Ботаника е една од најстарите гранки на биологијата, и таа се занимава со научно проучување на растенијата[1]. Името потекнува од грчкиот збор βοτανικός, botanikós - и значи: она што се однесува на растенијата (βοτάνη, botánē - трева, растение). Во поново време ботаниката се означува и со термините “наука за растенијата“ и “биологија на растенијата“.

Дел од темата
Хортикултура и градинарство
Градинарство

Градинарство • Градина • Ботаничка градина • Арборетум • Ботаника • Растение

Хортикултура

Хортикултура • Земјоделство • Урбано земјоделство • Градска фарма • Органско полјоделство • Билна фарма • Разонодна фарма • Меѓусад • Фарма

Обичаи

Жетвен фестивал • Историја на земјоделството

Заштита на растенијата

Фитопатологија • Пестицид • Плевење

Ботаниката опфаќа повеќе дисциплини кои го проучуваат изгледот, градбата, растот, развитокот, репродукцијата, метаболизмот, физиологијата, заболувањата, екологијата, сродноста и еволуционата историја на растенијата.

Традиционално, ботаничарите ги истражувале сите организми кои не биле означени како животни (на пример, сите оние кои водат сесилен начин на живот, што вршат фотосинтеза). Напредокот во познавањето на овие “специјални“ организми, посебно микроорганизмите, довел до одвојување на посебни гранки од ботаниката - во прв ред микробиологијата и микологијата. Меѓутоа, сè уште нашироко е распространета практиката за опишување на овие нерастителни организми во воведните курсеви на ботаниката.

вовед

уреди

'Ботаника', позната и како наука за растенијата или биологија на растенијата,и е наука за растенијата животот биологија. Ботаничар или научник за растенијата е научник кој специјализирал на ова поле од науката. Терминот "ботаника" потекнува од Античките грци од зборот βοτάνη (botanē) кој значи "пасиште", "трева", or "fodder"; βοτάνηводи потекло од βόσκειν (boskein), "да храни" or "to graze".[2][3][4] Традиционално, ботаниката вклучува проучување на габи и алги од [[микологист]и фикологистпочитуваејќи, го проучувањето на овие три групи на организми независно од сферата на интерес на Интернационален ботанички конгрес. Денес, ботаничарите изучуваат околу 400,000 видови на живот организам[5] од кои околу 260,000 видови се васкуларни растенија и околу 248,000 сецветни растенија.[6]

Ботаниката води потекло во праисторијата хербализам која со помош на првите луѓе да индетификуваат – и подоцна да култивираат– применети, медицински и отровни растенија, правеејќи ја една од најстарите гранки на науката. Medieval физичка градина,често поврзана со манастирите, содржеејќи медицинско значење, Тие беа основачи на првата ботаничка градинае поврзана со науката, основана од 1540 до денес. Една од првите градини Padua ботаничка градина. Овие градини вклучуваат академско проучување на растенијат. Напорите да ги каталогираат и опишат нивните колекции беа почеток на растителна таксономија, и во 1753 добиномален систем на Carl Linnaeus кој де користи до денес.

Во XIX и XX век, нови техники беа развиени во науката на растенијата, вклучуваејќи методи на оптичка микроскопија ижива клетка imaging, [микроскопија на електрон]], анализата на број на хромозоми, растителна хемија и структурата и функцијата ензимиs и другите белковини. Во последните две декади на 20 век, ботаничарите ги проучиле техниките на молекуларна генетска анализа, вклучувааејќи ги геноми и протеоми оДНК делови за подобра класификација на растенијата.

Модерната ботаника е широка, мултидисциплинарна тема со инпути од многу други области од науката и технологијата. истражувачките теми вклучуваат наука за растенијатаструктура, расти диференцијација, репродукција, биохемијаипримарен метаболизам, хемиски продукти, развој, болести, еволуциони врски, системстика, ирастителна таксономија. Доминатна тема во 21 век во науката за растенијата молекуларна генетика иепигенетика, кои се механизам и контрола на експресија на гените за време на диференцијализмот растителни ќелиии ткива. ботаничките истражувања развиле апликација во обезбедување staple храна иtextile,во модерната хортикултура, земјоделство и шумарство, растителна пропагација, одгледување и генетска модификација, во синтеза на хемиските и матерјалите за изградба и продукција на енергија, воЕнвироменталниот менаџмент, и употребата на биоразновидност.

Историја на ботаниката

уреди

Меѓу првите ботанички трудови, напишани околу 300 г. п.н.е., се и двете големи дела на грчкиот филозоф и книжевник Теофраст - Историја на растенијата и Причини за растенијата (односно, Природа на растенијата) - во кои опишал многу видови и нивната примена. Римскиот лекар Диоскоридес ги допополнил списоците со растенија на Теофраст и посветил повеќе внимание на употребата на лековитите растенија.

Во текот на антиката овие книги биле најважниот придонес за ботаниката и врз нив се потпирале истражувачите и лекарите во текот на Средниот век. Со откривањето на Новиот Свет, почнува понатамошниот развој на ботаниката, бидејќи Европејците дошле во контакт со потполно непознати видови.

Клучни точки во развојот на ботаниката се системот на биномна номенклатура на Лине и обидот за класификација на растенијата врз основа на градбата на цветовите, откривањето на клетката, воспоставувањето на теоријата за еволуцијата на Дарвин, откривањето на растителните хормони, развојот на генетиката и молекуларната биологија кон крајот на 20 век. Паралелно со збогатувањето на ботаничкото знаење, дошло и до значително унапредување на методологијата на истражувањето, благодарејќи на развојот на техниката и технологијата.

Методи на истражување

уреди

Ботаниката го користи како набљудувањето, така и компаративните, историските и експерименталните методи. Некои од овие методи се: собирање и складирање на растителниот материјал во хербариуми, набљудување во природни и вештачки услови, експерименти во природата и во ботаничка лабораторија, математичка обработка на добиените податоци [7].

Ботанички дисциплини

уреди

Познати ботаничари

уреди

Наводи

уреди
  1. Botany, National Biological Information Infrastructure Архивирано на 15 март 2010 г. (анг.)
  2. Liddell & Scott 1940.
  3. Gordh & Headrick 2001, стр. 134.
  4. Online Etymology Dictionary 2012.
  5. Bold 1977, стр. 7.
  6. Judd и др. 2002, стр. 2.
  7. Botany: an introduction to plant biology By James D. Mauseth, p. 3 (анг.)
  NODES
os 3
text 1