Бургундите се германско племе кое потекнува од јужна Норвешка. Во текот на 2 век п.н.е. тие започнале да се населуваат јужно од нивните територии, најверојатно на островот Борнхолм. Во текот на 1 век и 2 век, тие се населиле во областа помеѓу реките Средна Одра и Долна Висла. Во 3 век, под притисок на Гепидите, се упатиле на југозапад кон река Мајна. Овде за првпат се соочиле со Римското Царство. За првпат конфликтот се случил во времето на императорот Проб. Во текот на следниот век, тие се придвижиле и стигнале до местото каде реката Мајна се влева во реката Рајна, потчинувајќи ги Алеманите. Од друга страна, Римјаните се обидиле тоа да го искористат. Валентинијан I (364-375) склучил сојуз со Бургундите и ги вклучил против Алеманите во околу 370 година.

Римското Царство во времето на Адријан (владеел 117-38), ја покажува локацијата на Бургундската германска група, кои се населиле во регионот помеѓу Средна Одра и Долна Висла во Полска

Во 407 година Вандалите, Алеманите и Свевите навлегле во Галија. Така, Бургундите на чело со Гундахар го зазеле Мајнц и заедно со аланите навлегле во Галија давајќи поддршка на Јовин, кој се објавил против римскиот цар Хонориј. Во 413 година, тие биле признаени од страна на Западната Римското Царство за федералци и добиле територија во регионот на Вормс. Тогаш, тие го примиле и христијанството.

Бургундите говореле на бургундски јазик за кој денес постојат мошне оскудни сознанија.

  NODES