Будимпешта
Будимпешта (унгарски: Budapest) — главен град на Унгарија[10] и нејзин основен политички, културен, трговски, индустриски и транспортен центар.[11] Во 2010 година, во Будимпешта бројот на населението изнесува 1,721,556[12], што е пад од средината на 1980-тите, кога тоа било 2,1 милиони луѓе. Градот има големина од 525 км2.[13] Будимпешта станал единствен град кој ги зафаќа двата брега на Дунав со спојувањето од 17 ноември 1873 година на десниот (западен) брег Будим (или Буда) и Обуда и левиот (источен) брег Пешта.[13][14]
Будимпешта | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Главен град | |||||||
Главен град на Унгарија Magyarország fővárosa | |||||||
Од горе надолу: Дунав со црквата Свети Матијаш во позадина, замокот Будим, Унгарскиот парламент, Плоштадот на хероите, Базиликата Свети Стефан | |||||||
Држава | Унгарија | ||||||
Регион | Централна Унгарија | ||||||
Обединување на Будим, Пешта и Обуда | 17 ноември 1873 | ||||||
Управа[1] | |||||||
• Градоначалник | Гергељ Карачоњ | ||||||
Површина[2] | |||||||
• Главен град | 525,2 км2 (2,028 ми2) | ||||||
• Градска | 2.538 км2 (980 ми2) | ||||||
• Метро | 7.626 км2 (2,944 ми2) | ||||||
Надм. вис.[5] | Дунав) 96 m највисока (врвот Јанош) 527 м | најниска (||||||
Население (2017)[7][8] | |||||||
• Главен град | 1,752,286[6] | ||||||
• Ранг | 1st (9th in EU) | ||||||
• Густина | 3.388/км2 (8,770/ми2) | ||||||
• Градскo | 2,997,958[4] | ||||||
• Метро | 3,011,598[3] | ||||||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||||||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||||
Поштенски број | 1011–1239 | ||||||
Повикувачки број | 1 | ||||||
ISO 3166 | HU-BU | ||||||
NUTS код | HU101 | ||||||
ИЧР (2018) | 0.901[9] – многу висок · 1st | ||||||
Мреж. место | BudapestInfo Official Government Official |
Аквинк (Aquincum) кој претставува келтскa колонија[15] е и директниот потомок на Будимпешта[16], станувајќи главен град на римската провинција Долна Панонија.[15] Унгарците дошле на територијата на Будимпешта во IX век. Нивната прва колонија била уништена од Монголите во 1241-42 година. Реизградената Будимпешта станува центар на ренесансно-хуманистичката култура[17] во XV век. После Мохачката битка од 1526 година и приближно после 150 години Отоманско владеење[18], со развитокот на регионот во XVIII и XIX век, после унификацијата од 1873 Будимпешта станува глобална метропола[19]. Исто така станал и вториот главен град на Австроунгарија, голема сила која што се растури во 1918. Будимпешта претставувала жаришна точка на Унгарската револуција од 1848, Унгарската Советска Република формирана во 1919, Битката за Будимпешта од 1945 и револуцијата од 1956.
Почитувана како една од најубавите градови на Европа,[10][20][21] нејзиното светско наследство ги вклучува двата брега на Дунав, Замокот Буда, Авенијата Андреси, Плоштадот на хероите и Милениум метрото коешто претставува второ најстаро метро во светот.[20][22] Исто така други значајни точки во градот се тоа што таму се наоѓа втората најголема синагога во светот, како и третиот светски најголем парламент.
Историја
уредиПознатата историја на Будимпешта почнува со римскиот град/колонија познат под името Аквинк (Aquincum), основан околу 89 година од новата ера, на место на стара келтска населба во близина на местото каде што настанала Обуда. Аквинкум од 106 година, па сè до крајот на IV век бил главен град на римската провинција Долна Панонија. На местото на денешна Пешта бил изграден градот Контра или Транс Аквинкум (Contra Aquincum или Trans Aquincum).
Областа околу 900 година ја освоиле Унгарците, кои после еден век го формирале Кралството Унгарија. Кога ја уништиле Монголите во 1241 година, Пешта веќе била значајно и големо место, и поради тоа повторно била брзо изградена, но Будим бил седиште на кралскиот двор од 1247, а во 1361 година станал главен град на Унгарија. Периодот на ренесансата доста влијаел за развитокот на градот. Значителе дел на градбите вклучувајќи ја и библиотеката се изградени во тој стил.
Османлиите го освоиле поголемиот дел на Унгарија во XVI век, и го прекинале развојот и растот на градот: Пешта од југ ја зазеле во 1526 година, а Будим 15 години подоцна. Додека Будим бил седиште на турскиот управник, Пешта била многу запуштена до 1686 кога ја освоиле Хабсбуршките владетели.
Пешта од 1723 година била седиште на административниот апарат на кралството, кој најмногу растел во XVIII и XIX век, и иницирал изразит раст во XIX век.
Спојувањето на трите региони под една администрација, кое било иницирано од страна на унгарската револуционерна влада во 1849, брзо било поништено по повторното воспоставување на власт во тој регион на Хабсбурците. Конечно оваа одлука била спроведена од страна на автономната унгарска кралска влада, воспоставена под дејство на Австроунгарија во 1867 година. Бројот на станари во „обединетата“ престолнина пораснал во периодот од 1840 до 1900 година на 730 000.
