Вуди Ален
Хејвуд "Вуди" Ален (роден како Ален Стјуарт Кенигсберг,[1] на 30 ноември 1935) е американски глумец, писател, режисер, комичар и драматург, чија кариера трае повеќе од 50 години. Тој работел како пишувач на комедии во 1950-те, пишувајќи смешки и сценарија а исто така објавил и неколку кратки хумористични книги. Во раните 1960-ти, Ален започнал да настапува како стенд-ап комичар, нагласувајќи монолози наместо традиционални шеги. Во 2004, Comedy Central[2] го рангирал Ален на четвртото место на списокот на најдобрите 100 комичари, додека пак една анкета во Обединетото Кралство го рангирала Ален како трет најдобар комичар.[3]
Вуди Ален | |
---|---|
Ален на фестивалот во Кан во 2015 | |
Роден(а) | Ален Стјуарт Кенигсберг[1] 30 ноември 1935 Бронкс, Њујорк, САД |
Други имиња | Хејвуд Ален |
Занимање |
|
Активен период | 1950–сè уште |
Родно место | Бруклин, Њујорк, САД |
Сопружник |
|
Партнер |
|
Деца |
|
Роднини | Лети Аронсон (сестра) |
Потпис | |
Страница woodyallen.com |
До средината на 1960-те, Ален пишувал и режирал главно комедии на фарси, пред да се премести на драмски материјал под влијание на европската уметничка кинематографија во 1970те, за во денешно време наизменично да работи на комедии и драми. Тој е често идентификуван како дел од новиот холивудски бран на режисери од срединта на 1960-те до крајот на 1970-те.[4] Ален често глуми во своите филмови, типично како личност која ја изградил во стенд-ап настапите. Најпознати од неговите преку 40 филмови се Ени Хол (1977), Менхетен (1979), Хана и нејзините сестри (1986), и Полноќ во Париз (2011). Филмскиот критичар Роџер Иберт го опишал Ален како „богатство на кинематографијата“.[5]
Ален бил номиниран 24 пати и освоил четири Оскари: три за најдобро оригинално сценарио и еден за најдобар режисер (за филмот Ени Хол). Тој дури 16 пати бил номиниран за Оскар во категоријата за најдобро сценарио, и освоил девет БАФТА награди. Ален постојано свири кларинет на мали места во Менхетен.[6]
Ран живот
уредиВуди Ален е роден во Бронкс, Њујорк, како син на Нети (8 ноември 1906 - 27 јануари 2002), сметководителка во семејната продавница за деликатеси, и Мартин Кенигсберг (25 декември 1900 - 13 јануари 2001),[7] a jewelry engraver and waiter.[8] келнер и изработувач на накит. Тој израснал во еврејско семејство, неговите баба и дедо биле емигранти од Русија и Австрија кои зборувале германски, јидиш и хебрејски јазик.[9][10] Неговите родители израснале во Менхетн.[9] Лети, сестрата на Вуди Ален, е родена во 1943 година и израснала како и Ален во населбата Мидвуд во Бруклин.[11]
Тој немал многу среќно детство. Неговите родители не се согласувале и имал тежок однос со мајка му, која била строга и темпераментна.[12] Во своите рани години, Ален зборувал јидиш и осум години посетувал еврејско училиште. Потоа, почнал да го посетува државното училиште 99 (сега Исак Асимов - школа за наука и книжевност)[13] и средното училиште Мидвуд. За разлика од неговата комична личност, Вуди Ален повеќе го интересирал бејзболот отколку училиштето, а поради неговите силни раце тој секогаш бил меѓу првите избрани во тимот.[14][15] Тој ги импресионирал своите соученици со магионичарски трикови и трикови со карти.[16]
Пишувал вицови и шеги за да собере пари, ги давал на агентот Дејвид О. Албер кој ги продавал на колумнисти во весници. Почнал самиот да се нарекува Вуди Ален. Тој бил исклучително талентиран млад комичар. Подоцна тој се шегувал дека кога бил млад често бил праќан во летни меѓуверски кампови каде што деца од сите раси и вери немилосрдно го тепале. На 17 години законски го сменил името во Хејвуд Ален.[17] Тој веќе заработувал повеќе од неговите родители заедно. По средното училиште, го посетувал Универзитетот Њујорк каде што студирал комуникација и филм, кратко време го посетувал колеџот „Сити“ во Њујорк, но брзо се откажал и подоцна се стекнал со знаењето самостојно.[18] Најпосле, тој предавал во Новото Училиште (Њујорк). Исто така, учел со професорот по творештво Лајош Егри.
