Бабура

група сорти на пиперка
Бабури
Пиперки - бабури растат на нива во Пелагонија, Македонија
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Зрновидни
Семејство: Зрнци
Род: Зрнец
Вид: Пипер(ки)
Научен назив
Capsicum annuum

Бабури (исто така позната како слатка пиперка, пиперка или capsicum / kæpsɪkəm /) — сортата на пиперки од видот Capsicum annuum. Сортите на растението на овој вид пиперка произведуваат плодови во различни бои, вклучувајќи црвена, жолта, портокалова, зелена, бела и виолетова. Бабурите понекогаш се групираат со помалку лути сорти на пиперка како „слатки пиперки“.

Потекло

уреди

Пиперките потекнуваат од Мексико, Средна Америка и северниот дел на Јужна Америка. Семиња од пиперки биле увезени во Шпанија во 1493 година, а оттаму се ширеле во Европа и Азија. Благата пиперка бабура бил развиена во 1920-тите, во Сегед, Унгарија.

Одгледување

уреди

Претпочитаните услови за одгледување на пиперките бабури вклучуваат топла, влажна почва со умерена температура од 21 до 29 °C. Одгледувањето бабури е доста застапени во Македонија и тоа особено во: битолското поле во Пелагонија, Струмичко, Велешко и Скопско.

Исхрана

уреди

Бабурите се дел и од традиционалната исхрана во македонската кујна. Познатото јадење и специјалитет полнети пиперки, често се прави со бабури. Бабурите исто така се поткиселуваат и ставаат во различниа видови на туршија и зимница, како и во мезиња каде бабури се ставаат во кисела павлака или урда.

Галерија

уреди
  NODES