Во XX век, поголем дел од станарите на градот бидел дел од преградието Ујпешт (Нова Пешта). Таа двојно го зголемила бројот на вкупното населенио во градот помеѓу 1890 и 1910 година. Поголем дел од индустријата на земјата се концентрирала во градот. Човечките загуби на Унгарија од Првата светска војна, а потоа и губењето на што повеќе територии од кралството (1920) како причини задале само привремен удар на бројот на населението, а Будимпешта станала престолнина на малата, но сега суверена држава. До 1930 подолгото градско јадро броело милион станари, со додатни 400 000 во предградијата.
Околу третина од 200 000 Евреи во Будимпешта биле убиени за време на нацистичкиот геноцид за време на германската окупација во Втората светска војна. Градот драстично бил рушен за време на советската опсада во зимата 1944, а се опоравил во 1950-тите и 1960-тите. Будимпешта за време на 1980-тите ја поделила судбината со градовите во другите европски држави, кога бројот на станари се намали под дејство на емиграцијата и намалениот наталитет.
Географија
уредиПовршината на Будимпешта од 525 км2 лежи во централна Унгарија оградена со населби натрупани во округот Пешта. Престолнината се протега на 25 и 29 километри во правец југ-север, односно исток-запад. Реката Дунав навлегува во градот од север; подоцна ги опкружува двата острова, Обуда и Маргит.[13] Третиот остров Чепел е најголем од дунавските острови на Будимпешта. Реката што ги дели двата дела на градот е 230 m долга на најтесната точка во Будимпешта. Пешта лежи на рамното земјиште од Големата котлина, додека Буда е на ридесто земјиште.[13] Највисоката точка на врвовите во Будимпешта е врвот Јанос на 527 метри надморска височина. Најниска точка е линијата на реката Дунав која се наоѓа на 96 метри надморска височина. Шумите на Буда врвовите се еколошки заштитени.
Клима
уредиГрадот има променливо умерена клима која се одликува со снежното време на Трансданубија, променливата континентална клима на рамната и отворена Голема котлина на исток и скоро полусредоземното време на југ.[23]
Климатски податоци за Будимпешта | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 18.1 (64.6) |
19.7 (67.5) |
25.4 (77.7) |
30.2 (86.4) |
34.0 (93.2) |
39.5 (103.1) |
40.7 (105.3) |
39.4 (102.9) |
35.2 (95.4) |
30.8 (87.4) |
22.6 (72.7) |
19.3 (66.7) |
40.7 (105.3) |
Прос. висока °C (°F) | 1.2 (34.2) |
4.5 (40.1) |
10.2 (50.4) |
16.3 (61.3) |
21.4 (70.5) |
24.4 (75.9) |
26.5 (79.7) |
26.0 (78.8) |
22.1 (71.8) |
16.1 (61) |
8.1 (46.6) |
3.1 (37.6) |
15.0 (59) |
Сред. дневна °C (°F) | −1.6 (29.1) |
1.1 (34) |
5.6 (42.1) |
11.1 (52) |
15.9 (60.6) |
19.0 (66.2) |
20.8 (69.4) |
20.2 (68.4) |
16.4 (61.5) |
11.0 (51.8) |
4.8 (40.6) |
0.4 (32.7) |
10.4 (50.7) |
Прос. ниска °C (°F) | −4.0 (24.8) |
−1.7 (28.9) |
1.7 (35.1) |
6.3 (43.3) |
10.8 (51.4) |
13.9 (57) |
15.4 (59.7) |
14.9 (58.8) |
11.5 (52.7) |
6.7 (44.1) |
2.1 (35.8) |
−1.8 (28.8) |
6.3 (43.3) |
Најниска забележана °C (°F) | −25.6 (−14.1) |
−23.4 (−10.1) |
−15.1 (4.8) |
−4.6 (23.7) |
−1.6 (29.1) |
3.0 (37.4) |
5.9 (42.6) |
5.0 (41) |
−3.1 (26.4) |
−9.5 (14.9) |
−16.4 (2.5) |
−20.8 (−5.4) |
−25.6 (−14.1) |
Прос. врнежи мм (ин) | 38.5 (1.516) |
36.7 (1.445) |
37.4 (1.472) |
47.2 (1.858) |
64.5 (2.539) |
69.8 (2.748) |
50.4 (1.984) |
49.5 (1.949) |
42.7 (1.681) |
46.9 (1.846) |
59.9 (2.358) |
49.3 (1.941) |
592.8 (23.339) |
Извор: www.met.hu[24] |
Спорт
уредиГрадскиот парк на Будимпешта го има едно од најголемите површини со мраз. Тој е дом на унгарското бенди. Б групата од Светското првентство во Бенди 2004 било одржано баш на ова место [1] Архивирано на 23 септември 2015 г., како и Светското бенди првенство за жени од 2007 [2] Архивирано на 21 јули 2011 г.. Будимпешта е исто така дом на Будимпешта Хонвед ФК, спорстки клуб најдобро познат по неговиот фудбалски тим.
