Арголида
Арголида или Арголис (грчки: Αργολίδα или Ἀργολίς) е еден од окрузите во Грција. Дел е од областа Пелопонез, и се наоѓа во источниот дел од полуостровот Пелопонез, како и дел од тромеѓето на Арголида, Аркадија и Коринтија. Голем дел од територијата на оваа област е сместен на полуостровот Арголида.
Арголида Περιφερειακή ενότητα Αργολίδας | |
---|---|
Окрузи во Грција | |
Општините во Арголида | |
Арголида во Грција | |
Координати: 37°40′N 22°50′E / 37.667° СГШ; 22.833° ИГД | |
Country | Грција |
Округ | Пелопонез |
Главен град | Нафплио |
Површина | |
• Вкупна | 2.154 км2 (832 ми2) |
Население (2011) | |
• Вкупно | 97.044 |
• Густина | 45/км2 (120/ми2) |
Postal codes | 21x xx |
Area codes | 275x0 |
ISO 3166 | GR-11 |
Car plates | ΑΡ |
Мреж. место | argolida.gr |
Географија
уредиПочвата што е погодна за обработување се наоѓа во централниот дел на Арголида. Основни земјоделски култури кои се одгледуваат овде се портокалите и маслинките. Крајбрежјето на Арголида е на Заронски Залив на североисток и на Арголиски Залив на југ и југоисток. Од планининските венци, овде минуваат: Олигирт на северозапад, Лиркејо и Ктенија на запад, и Арахнајо и Дидимо на исток.
Арголида се граничи на копно со Аркадија на запад и југозапад, Коринтија на север, а на исток со округот Острови. Древна Арголида го вклучувала градот Трозен.
Историја
уредиДел од историјата на овој округ се спојуваа со онаа на Аргос, Микена, Епидаур, Нафплио, Трозен, Ермиони, Краниди, и Толо. Арголида се споменува во „каталогот на бродови“ од Илијадата, но без да се именува со овој назив, туку поголемите градови од овој округ се набројани заедно, кои ги предводел Диомед.[1]
Понова историја
уредиОд 1833 до 1899 година, Арголида била дел од Арголидокоринтија, која ги вклучувала денешните Коринтија, Хидра, Спецес и Китира. Повторно во 1909 година, Арголида се приклучила кон Арголидокоринтија. Четириесет години подоцна, во 1949 година, Арголида конечно е одвоена од Коринтија.
Сообраќај
уредиАвтопатишта кои минуваат низ округот:
- Европски пат Е65 (северозапад)
- ЕО7 (Грција)
- ЕО70 (Грција) (исток)
Галерија
уредиНаводи
уредиВикипатување има туристички водич за Argolis. |
- ↑ Homer, Iliad II, 559–568