Бата̀к (бугарски: Батак) — град во Јужна Бугарија, административен центар на Општина Батак во Пазарџичката Oбласт. Има население од околу 2.722 жители (2022).[1]

Батак
Батак
град
Поглед на плоштадот во Батак
Поглед на плоштадот во Батак
Батак is located in Бугарија
Батак
Батак
Местоположба на Батак во Бугарија
Координати: 41°56′38″N 24°13′04″E / 41.94399° СГШ; 24.217791° ИГД / 41.94399; 24.217791
ЗемјаБугарија
ОбластПазарџик
ОпштинаБатак
Управа
 • ГрадоначалникПетар Паунов (БСП)
Површина
 • Вкупна461,105 км2 (178,034 ми2)
Надм. вис.&100000000000010360000001.036 м
Население (2022)
 • Вкупно2,722
 • Густина5,9/км2 (15/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код4580
Повик. бр.+359 03553
Мреж. местоbatak.bg

Географија и местоположба

уреди

Градот се наоѓа во западните Родопи, на 1036 м надморска височина. Сместен е во котлина, од сите страни опкружена со ридови, а над нив се издигаат врвовите на Баташката Планина. Недалеку од градот се наоѓаат некои од највисоките врвови на Родопите — Баташки Снежник (2082 м) и Гољама Сјутќа (2185 м).

Батак се наоѓа на 15 км од градот Пештера, 35 км од регионалниот центар Пазарџик и околу 55 км од Пловдив.

Историја

уреди

Селото Батак првпат било спомнато во 1592 година во натпис на чешмата на Кричимскиот Манастир, кој се наоѓал во сопственост на Сулејман I. Жителите на Батак се занимавале со сеча, обработка на дрво, трговија и одржувале гостилници. Во 1813 година била изградена црквата на „Светата Недела“ (сегашната историска црква), а во 1835 година било отворено училиште.

Батак бил еден од центрите на Априлското востание во 1876 година и, по петдневни борби, станал сцена на масакрот во Батак, во кој загинале околу 5.000 луѓе,[2][3] а градот бил изгорен до темел. Информациите за масакрот брзо се проширил во светските медиуми, а меѓународниот јавен одзив, заедно со другите настани од Априлското востание, создале предуслови за Руско-турската војна.

Наводи

уреди
  1. Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
  2. Religion, Ethnicity and Contested Nationhood in the Former Ottoman Space, Editors J. Rgen Nielsen, Jørgen S. Nielsen, Publisher BRILL, 2011, ISBN 9004211330, p. 282.
  3. Reid, James J. (2000). „Batak 1876: A massacre and its significance“. Journal of Genocide Research. 2 (3): 375–409. doi:10.1080/713677621. S2CID 72201730. Посетено на 24 April 2022.

Надворешни врски

уреди
  NODES