Население
уредиВака изгледа историскиот развиток на населението во Будимпешта, почнувајќи од 1870 година:
Година | Население |
---|---|
1870 | 302.085 |
1880 | 402.706 |
1890 | 560.079 |
1900 | 861.434 |
1910 | 1.110.453 |
1920 | 1.110.453 |
1930 | 1.442.069 |
1941 | 1.712.791 |
1949 | 1.590.316 |
1956 | 1.764.000 |
1958 | 1.560.079 |
1960 | 1.804.606 |
1970 | 2.001.083 |
1980 | 2.059.226 |
1990 | 2.016.681 |
2001 | 1.712.791 |
2005 | 1.695.814 |
2009 | 1.712.210 |
2010 | 1.721.556 |
Етнички групи
уредиНаселение по националност според пописот од 2001 година.[25]:
- Унгарци - 1.631.043 (91,2%, 56,75% во 1880)
- Германци - 18.097 (1%, 34,3% во 1880)
- Роми - 14.019 (0,8%, 0% во 1880)
- Словаци - 4.929 (0,3%, 6,1% in 1880)
- Други (главно Полјаци, Грци, Романци) - 16.762
- Без одговор (непознато) - 93.071
Според Demographical Portrait проценката за населението во 2009 изгледа вака: 95,6% домородни Унгарци (91% етнички Унгарци, 4,6% Роми) и 4,4% странци (етнички Унгарци од Трансилванија, Романија, Војводина и Србија).[26]
Религии
уредиНаселение според деноминации:[27]
- Римoкатолици - 808.460 (45,5%, 67,4% in 1880)
- Калвинисти - 224.169 (12,6%, 6,1% in 1880)
- Лутеранци - 46.449 (2,6%, 5,5% in 1880)
- Грчкокатолици - 28.901 (1,6%)
- Евреи - 9.468 (0,5%, 19,7% in 1880)
- Атеисти - 347.209 (19,5%)
- Други (главно христијани) - 26.681
- без одговор (непознато) - 286.584
Окрузи
уредиНа почетокот откако се обединиле трите града во 1873 година, Будимпешта имала 10 окрузи. На 1 јануари 1950, Будимпешта се обединила со неколку соседни гратчиња и бројот на окрузите се зголемил и тоа на 22 (Град Будимпешта). Во тоа време се направила и промена во редот, како и во големината на окрузите. Денеска постојат 23 окрузи, 6 во Буда, 16 во Пешта и 1 на островот Чепел. Секој округ може да биде поврзан со еден или повеќе делови на градот кои се именувани според поранешните гратчиња во состав на Будимпешта.[28]
Стопанство
уредиОколу Будимпешта е концентрирана речиси 60% од индустријата на Унгарија. Тука се центрите за машинство, металургија и лесна индустрија. Повеќе индустриски претпријатија се наоѓаат во населбата Ујпешт и Обуда. Многу светски компании за производство на домашна опрема ги имаат сместено своите фабрики тука.
Главни знаменитости
уредиНео-готскиот парламент, освен другите работи коишто ги поседува, ја поседува и Светата Круна на Унгарија. Базиликата Свети Стефан (или Свети Стефан), каде што се чува Светата десна рака на пронаоѓачот и оформувач на првата унгарска држава Стефан I или Иштван I е исто така голема атракција. Унгарската кујна како и кафе културата се дел од главните знаменитосто на Будимпешта. Кремеш е првата кремпита направена специјално за кралицата Сиси. Денеска уште постојат римски остатоци во „Музејот Аквинкум“ како и остатоци од историски мебел во Замок-музејот „Нагитетени“
Буда замокот и реката Дунав, како и нејзините два брега се официјално признати и заштитени како Светско наследство на УНЕСКО.
Поранешната Кралска палата е исто така еден од симболите на Унгарија – и претставувал сцена за борби и војни од XIII век па наваму. Денеска на ова место се наоѓаат два импресивни музеја како и „Националната библиотека на Унгарија“. Соседната Сандор палата содржи канцеларии како и официјалната вила на Претседателот на Унгарија. Друго обележје на Будимпешта е Црквата Св. Матијас која е стара околу седумстотини години. Веднаш до неа се наоѓа споменик на првиот крал и пронаоѓач на Унгарија Св. Стефан, а позади се наоѓаат Рибарските кули, од каде што се добива голем панорамски поглед врз целиот град. Статуите на Турул, митската птица која е заштитник на Унгарија, се наоѓаат во округот замок и дванаесеттиот округ.
Во Пешта најголема знаменитост претставува авенијата Андраси. Булеварите Кодали и Октогон од двете страни се оградени со големи продавници и згради кои се споени едни до други. Помеѓу нив и Плоштадот на хероите, куќите се одделени и поврзани заедно. Под сево ова се наоѓа најстарата континентална европска метро станица, станица од која повеќето денешни станици го презеле изгледот. Плоштадот на хероите доминира со статутите на сите унгарски кралеви и врвни луѓе значајни за историјата на Унгарија, како и со гробот на непознатиот војник. Од страните се наоѓаат „Музејот на убавите уметности“ и „Палатата на уметноста“, а позади е Градскиот парк отворен со Замокот Вајданхуниад. Еден од бисерите на авенијата Андраси е Унгарската оперска куќа. Паркот на статуите, чија тема се статуите од комунистичката ера е сместен надвор од центарот и до него може да се стигне со јавен транспорт.
Градот е домаќин на најголемата синагога во Европа (Дохани уличната синагога),[29] како и втората најголема работилница во светот.[30] Синагогата е сместена во еврејскиот округ оддалечена само неколку блока од центарот на Будимпешта. Градот исто така се гордее со третиот најголем парламент во светот, некогаш дури бил и најголем. Третата најголема црква во Европа (Есзтергом базилика), како и вториот најголем Барок замок во светот.