Кариера
уредиАвтор на комедии
уредиПо неуспешните обиди да студира, Вуди Ален станал редовен писател за Херб Шринер, првично заработувајќи 75 долари неделно. На 19 години започнал да пишува сценарија за „Ед Суливан Шоу“, „Тунајт Шоу“, за специјалните изданија на „Сид Цезар“ по-„часот на Цезар“ (1954-1957 година), и други телевизиски емисии. Додека работел за „Сид Цезар“, Вуди Ален заработувал 1500 долари недело. Работејќи таму, Вуди Ален соработувал со Дени Симон, кој имал придонес во изградбата на стилот на пишување на Ален. Во 1961 година, Ален започнува нова кариера како стенд-ап комичар дебитирајќи во клуб во Гринич Вилиџ наречен „Дуплекс“. Примероци од стенд-ап изведбите на Ален може да се чујат на албумите „Години на Стенд-ап комичар“ и „Ноќни клубови“ 1964–1968 (вклучувајќи ја и класичната изведба насловена „Д Мус“ (Лосот)). Ален пишувал за популарната телевизиска емисија „Кандид Камера“ (скриена камера)каде што и се појавил во неколку епизоди. Ален, заедно со неговите менаџери, развил невротичен, нервозен и интелектуален лик во своите стенд-ап изведби, што било успешен потег кој обезбедил редовни изведби во ноќните клубови и на телевизија. Ален започнал со пишување на раскази и стрипови за списанија како „Њујоркер“. Тој ја модернизирал темата инспирирана од традицијата на С.Ј. Перелман, Џорџ С. Кофман, Роберт Бенчли и Макс Шулман, четворицата истанкати комичари на „Њујоркер“. Ален е успешен автор кој има издадено четири збирки кратки дела и драми. Тоа се ,„Израмнување на сметките“, „Без пердуви“, „Несакани дејства“ и „Чиста анархија“. Неговите први прозни дела се под силно влијалие на будалестиот хумор полн со игри на зборови на С.Ј. Перелман. Ален внел значајна иновативност во жанрот на комичниот монолог и неговата стенд-ап комедија се смета за многу влијателна.
Драматургија
уредиВуди Ален станал и успешен драматург на Бродвеј и во 1966 година ја напишал „Водата не е добра за пиење“ во која глумеле Лу Џејкоби, Кеј Медфорд, Анита Гилет, и Ентони Робертс кој воедно е и идниот филмски партнер на Ален. Филмската адаптација на драмата во режија на Хауард Морис била промовирана во 1969 година, а во неа глуми Џеки Гилсон. Бидејќи Ален не бил задоволен со филмската верзија на неговата драма, тој во 1994 година режирал трета телевизиска верзија во која глумел заедно со Мајкл Џ. Фокс и Меим Бајалик. Тој глумел и во следната негова драма на Бродвеј, „Засвири ја уште еднаш, Сем“. Претставата била промовирана на 12 февруари 1969 година и била изведувана 435 пати со Дијана Китон и Ентони Робертс во главните улоги. Ален, Китон и Робертс повторно ги играат улогите и во филмската верзија на драмата режирана од Херберт Рос. Ален се најшол на насловната страна во изданието од 21. Мај на Магазинот „Лајф“. Тој има напишано неколку драми од еден чин кои опфаќаат добро познати Аленови теми, вклучувајќи ги „Риверсајд Драјв“ и „Олд Сејбрук“.
