Беснило (латински: Rabies, Lyssa) — тешка особено опасна смртоносна заразна болест предизвикана од вирусот на беснило (Rabies virus), вклучен во родот Lyssavirus од семејството Rhabdoviridae. Беснилото спаѓа во групата на таканаречени запоставени болести поради неговата мала распространетост и зачестеност во развиените земји. Се пренесува со плунка при каснување од болни животни.[1] Потоа, ширејќи се по нервните патишта, вирусот стигнува до плунковните жлезди, нервните клетки на мозочната кора, хипокампусот, булбарните центри и, удирајќи ги, предизвикува тешки нарушувања, што доведува до смрт на заразеното лице во речиси 100 % од случаите. Името на болеста доаѓа од зборот „бес“, бидејќи во древноста се верувало дека причината за болеста е присутноста на зли духови.[2][3][4]

Човек со беснило

Наводи

уреди
  1. „беснило“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „Rabies Fact Sheet N°99“. World Health Organization. July 2013. Архивирано од изворникот 1 April 2014. Посетено на 28 February 2014.
  3. „Rabies, Symptoms and causes“. Mayo Clinic.
  4. „Animal bites and rabies“. Johns Hopkins Medicine. 27 February 2020.

Надворешни врски

уреди
  • „Rabies“. Centers for Disease Control and Prevention. Посетено на 12 August 2012.
  • Беснило на Curlie (англиски)
Класификација
П · Р · П
Надворешни извори
  NODES
os 2