Во 2010 година, светски најголемата панорама била направена во (и на) Будимпешта.[31]
Острови
уредиВо реката Дунав се наоѓаат седум острови: Шипјард, Маргарет, Чепел, Палотај сзигет (сега полуостров), Непзигет, Харос-сзигет и Молнар-сзигет.
Најпознати острови се:
- Островот Маргит е долг 2,5 км и зафаќа површина од 0.965 км2. Островот се состои од парк и е популарна рекреатицвна атракација како за туристите, така и за мештаните. Островот лежи меѓу мостовите Маргарет (југ) и Арпад (север). Клубови, базени, аква парк, атлетички и фитнес центри, патеки за велосипеди и трчање може да се најдат околу островот. За време на денот, островот во главно е зафатен со луѓе посветени на спортот или кои само се одмораат. За време на летото (најчесто за време на викендите), најчесто млади луѓе одат на островот на ноќни завави на некоја тераса од островот, или одат на рекреација со шише алкохол клупа или во трева (оваа форма на завава некогаш се нарекува забава на клупа)
- Островот Чепел е најголемиот остров во Дунав на унгарска територија. Долг е 48 км, широк од 6 до 8 км и зафаќа површина од 257 км2.
- Хајогиари-сзигет (или Обудаи-сзигет) е остров кој е подигнат од човек, сместен во третиот округ. Овој остров е домаќин на повеќе активности како бордање, скијање на вода преку денот, а за ноќниот живот се грижат дискотеките на негова територија. Ова е островот каде што познатиот Сзигет Фестивал се одржува, на кој има околу 100 изведби во една година, а го посетуваат околу 400.000 луѓе. Многу проекти се планираат за изградба на овој остров. Дел од нив се: најголем забавен центар во Европа, згради за живеење, хотели, казина и морнарница.
- Лупа-сзигет е најмалиот остров на Будимпешта, сместен во северниот регион.
Бањи
уредиЕдна од причините поради што Римјаните први ја колонизирале областа која се наоѓала западно од реката Дунав и го оснавале нивниот регионален главен град кај Аквинкум (сега дел од Обуда во северна Будимпешта) е можноста да ги користат и уживаат во термалните извори. И денеска сѐ уште постојат урнатини на огромни бањи коишто биле изградени за време на тој период. Денешните бањи коишто биле изградени за време на отоманскиот период (1541-1686) се користеле и за бањање и за медицински услуги, и некои од нив дури се користат и денеска. Будимпешта во 1920-тите, доби репутација за град на бањите, поради економскиот потенцијал кој се вложувал во бањите. Како резултат на тоа во 1934 година и официјално Будимпешта била избрана за „Град на бањите“. Денеска бањите најмногу се користат од странана постарата генерација на луѓе, но со исклучок, во бањите „Магична бања“ и „Синтрип“ постојат т.н. диско клубови на вода каде што помладите претпочитаат да одат за време на летата. Градењето на „Кирали бањите“ започнало во 1565 година и поголем дел од зградата која е присутна денеска датира од оттоманскиот период, вклучувајќи ја познатата купола базен.
„Бањите Рудас“ не се бањи кои се одлична централна положба - тие се поставени на крива теста линија земја помеѓу ридот Гелерт и реката Дунав и претставуваат одличен пример на архитектура која датира од отоманскиот (или турскиот) период. Главната одлика е осумаголниот базен, кој добива светлина од купола со пречник од 10 м, поддржана од осум столбови.
Бањите и хотелот „Гелерт“ биле изградени во 1918 година, иако во минатото на истото место имало турски бањи, а во средниот век на истото место имало болница. Во 1927 бањите биле проширени со цел да се изгради брановиот базен како и уште едната бања кој била додадена во 1934 година. Со неговите шарени мозаици, мермерни столбови, обоени прозорци и скулптури, несомнено претставува еден од најубавите бањски комплекси во Будимпепта.
„Бањите Лукакс“ исто така се наоѓаат во Буда и тие се турски според „потеклото“, но сепак тие биле повторно подигнати кон крајот на XIX век. Во исто време биле подигнати и бањите и центарот за медицински третмани. Од 1950-тите овие бањи се сметаат за центар на интелектуалците и артистите.
„Сзеченуи термалните бањи“ претставуваат еден од најголемите бањнски комплекси во цела Европа, и единствената „стара“ термална бања која се наоѓа во Пешта. Внатрешната медицинска бања датира од 1913 година, а надворешните базени од 1927. Во целиот бањски комплекс има атмосфера на величественост која се добива од специфичните светла, најголеми базени кои потсетуваат на римските бањи, помалите бањски кади кои потсетуваат на бањската култура на Старите Грци, како и сауните и нуркачките базени кои се преземени од традицијата која се развивала во Северна Европа. Трите надворешни базени (од кои едниот е базен за забава) се отворени целата година, дури и во зима. Внатре има околу десет посебни базени, а тука се и на располагање различни видови медицнски третмани.
Сообраќај
уредиАеродром
уредиМеѓународниот аеродром Liszt Ferenc е најголемиот во земјата. Има два терминали кои се оддалечени од себе неколку километри. Помалиот, терминалот 1 е место каде што слетуваат low cost компаниите. Значително поголемиот терминал 2 е поделен на 2А каде слетуваат Malev, Air Malta, Moldavian Airlines, CSA Czech Airlines, Carpatair и 2В на којшто слетуваат сите останати компании.
