Атол (од малајалски: അതൊലു, атолу = гребен) — корален остров кој содржи отворена или затворена лагуна.

Сателитска снимка на атолот Атафу во Токелау во Тихиот Океан.
Satellite Image of some of the atolls of the Maldives by NASA. A total of 1322 islands arranged into 26 atolls make up the country.

Распространетост

уреди

Повеќето од светските атоли се наоѓаат во Тихиот Океан и Индискиот Океан. Пример за атоли во Тихиот Океан се Туамоту, Каролинските Острови, Маршалските Острови, Коралноморските Острови, Кирибати, Тувалу и Токелау. Познати атоли во Индискиот Океан се Лакадивските Острови, Чагос и Сејшелите. Во Атлантскиот Океан нема голем број атоли, освен една група од осум атоли во близина на Никарагва, кои се под колумбиска управа.

Создавање

уреди

Дарвин во 1842 година дал објаснување за создавањето на атолите во јужниот Тихи Океан. Објаснувањето се заснова на набљудување кое се одвивале за време на петгодишното патување со бродот „Бигл“.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
  NODES