Висмар (германски: Wismar) — пристаништен град во северна Германија на Балтичкото Море, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, околу 45 километри источно од Либек и 30 километри северно од Шверин. Неговото природно пристаниште, сместено во Висмарскиот Залив е добро заштитено од ’ртови. До административната реформа во 2011 година, градот претставувал урбан округ, а моментално претставува административно седиште на округот Северозападен Мекленбург.

Висмар
Плоштадот со чешмата од 1602 г.
Плоштадот со чешмата од 1602 г.
Плоштадот со чешмата од 1602 г.
Грб на Висмар
Висмар во рамките на Германија
Висмар
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Северозападен Мекленбург
Градоначалник Томас Бајер (СДП)
Основни податоци
Површина 41,36 км2
Надм. височина 15 м
Население 43.878 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 1.061 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HWI
Пошт. бр. 23952, 23966, 23968, 23970
Повик. бр. 03841
Портал http://www.wismar.de
Местоположба на градот Висмар во рамките на округот Северозападен Мекленбург
Карта
Карта
Координати 53°54′N 11°28′E / 53.900° СГШ; 11.467° ИГД / 53.900; 11.467
Историските центри на Штралзунд и Висмар
светско наследство на УНЕСКО
„Алтер Шведе“ (Alter Schwede), старо готско складиште на плоштадот
Критериумкултурно: ii, iv
Навод1067
Запис2002 (26. заседание)

Како член на Ханзата изобилува со градби во тулна готика, вклучувајќи голем број цркви, поради што тоа било една од причините градот во 2002 година да биде вклучен во списокот на УНЕСКО како светско културно наследство.

Историја

уреди

Основан од Полапските Словени како Вишемир (Vishemir)[2] и подоцна населен од Германите, Висмар ги добил неговите градски права во 1229 година и станал посед на Мекленбург во 1301 година. Во 1259 година влегол во сојуз со Либек и Росток, со цел да се одбрани самиот против бројните балтички пирати. Овој сојуз прераснал во стопанскиот сојуз Ханза. Во текот на XIII и XIV век, бил развиен ханзин град, со значајни фабрики за памук. Иако чумата однеле повеќе од 10.000 жители во 1376 година, сепак градот продолжил да напредува до XVI век.

Шведски Висмар

уреди

Со Вестфалскиот мир во 1648 година, Висмар припаднал на Шведска. Преку Висмар и другите поседи на Шведска во Светото Римско Царство, шведските кралеви во нивните улоги како принцови учествувале во царските собранија. Од 1653 година бил седиште на највисокиот суд за тој дел на Шведска. Во 1803 година, Шведска ги продала градот и поседот на Мекленбург за 1.258.000 риксдалери, меѓутоа задржувајќи го правото за откуп по 100 години. Поради ова право на Шведска, Висмар не бил претставен во собранието на Мекленбург до 1897 година. Во 1903 година, Шведска конечно ги повлекол своите полагања врз градот. Висмар сè уште задржал дел од своите стари слободи, вклучувајќи го правото да вее свое знаме.

Ново време

уреди

На почетокот на XIX век, најважни производствени индустрии во Висмар биле челичната, машинската, индустријата за хартија, градежната и асфалтот. Постоела и трговија, особено преку море, извезувајќи жито, сончогледово масло и путер, а увезувајќи јаглен, дрво и железо. Пристаништето било доволно длабоко да прими пловни објекти до 5 метри, додека поголемите објекти требало да се растоват долж неговите кејови. Висмар бил седиште на воздухопловната фабрика Norddeutsche Dornier-Werke, како и на железнички фабрики. Во текот на Втората светска војна, Висмар бил тешко оштетен од сојузничките воздушни напади. На крајот на војната во Европа, Висмар бил окупиран од Британците на 2 мај 1945 година.[3] На 1 јули 1945 година, поради договорот на Јалта, Висмар станал дел од советската окупациска зона во Германија, а Британците го предале на советските трупи.

Главни знаменитости

уреди

Центарот на стариот град е огромниот плоштад, еден од најголемите во северна Германија (10.000 м²), опкружен од градби во разни стилови, почнувајќи од тулноготски од XIV век до романескно обновување и арт нуво од XIX век. Главната точка на плоштадот е чешмата (Wasserkunst), сложена фонтана од ковано железо увезена од Холандија во 1602 година. На северната страна на плоштадот е сместено Градското собрание, изградено во неокласичен стил во периодот 1817–1819. Други познати градби на плоштадот е старото готско складиште наречено Алтер Шведе (Alter Schwede; буквално „Стариот Швеѓанец“), изградено околу 1380 година.

80-метри високата кула на градската црква „Св. Богородица“ (Marienkirche) — единствениот остаток на првичното издание во тулна готика, изградено во првата половина на XIII век. Доживеала тешки оштетувања во Втората светска војна и подоцна срушена во 1960 година во време на Источна Германија.

Црквата Св. Никола (Nikolaikirche), изградена во периодот 1381–1460, со многу висок покрив, заедно со Св. Богородица, се сметаат за добри примери на влијанието извршено во градот од големата црква на Св. Богородица во Либек.

Елегантната крстовидна црква Св. Георги (St Georgen-Kirche) потекнува од првата половина на XIII век. Била тешко оштетена во Втората светска војна и обновена во периодот 1990–2010.

Фирстенхоф (Fürstenhof), некогашна војводска резиденција, а подоцна користена од градските власти, е богато украсен примерок на рано ренесансниот сти. Била изградена во периодот 1552–1565, а подоцна обновена во периодот 1877–1879. Градското собрание, повторно изградена во 1829 година, содржи збирка на слики. Главна галерија за современа уметност е галеријата „Баумхаус“, сместена во старото пристаниште на Висмар.

Познати луѓе

уреди

Меѓународни односи

уреди

Збратимени градови

уреди

Висмар е збратимен со следниве градови:

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2022 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. 2023. (германски)
  2. Големата Советска Енциклопедија (1979), V. 5
  3. http://www.ibiblio.org/hyperwar/USA/USA-E-Last/USA-E-Last-19.html, page 464
  4. „Збратимени градови на Олборг“. Europeprize.net. Архивирано од изворникот на 2013-09-07. Посетено на 19 август 2013.
  5. „Våra vänorter“. kalmar.se. Архивирано од изворникот на 2014-04-27. Посетено на 27 април 2014.

Надворешни врски

уреди


  NODES