Патишта
уредиБудимпешта е најзначајниот унгарски патен терминал; сите главни автопати се сместени таму. Градот е и главен железнички терминал.
Прстенскиот пат M0 околу Будимпешта скоро била комплетиран и им овозможува на луѓето да одат околу Будимпешта од исток до запад и од север до југ, сепак нема директен пат од запад до север - мора да се оди преку југ.
Јавен транспорт
уредиЈавниот транспорт на Будимпешта е овозможен од БКВ.[32] Јавниот транспорт во Будимпешта и не е толку скап. Билетот за превоз чини 0.75 евра во коиск или 0.85 евра доколку се купи во возило. Доколку планирате да го шетате целиот град, убава опција е и дневниот билет кој чини 4,6 евра, блок од 10 билети (6,6 евра) или тродневен билет (9,7 евра).
Метрото се состои од три линии - М1 (југозапад-североисток), М2 (исток-запад) и М3 (север-југ). Тоа е е во добра состојба и е едно од првите во светот. На линијата М1 сѐ уште се користат старите дрвени вагони, кои се нарекуваат и милениумски, бидејќи првата линија била изградена 1896 година на 1000 годишнината од унгарската нација.
Трамвајот е најдоброто превозно средство за туристи. Поспоро е од метрото, но и поинтересно бидејќи за време на возењето може панорамски да се разгледува градот.
Таму каде што не оди трамвајот, одат автобусите. Будимпешта има густа мрежа на автобуски линии. Ноќните автобуси се добро организирани и обично тргнуваат на секои 15 до 60 минути од 23-04 часот.
Железнички станици
уредиУнгарските главни железнички станици се раководени од страна на МАВ. Постојат три главни железнички терминали во Будимпешта, Келети (која оди кон исток), Ниугати (која оди кон запад) и Дели (која оди кон југ), раководејќи и со домашните и меѓународните шински сервиси. Будимпешта била една од главните станици на „Ориент Експрес“ кога сообраќал на линијата Виена-Париз. Постои и предгратска железничка станица која е работи под името ХЕВ.
Водни патишта
уредиРеката Дунав тече низ Будимпешта на нејзиниот пат кон Црното Море. Реката е доста пловна па поради тоа Будимпешта историски претставува најзначајно пристаниште (кај Чепел). Во летните месеци брод со подводни крила, плови на релација кон Виена и назад.
Трговски центри
уредиБудимпешта изобилува со хипермаркети како Аuchan, Tesco и Cora каде што храната е евтина, а изборот е огромен. За електронски апарати се задолжени Electro World и Media Markt. Особено интересен е трговскиот центар Nagy Vásárcsarnok каде што цените не се фиксни.
Сместување
уредиВо Будимпешта постои сместување од сите категории и цени. Најскапите хотели се во близината на кралската палата, додека најевтините се од другата страна на реката, во предградието на Пешта.
Образование
уредиБудимпешта е унгарскиот главен центар на образование и претставува дома на повеќе универзитети:
- „Универзитет за Технологија и економија“
- „Универзитет Корвинус“
- „Еотвос Лоранд“
- „Универзитет Семмелвеис“ (медицински универзитет)
- „Свети Стефан, факултет за ветеринарни науки“
- „Бизнис факултет - Будимпешта“
- „Пазмани Петар Католички Универзитет“
- „Кароли Гаспар - Универзитет на Унгарската Реформирана Црква“
- „Еврејски Теолошки Универзит - Универзитет за Еврејски Студии“
- „Централен Европски Универзитет“
- Андраси Гуила - Унивезитет за германски јазик“
- „Мохоли-Наги - Универзитет за Уметност и Дизајн“
- „Лизт Ференк - Академија на Музиката“
Хронолошка историја на Будимпешта
уредиГодина | Настан |
---|---|
П.н.е. | Неолитски, бакарни-, бронзени и железни култури, Келтите направиле свои населби во денешна Будимпешта. |
I век | Римјаните ги пронашле населбите познати како Аквинкум, Контра-Аквинкум и Кампона. Аквинкум станал најголемиот град во Дунавскиот регион и еден од главните градов на Панонија. |
V век | Година на Хуните. Нивниот водач Атила изградил град за него тука (денешна Будимпешта) според последните извори. |
896 | После пронаоѓањето на Унгарија, Арпад, водач на Унгарците, се населува во „градот на Атила“, односно Аквинкум. |
X век | Од седум до десет унгарски племиња колку што биле на број, четири се населиле на територијата на денешна Будимпешта: Меѓер, Кесзи, Јено и Ниек. |
1046 | Епископот Гелерт умире во рацете на паганите на местото каде што денеска се наоѓа ридот Гелерт. |
1241 | За време на татарската инвазија, двата града биле уништени. Кралот Бела IV го изградил првиот кралски дворец на кралскиот рид во 1248 година. Новиот град го зема името Буда од неговиот претходник (денеска Обуда). Пешта била заградена со градски ѕидови. |
1270 | Света Маргарет умира во манастир на Островот на Зајаците (денешен Маргарет). |
1458 | Матијас Корвиниј бил избран за нов крал. За време на неговото владеење Буда станала главната точка на европската ренесанса. Умрел во 1490 година, откако Виена била освоена во 1485 г. |
