко Вараиќ — српски и југословенски кошаркар.
1951  Џон Скофилд — американски џез-музичар.
1963  Ларс Урлих — данско-американски рок-музичар, член на групата „Металика“.
1969  Томас Линке — германски фудбалер.
1975  Марсело Риос — чилеански тенисер.
1979  Хавиер Флоренсиошпански велосипедист.
1989  Јохан Блејк — јамајски атлетичар.
1990  Арон Ремзи — велшки фудбалер.
1990  Денис Черишев — руски фудбалер.

Починале:

268  Дионисиј — римски папа.
268  Зосим — римски папа.
1476  Галеацо Марија Сфорцавојвода на Милано.
1530  Захиредин Бабурмонголски цар.
1867  Јожеф Кошичсловенечки автор.
1890  Хајнрих Шлиман — германски археолог, кој ги открил Троја и Микена.
1923  Дитрих Екартгермански политичар.
1966  Гуљелмо Стабиле — аргентински фудбалер.
1972  Хари Труман — 33. претседател на САД.
1973  Харолд Хотелинг — американски математичар, статистичар и економист.
1977  Хауард Хоксамерикански филмски режисер.
1999  Куртис Мејфилд — американски соул и фанк музичар.
2006  Џералд Форд — 38. претседател на САД.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич


Јазик
  NODES