Рани филмови: Комедија без облик
уредиСите Аленови рани филмови биле комедии без облик како оние на Браќата Маркс. Како и сите чисти комедии така и неговите имале прост заплет и биле изградени од комична конструкција, постојани невербални, кратки шеги и фарси. Првиот филм на Вуди Ален е „Што има ново, маче?“ 1965 година, продукција на Чарлс К. Фелдмен. Ален го напишал првичното сценарио за филмот. Ворен Бити го најмил Ален да го измени сценариото и да се појави во краток дел од филмот, но за време на измените улогата на Бити се намалувала додека Аленовата се зголемувала. Вознемирен, Бити се откажал од продукцијата. На местото на Бити најмен бил Питер О’ Тул, а улога добил и Питер Селерс. Селерс бил доволно голема ѕвезда за да ги бара најдобрите сцени и редови што барало брзи измени во сценариото. Со ова Ален ја согледал важноста да се има контрола врз своите текстови. Имајќи предвид дека повеќето негови филмови не заработуваат многу и малите суми на пари кои неговите продуценти успеваат да ги соберат дотолку што Ален бара од своите глумци да работат за доста помали плати, тој е еден од ретките писатели и режисери кој успеваат да имаат контрола врз својата работа.
Првата режисерска работа на Ален е „Што има, Тајгер Лили?“ (1966 година, напишана во соработка со Мики Роуз), земајќи го веќе постоечкиот јапонски шпионски филм - „Кокусаи Химицу Кејсатцу: Каги но каги“ (1965 година), „Интернационална тајна полиција: Клуч на клучовите“ - претставува англиска синхронизација на филмот од Ален и неговите пријатели со нов комичен дијалог. Ален се појавува и во продолжението на Фелдмен, „Што има ново маче“, пародијата на Џемс Бонд „Казино Ројал“. Голем број на писатели придонеле кон остварувањето на филмот, но Ален повторно е автор на својот дел од сценариото иако тоа не било дадено во завршните кредити. Ален го напишал, режирал и глумел во „Грабни ги парите и бегај“ во 1969 година. Истата година глумел и во своето специјално шоу, „Вуди Ален Спешл“. На шоуто изведувал стенд-ап комични рутини пред публика и глумел во скеч со Кендис Берген во кој тие се појавуваат голи, но камерата не ги покажува нивните голи тела. На специјалното шоу се појавиле и вокалната поп група 5та димензија кои ги извеле своите хитови „Воркинг он а груви тинг“ и „Вединг бел блуз“. Либи, спонзорот на шоуто, емитувала комични реклами во кои глумел Тони Рандал како декектив. Во периодот од 1971 до 1975 година Вуди Ален ги режирал и глумел во „Банани“, „Сè што секогаш сте сакале да знаете за сексот (Но сте се плашеле да прашате)“, "Слипер" и "Љубов и Смрт". "Грабни ги парите и бегај" и "Банани" ги напишал во соработка со неговиот пријател од детството Мики Роуз.
Први филмови
уредиПо првичните чисти комедии следејќи ја традицијата на Браќата Маркс, Ален се префрлил на софистицирани комедии во стилот на Ернст Љубич воведувајќи заплет на местото на простите комични конструкции. Ален се решил за овој жанр во последователната кариера. Тој ја напишал и глумел во филмската верзија на „Засвири ја уште еднаш, Сем“, режирана од Херберт Рос во 1972 година. Вуди Ален глумел и во „Фронтот“ (режиран од Мартин Рос) во 1976 година, филмот е хумористична и потресна претстава на холувидската црна листа во 1950-тите години. Во 1977 година филмот „Ени Хол“ освоил четири „Оскар" награди меѓу кои награда за најдобар филм и најдобра глумица во главна улога за Дајан Китон. „Ени Хол“ ги поставува стандардите за модерните романтични комедии, а уникатната облека во која Дајан се појавува во филмот започнала мал моден тренд (машката облека како што е вратоврската и волениот џемпер кој всушност бил на Дајана). Додека филмот сè уште бил во изработка, го носел насловот „Анхедонија“, што значи неспособност да се чувствува задоволство, а заплетот бил мистериозно убиство. Навидум, тој заплет не бил доволен (подоцна бил искористен за филмот „Мистериозно убиство во Менхетн“), Ален по продукцијата го монтирал филмот да се фокусира на романтичната комедија помеѓу карактерот на Ален, Алви Сингер и карактерот на Китон, Ени Хол. Во новата верзија под името „Ени Хол“ (именувана по Китон, нејзиното презиме Хол и прекарот Ени) заплетот сè уште е за неспособноста да се чувствува задоволство. Филмот е на 35-то место од 100-те најдобри филмови на „Американскиот филмски институт“, а 4-то место од 100-те најдобри комедии на „АФИ“. Филмот „Менхетн“, снимен во 1979 година е црно бел и може да се смета како омаж за Њујорк. Како и во повеќето Аленови филмови, протагонистите се од повисоката класа на академици. Иако ги исмева претенциозните интелектуалци, приказната е преполна со нејасни наводи што ја прави помалку достапна за општата публика. Црно белите мислења на церебралните ликови од Менхетн се одлика на многу Аленови филмови вклучивајќи ги и „Злосторства и престапи“ и „Ени Хол“. Заплетот во „Менхетн“ е насочен кон комплицираните односи помеѓу средовечниот Исак Дејвис (Вуди Ален) и 17 годишната Трејси (Мариел Хемингвеј).