1541 | Почеток на отоманската окупација. Отоманските паши изградиле голем број џамии и бањи во Буда. |
1686 | Буда и Пешта бил реосвоени од Отоманците под хабсбуршко водство. Двата града биле комплетно уништени во борбите. |
1690-ти | Неколку стотици Германци се населуваат. |
1773 | Бил избран првиот градоначалник на Пешта. |
1777 | Марија Тереза Австријска го префрлила „Будимпештанскиот факултет“ на кралскиот рид. |
20 мај 1795 | Игњат Мартиновиќ и други јакобински водачи се погубени на Вермезо или „Полето на крвта“. |
1810 | Оган во округот Табан. |
1825 | Почеток на реформаторската ера. Пешта станува културен и економски центар на државата. Првиот Национале театар бил изграден, заедно со „Унгарскиот Национален Музеј“ и Ланчаниот мост. |
1838 | Најголема поплава во последно време во март. Пешта била целосно поплавена. |
15 март 1848 | Почеток на револуцијата и војната за независност (1848-49). Пешта е заменета со Братислава која сега е главен град на Унгарија и седиште на владата и парламентот. |
1849 | Австријците го окупираат градот во ран јануари, но унгарската армија за национална одбрана го презема повторно во април, заземајќи ја тврдината во Буда на 21 мај, после 18 дневен отпор. Во јули, хабсбуршката армија повторно ги зазема двата града. |
6 октомври 1849 | Лајос Батијани, првиот унгарски премиер е погубен. |
1867 | Компромис меѓу Австрија и Унгарија. |
1873 | Поранешните градови: Пешта, Буда и Обуда се обединуваат, и со тоа унгарската столица е официјално воспоставена под името Будимпешта. |
1878 | Електрична струја е инсталирана во центарот на градот. |
1893 | Електрификацијата на цела Будимпешта е завршена |
1896 | Милениумски славења, Милениум метрото и мостот на слободата се отворени. |
1909–1910 | Уличната електрификација е проширена и во предградијата, блиските гратчиња и села добиваат градска струја. |
1910 | Се случува попис со резултати 880.000 луѓе во Будимпешта и 55.000 во најголемото предградие Ујпешт (сега дел од Будимпешта). Кога станува збор за религиите 60,9% се припадници на католицизмот, 23,1% се Евреи, 9,9% калвинисти и 5,0% лутеранци. Ујпешт е составена од 65,9% католици, 18,4% Евреи, 9,7% калвинисти и 4,5% лутеранци. Процентот на етнички Германци во Будимпешта е 9,0%, а во Ујпешт 5,7%, додека 2,3% од населението се изјаснува како словачко. |
1918–1919 | Револуција и 133 дена од формирањето на Унгарската Советска Република (март-август 1919) на чело со Бела Кун. Формирана е првата комунистичка влада во Европа после Октомвриската револуција во Русија. |
1924 | Подигната е Националната унгарска банка. |
1925 | Унгарското радио започнува со пренос. |
1933 | Растурањето на собранието на табанците започнува. |
19 март 1944 | Будимпешта е окупирана од Германците. Во тој период на окупација, имало околу 184.000 Евреи и помеѓу 65.000 до 80.000 христијани кои биле сметани за Евреи во градот. Помалку од половина од нив (околу 119.000) успеале да се спасат во тогашните минати 11 месеци. |
26 дек. 1944 - 13 фев. 1945 | Советските и романските ја опсадиле Будимпешта од 15 до 18 јануари. Германците кои се повлекувале ги уништиле си мостови на Дунав. На 18 јануари, Пешта целосно била окупирана од СССР. Буда замокот потпаднал под окупација на 13 февруари. Втората светска војна ги одзела животите на околу 200.000 жители на Будимпешта и видно го уништила градот. |
23 окт. - 4 ноем. 1956 | Настанува унгарска револуција, а завршува со инвазија на голема советска сила. |
1960-ти | Штетите настанати од војните во поголем број биле поправени. Главниот мост или мостот Елизабет бил завршен во 1965 година. |
1970–1972 | Првата фаза на исток-запад метрото започнува. |
1982 | Првата фаза на север-југ метрото започнува. |
1987 | Замок ридот и бреговите на Дунав се вклучени во списокот на светско наследство на УНЕСКО. |
1990 | Градот е дом на 2.016.100 граѓани. |
2002 | Булеварот Андраси е вклучен на списокот на светско наследство на УНЕСКО, заедно со Милениум метрото, и Плоштадот на хероите. |
2006 | Унгарски протести. |
2006 | 200 км од 1000 км во главно ниво, под раководство на локалната власт е се обновени после 80 км во претходната година. Најдолгите светски трамваји Siemens Combino Supras почнуваат со работа на Големиот Булевард, а до крајот на годината 150 Волво 7700 автобуси ги замениле застартените БКВ флоти. Реконструкцијата на метро линијата 2 завршила. |
2008 | Источниот дел на автопатот M0 заедно со мостот Меѓери околу градот е завршен и пуштен во употреба. Новиот северен железнички исто така бил завршен и пуштен во употреба. |
