Портал:Таоизам


 


Јин и јанг (упр. 阴阳; трад. 陰陽; пинјин: yīnyáng) — еден од основните концепти во кинеската филозофија, кој се користи за да се опише како спротивните сили се следат меѓусебно, и взаемно си ги заменуваат местата. Концептот го среќаваме во бројни гранки од класичната кинеска наука и филозофија, но исто така и во основите на традиционалната кинеска медицина.[1] Концептот за јин и јанг е централен принцип на неколку видови боречки вештини и вежби, како што се таи чи чуан, кунг фу и кигонг.
Многу од природните дуалитети, како што се светло и темно, машко и женско, ниско и високо – се оформени според кинеската мисла за јин и јанг.

Врската меѓу јин и јанг често се опишува како сончева светлина која си игра над планина и над долина. Јин (буквално „сеновито место“ или „северен наклон“) е темната страна, додека јанг (буквално „сончево место“ или „јужен наклон“) е светлата страна. Како што се движи сонцето по небото, јин и јанг постепено си ги заменуваат местата, откривајќи го непознатото, и криејќи го познатото.

Одликите кои му се припишуваат на јин најчесто се: бавно, меко, нематеријално, раширено, студено, влажно, и мирно. Генерално се поврзува со женско, раѓање и создавање, како и со ноќта. Спротивно на тоа, јанг е брзо, тврдо, цврсто, суво, насочено, врело и агресивно. Се поврзува со машкиот принцип и со денот.

Природата на јин-јанг

уреди

Јин-јанг е активен концепт: се смета дека и двете произлегуваат од почетната празнина (понекогаш претставена како празен круг), и продолжуваат да се движат сè додека не ја постигнат повторно празнината. На пример, ако фрлиме камче во мирна вода, веднаш се појавуваат бранови, но и вдлабнатини во водата меѓу брановите, а оваа појава на повисоки и пониски точки во водата ќе се движат кон надвор додека не се потрошат, а водата повторно ќе стане мирна. Според тоа, јин-јанг секогаш ги имаат овие одлики:

јин и јанг се спротивности
претставуваат спротивни квалитети. На пример, зимата е јин, а летото е јанг во годишните сезони, женското е јин, а машкото е јанг во човечките односи. Не е можно да се зборува за јин или за јанг, без да се спомене неговиот спротивен квалитет.
јин и јанг имаат исто потекло
создадени се со исто движење, истовремено. Раса составена само од мажи или само од жени брзо ќе исчезне за само една генерација, но затоа мажите и жените заедно создаваат нови генерации кои ѝ овозможуваат на расата да опстане.
јин и јанг се претвораат едно во друго
налик на подводната струја во океанот, после секој подем следува пад, и после секое напредување следи повлекување. Според тоа, од семето од земјата изникнува растение кое се пружа кон небото – јанг движење. Но, штом ќе ја постигне полната висина, почнува да слабее, и на крајот паѓа на земјата и се распаѓа – јин движење. Јин секогаш во себе носи потенцијал за манифестирање на јанг, и обратно - јанг за јин.
јин и јанг се балансирани
јин-јанг е динамичен еквилибрум. Затоа што се појавуваат истовремено, секогаш се исти: ако едното го снема, мора и другото да го снема, и останува празнината. Но ова не е секогаш лесно видливо, затоа што јанг елементите се очигледни, но јин елементите се скриени и едвај видливи.

Јин-јанг всушност не се цврсти тела или сили [1], начинот на кој се сфаќа тоа во западната мисла. Тие се универзален начин да се опишат меѓусебните влијанија на природните сили кои се случуваат во светот. Можат да се применат на општествениот систем – на пример добро и зло, богат и сиромашен, чесен и нечесен – и често се користат во овој контекст како предупредување, бидејќи екстремното добро се претвора во зло, екстремното богатство во сиромаштија, екстремната чесност во нечесност.

Концептот на „единство и дуалитет“ се појавува во бројни верувања и филозофии, од филозофијата на Хераклит, до филозофијата на хиндуизмот, таоизмот, и будизмот, како и гностицизмот и зороастрианизмот.[2][3][4][5] Јин и јанг се единство, и двете имаат своја динамичка природа и недвосмислена примена во надворешниот свет.

Сликата на јин и јанг

уреди
 
Јин и јанг

Дијаграмот Таи чи ту или скратено Таичи   е добро познат симбол на јин и јанг. Терминот таичиту (буквално „дијаграм на врвните крајности“) најчесто се користи да означи форма на едноставно „разделен круг“.

Во таичиту, кругот е целина, а црниот и белиот дел во него ги претставуваат деловите на целината. Белиот дел се јанг елементите, и најчесто се претставува како се крева од лево, а црниот дел (јин) се спушта од десната страна (иако постојат и други преработки, како што е на пример на знамето на Јужна Кореја). Сликата е дизајнирана така што претставува движење. Секој дел исто така содржи мал круг од спротивната боја, некаде во близина на највисоката и најниската точка од фигурата, со што се претставува нивната трансформација едно во друго.

Во И Чинг, јин и јанг се претставени преку полните и испрекинатите линии: јанг е полна линија () а јин е испрекината линија (). Овие две линии натаму се комбинираат во тријаграми, кои може да бидат повеќе јанг или повеќе јин во зависност од бројот на испрекинати и полни линии (пример: е чист јанг, додека е чист јин), а тријаграмите се комбинираат во хексаграми (пример: и ). Местоположбата на јин и јанг линиите во тријаграмите го одредува значењето на тријаграмот.

Таи чи чуан, еден вид на боречка вештина, често се опишува како примена на принципите на јин и јанг врз човечкото тело.

Поврзано

уреди
 
Јин и јанг на знамето на Јужна Кореја.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Porkert (1974). The Theoretical Foundations of Chinese Medicine. MIT Press. ISBN 0262160587.
  2. „A First Look at Unity, Duality, and Complexity“. Архивирано од изворникот на 2008-11-09. Посетено на 2008-10-14.
  3. „:: Minorités ::“. Архивирано од изворникот на 2008-06-18. Посетено на 2008-10-14.
  4. „Franz Capra connects mystical eastern philosophy with scientific knowledge of physics which allows knowledge of the true reality of the substance of the universe“. Архивирано од изворникот на 2008-09-25. Посетено на 2008-10-14.
  5. „Heraclitus“. Архивирано од изворникот на 2008-03-16. Посетено на 2008-10-14.

Надворешни врски

уреди
  NODES