Силденафил

(Пренасочено од Виагра)

Силденафил (со заштитено име Виагра) се зема за постигнување поцврста и подолготрајна ерекција. Виагра земаат оние што имаат потешкотии при постигнување цврста ерекција, или што сакаат поцврста ерекција и подолготраен полов однос. Виагра можат да земат и оние коишто имаат и некои здравствени проблеми, како на пример: висок крвен притисок, шеќерна болест (диабетес), депресија, кај оние што им е одстранета простатата на хируршки начин, кај доброќудна хипертрофија на простатата.

Силденафил
Систематско (IUPAC)
1-[4-ethoxy-3-(6,7-dihydro-1-methyl-
7-oxo-3-propyl-1H-pyrazolo[4,3-d]pyrimidin-5-yl)
phenylsulfonyl]-4-methylpiperazine
Клинички податоци
Заштитени имињаViagra, Revatio, others
AHFS/Drugs.commonograph
MedlinePlusa699015
Licence dataEMA:[[[:Предлошка:Infobox drug/EMA-EPAR]] врска], US FDA:врска
Бременосна
категорија
  • US: B (Без ризик во не-човечки студии)
Начин на издавање
  • (Само со рецепт)
Начин на
примена
Oral, IV
Фармакокинетички податоци
Биорасположливост40%
Метаболизамцрнодробен (mostly CYP3A4, also CYP2C9)
Полувреме на елиминација3 до 4 часа
ЕкскрецијаFecal (80%) and renal (around 13%)
Назнака
CAS-број139755-83-2 Ок
ATC кодG04BE03
DrugBankDB00203 Ок
ChemSpider56586 Ок
UNII3M7OB98Y7H Ок
KEGGD08514 Ок
ChEBICHEBI:58987 Ок
ChEMBLCHEMBL1737 Н
PDB ligand IDVIA (PDBe, RCSB PDB)
Хемиски податоци
ФормулаC22H30N6O4S
Моларна масаbase: 474.6 g/mol
 НОк (што е ова?)  (провери)

Дејство

уреди

За да настане ерекција пенисот треба да се исполни со крв. Нормално, крвта го исполнува сунѓерестото тело во пенисот и причинува ерекција Понекогаш (стрес, непријатности, лоша расположеност, пушење цигари, и сл.) или кај некои, крвта што го исполнува пенисот не е доволна или не навлегува максимално колку што е можно и колку што би требало за цврст еректилен пенис. Кога тоа се случува мажот може да има проблем за постигнување или одржување на ерекцијата. Виагра дејствува на тој начин што го зголемува навлегувањето на крв во пенисот. Тоа овозможува пенисот да стане поцврст и да биде тврд подолго време. Виаграта има дејство до четири часа, што остава доволно време за спонтан секс. Виагра дејствува само кога мажот е сексуално возбудени. После сексот ерекцијата опаѓа, бидејќи возбуденоста се намалува исто така.

Дозирање и земање

уреди

Постои Виагра од 100, 50 и 25 мг. Кога се зема Виагра за првпат најдобро е да се започне со 50 мг. Виагра се зема пола час до еден час пред половиот однос. Дејството трае до 4 часа.

Индикации

уреди

Еректилна дисфункција (ED) - неможност да се постигне или да се одржи ерекција за време на целиот полов однос, слаба ерекција.

[[]]== Контраиндикации ==

Виагра не треба да се зема при следниве случаи:

  • Кога земате лекарства коишто во својот состав содржат нитрити и нитрати (лекарства за лекување ангина пекторис или болки зад градната коска)
  • Напреднато оштетување на црниот дроб
  • Напреднато оштетување на бубрезите
  • Хипотензија - намален крвен притисок
  • Скорашен срцев инфаркт или инсулт на мозокот.
  • Наследни заболувања на ретината на окото (генетска болест кај фосфодиестеразата)

Странични ефекти

уреди

Кај некои после земањето на Виагра можат да се појават некои странични ефекти како заматување на видот, гледање во сино, главоболка, проблеми при варењето на храната и слично. Но, сите овие странични ефекти одминуваат брзо и не претставуваат опасност.

Немедицинска употреба

уреди

Афродизијак

уреди

Виаграта се почесто се употребува како афродизијак, за зголемување на сексуалната желба.

Рекреациска употреба

уреди

Популарноста на Виагра помеѓу младите е зголемена во последните години.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Peterson K (2001-03-21). „Young men add Viagra to their drug arsenal“. USAToday. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  NODES