2008 | Во текот на годината, 400 км на пат[33] биле реконструирани како дел од програмот за реконструкција на патиштата во пар со цевки (греење и вода) и било извршено проширување или замена на канализацискиот состав на оние места каде што било потребно. |
2009 | Во периодот 2007-2009 била завршена комплетната реконструкција на Мостот на слободата[34] заедно со патеките во трамвајската зона. |
2009 | Почнала реконструкцијата на мостот Маргит[35] и е планирана да заврши во 2011. |
2010 | Центрите за прочистување на вода започнуваат со работа на нормален начин. |
2010 | Тунелот од метро линијата 4 е завршен. |
Интернационални врски
уредиЗбратимени градови
уредиБудимпешта е збратимена со:[36][37][38]
Држава | Град | Округ / Регион / Држава | Датум |
---|---|---|---|
Австрија | Виена | Виена | 1990 |
Босна и Херцеговина | Сараево | Кантон Сараево | 1995 |
Бугарија | Софија | Град Софија | |
НР Кина | Пекинг | Пекинг | 2005[39] |
Хрватска | Загреб | Загреб | 1994[40] |
Франција | Париз | Париз | 1956 |
Германија | Берлин | Берлин | 1992[41] |
Германија | Франкфурт | Хесен | 1990 |
Индонезија | Џакарта | Џакарта | 2009[42] |
Израел | Тел Авив | Округ Тел Авив | 1989[43] |
Италија | Фиренца | Тоскана | 2008[44] |
Полска | Варшава | Полска | 2005[45] |
Португалија | Лисабон | Дистрикт Лисабон | 1992 |
Романија | Букурешт | Букурешт | 1991 |
Словачка | Кошице | Регион Кошице | 1997[46] |
Јужна Кореја | Дежон | Дежон | 1994 |
Тајланд | Бангкок | Бангкок | 2007 |
Украина | Лавов | Украина | 1993[47] |
САД | Форт Ворт | Тексас | 1990[48] |
САД | Њујорк | Њујорк | 1992[49] |
Исто така некои од окрузите на градот се збратимени со мали градови или окрузи на некои други големи метрополи.
Партнерство
уредиБудимпешта како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Будимскиот крал и кралицата“ (Будимски краљ и краљица) - српска народна песна.[51]
- „Што се саит под Будима града“ - македонска народна песна.[52]
- „Ние, среќните пештанци“ - песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.[53]
Галерија
уреди-
„Музејот на убавите уметности“.
-
Замокот Вајдахуниад.
-
Црквата Св. Елизабета.
Поврзано
уредиИзвори
уредиКористена литература
уреди- DK Publishing, Budapest: Eyewitness Travel Guildes (2007). DK Travel. 978-0756624354. Отсутно или празно
|title=
(help) - Barber, Annabel (2004). Visible Cities Budapest: A City Guide. Somerset.
- Ungvary, Krisztian (2006). The Siege of Budapest: One Hundred Days in World War II. Yale University Press. 978-0300119855.
- Molnar, Miklos (2001). A Concise History of Hungary. Cambridge Concise Histories (Fifth printing 2008. изд.). Cambridge, United Kingdom: Cambridge University Press. ISBN 9780521667364.
Наводи
уреди- ↑ „The Municipality of Budapest (official)“. 11 September 2014. Посетено на 11 September 2014.
- ↑ „Budapest“. Encyclopædia Britannica. 11 September 2014. Посетено на 11 September 2014.
- ↑ „Metropolitan Area Populations“. Eurostat. 21 October 2019. Посетено на 18 November 2019.
- ↑ „Functional Urban Areas – Population on 1 January by age groups and sex – 2019“. Eurostat. 2020. Посетено на 18 November 2019.
- ↑ „Best view in Budapest from the city's highest hilltop“. stay.com – Budapest. 11 September 2014. Архивирано од изворникот на 23 June 2010. Посетено на 11 September 2014.
- ↑ „Population by type of settlement – annually“. Hungarian Central Statistical Office. 12 April 2016. Посетено на 12 April 2016.
- ↑ „Gazetteer of Hungary, Hungarian Central Statistical Office, 2012“ (PDF). Посетено на 2 October 2013.
- ↑ „Budapest City Review“. Euromonitor International. December 2017. Посетено на 8 May 2014.
- ↑ „Sub-national HDI - Subnational HDI - Global Data Lab“. globaldatalab.org.
- ↑ 10,0 10,1 „Beauty and the Feast“. Time. 2002-03-18. Архивирано од изворникот на 2008-10-09. Посетено на 2008-05-22. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ „Budapest“. Encyclopædia Britannica. Encyclopædia Britannica, Inc. 2008. Посетено на 2008-01-30.
- ↑ „Gazetteer of the Republic of Hungary“ (PDF). Hungarian Central Statistical Office. 2009-01-01. Посетено на 2009-08-25.[мртва врска]
- ↑ 13,0 13,1 13,2 13,3 Török, András. „Budapest“. Encarta. Архивирано од изворникот на 2008-03-28. Посетено на 2008-04-06.
- ↑ Molnar, A Concise History of Hungary, Chronology pp. 15.
- ↑ 15,0 15,1 „Aquincum“. Encyclopædia Britannica. Encyclopædia Britannica, Inc. 2008. Посетено на 2008-05-22.
- ↑ Sugar, Peter F.; Péter Hanák, Tibor Frank (1990). A History of Hungary. Hungary before the Hungarian Conquest. Indiana University Press. стр. 3. ISBN 025320867X. Посетено на 2008-05-19.
- ↑ Drake, Miriam A. (2003). „Eastern Europe, England and Spain“. Encyclopedia of Library and Information Science. CRC Press. стр. 2498. ISBN 0824720806. Посетено на 2008-05-22.
- ↑ Molnar, A Concise History of Hungary, Chronology pp. 15
- ↑ . "A Roster of World Cities". Loughborough University. (консултирано на 2008-05-22)
- ↑ 20,0 20,1 „Nomination of the banks of the Danube and the district of the Buda Castle“ (PDF). International Council on Monuments and Sites. Посетено на 2008-01-31.
- ↑ Lyman, Rick (2006-10-03). „Budapest Is Stealing Some of Prague's Spotlight“. The New York Times. Посетено на 2008-01-29.
- ↑ „World Heritage Committee Inscribes 9 New Sites on the World Heritage List“. Unesco World Heritage]] Centre. Посетено на 2008-01-31. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ „Budapest:When to go“. Lonely Planet. Архивирано од изворникот на 2008-04-17. Посетено на 2008-04-06.
- ↑ „Monthly Averages for Budapest, Hungary (based on data from 1901–2010)“. Hungarian Meteorological Service]]. Архивирано од изворникот на 2008-11-12. Посетено на 2010-06-04. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ „Population by nationalities“. Hungarian Central Statistical Office. 2001. Посетено на 2008-05-30.[мртва врска]
- ↑ „Budapest's population is increasing“. Index.hu. 2010. Посетено на 2010-03-30.
- ↑ „Population by religions, denominations“. Hungarian Central Statistical Office. 2001. Архивирано од изворникот на 2005-04-22. Посетено на 2008-05-30.
- ↑ Budapest Corner, Downtown and Districts, Архивирано од изворникот на 2011-07-08, Посетено на 2010-08-13
- ↑ Kulish, Nicholas (2007-12-30). „Out of Darkness, New Life“. The New York Times. Посетено на 2008-03-12.
- ↑ „In the Neighbourhood: the Synagogue“. Hotel Ambra.
- ↑ http://www.70-billion-pixels-budapest.com/index_en.html
- ↑ Rail, Evan (2007-08-12). „36 Hours in Budapest“. The New York Times. Посетено на 2008-01-29.
- ↑ „Road Reconstruction Portal“. Official Webpage of the Local Government of Budapest. Архивирано од изворникот на 2010-10-09. Посетено на 2010-09-26.
- ↑ „Article on Infrastructural Investments“. Official Webpage of the Local Government of Budapest.[мртва врска]
- ↑ „News on the reconstruction of Margaret Bridge“. Official Webpage of the Local Government of Budapest. 2008-06-10.[мртва врска]
- ↑ „Sister City - Budapest“. Official website of New York City. Архивирано од изворникот на 2008-04-21. Посетено на 2008-05-14. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ „Sister cities of Budapest“ (унгарски). Official Website of Budapest. Архивирано од изворникот на 2005-03-09. Посетено на 2008-01-31. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ „Who knows less about Budapest? A quiz with mayor candidates“ (унгарски). Index. Посетено на 2008-01-31. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ „Sister Cities“. Beijing Municipal Government. Архивирано од изворникот на 2010-01-17. Посетено на 2009-06-23.
- ↑ „Intercity and International Cooperation of the City of Zagreb“. © 2006–2009 City of Zagreb. Архивирано од изворникот на 2017-07-07. Посетено на 2009-06-23.
- ↑ „Berlin's international city relations“. Berlin Mayor's Office. Архивирано од изворникот на 2008-08-22. Посетено на 2009-07-01.
- ↑ „The Jakarta Post - Hungarian envoy builds new links with RI“. The Jakarta Post.
- ↑ „Tel Aviv sister cities“ (хебрејски). Tel Aviv-Yafo Municipality. Архивирано од изворникот на 2009-02-14. Посетено на 2009-07-01.
- ↑ „Hízelgő a magyar fővárosnak: Firenze testvérvárosának fogadta“. Népszabadság (унгарски). Ringier. 2008-05-17. Посетено на 2008-05-30.
- ↑ „Miasta partnerskie Warszawy“. um.warszawa.pl. Biuro Promocji Miasta. 2005-05-04. Архивирано од изворникот на 2007-10-11. Посетено на 2008-08-29.
- ↑ „Partnership towns of the City of Košice“ (словачки). © 2007-2009 City of Košice Magistrát mesta Košice, Tr. SNP 48/A, 040 11 Košice. Архивирано од изворникот на 2009-08-17. Посетено на 2009-07-12. Надворешна врска во
|publisher=
(help) - ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-08-18. Посетено на 2010-08-16.
- ↑ „Fort Worth Sister Cities“. fwsistercities.org. Посетено на 17 February 2010. Text " The world is ready. The time is now." ignored (help)
- ↑ „NYC's Sister Cities“. Sister City Program of the City of New York. 2006. Архивирано од изворникот на 2008-05-21. Посетено на 2008-09-01.
- ↑ „Kraków otwarty na świat“. www.krakow.pl. Посетено на 2009-07-19.
- ↑ Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 68-69.
- ↑ Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 83.
- ↑ Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 19-20.
Надворешни врски
уреди„Будимпешта“ на Ризницата ? |
- Градски портал Архивирано на 15 август 2005 г. (англиски)
- Туристика служба на Будимпешта (англиски)
- Јавен превоз во Будимпешта Архивирано на 11 декември 2007 г. (англиски)
- Будимпешта на Facebook (англиски)
Статијата „Будимпешта“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии). |