Во периодот меѓу „Ени Хол“ и „Менхетн“, Ален ја напишал и режирал мрачната драма „Ентериери“ (1978) во стилот на покојниот шведски режисер Ингмар Бергман кој значително влијаел врз Ален. „Ентериери“ претставува значително отстапување од Аленовите „првични, смешни“ комедии (цитат од „Спомени Ѕвезден прав“ во 1980-тите).
1980-ти
уредиФилмовите на Ален, па дури и комедии, од 1980тите години имаат сериозен и филозофски призвук. Некои од нив се дела создадени под влијание на европските режисери, особено Ингмар Бергман и Федерико Фелини. Септември наликува на Бергмановиот филм Есенска соната, исто така Ален користел многу елементи од Бергмановиот филм Диви јагоди во филмот Друга жена. Слично на тоа, класичниот филм на Федерико Фелини Амаркорд бил силна инспирација за Радио денови.
Во приказната на Спомени на Ѕвезден прав се раскажува за успешниот режисер Сенди Бејтс, игран од страна на Вуди Ален, кој изразува незадоволство и презир кон своите обожаватели. Во жалост за неодамна починатиот пријател, карактерот вели: „Повеќе не сакам да пишувам смешни филмови“ и понатаму во филмот разни карактери (вклучувајќи и вонземјани) му кажуваат на Бејтс дека ги ценат неговите филмови, особено првичните, смешни филмови. Ален верува дека ова е еден од неговите најдобри филмови.[19]
Вуди Ален комбинира трагични и комични елементи во филмовите Хана и нејзините сестри и Злосторства и прекршоци, во кои раскажува две приказни кои се поврзуваат на крајот. Тој, исто така, ја продуцирал карактеристичната трагикомедична пародија на документарниот филм Зелиг. Тој направил три филма за шоу бизнисот: Дени Роуз од Бродвеј, во кој игра улога на њујоршки шоу бизнис агент, Пурпурната роза на Каиро, филм кој ја претставува важноста на киното за време на депресијата преку ликот на наивната Сесилија, и Радио денови, филм за Аленовото детство во Бруклин и важноста на радиото. Пурпурната роза на Каиро бил прогласен за еден од стоте најдобри филмови на сите времиња од страна на списанието Тајм, а Ален го опишал како еден од неговите три најдобри филмови заедно со Спомени на Ѕвезден прав и Меч бод. (Ален ги дефинира како „најдобри“ не во смисла на квалитет, туку дека се најблиску до оригиналната замисла.)
Во 1989, Ален заедно со Франсис Форд Копола и Мартин Скорсезе го направил филмот Њујоршки приказни, антологиски филм за жителите на Њујорк.
1990-ти
уредиВо црно белиот Филм Сенки и магла (1992) на Вуди Ален кој е снимен во чест на германските експресионисти се среќава музиката на Курт Веил. Потоа, Ален ја напишал критички поддржаната драма Сопрузи и сопруги (1992) која добила две номинации за Оскар: Џуди Дејвис за најдобра споредна женска улога и Вуди Ален за најдобро оригинално сценарио. Филмот Мистеријата на убиството на Менхетен (1993) кој е комбинација на неизвесност и црн хумор го означил враќањето на Дајана Китон, Алан Алда и Анџелика Хјустон.
Тој им се вратил на поведрите филмови со филмот Куршуми над Бродвеј (1994) со кој се здобил со номинацијата за Оскар за најдобар режисер, проследен со музичката комедија Сите велат те сакам (1996). Сцените со пеење и танцување во Сите велат те сакам се многу слични на оние од музичките комедии во кои глумат Фред Астер и Џинџер Роџерс. Комедијата Моќната Афродита (1995), и донел Оскар на Мира Сорвино. Драмата заснована на џез Сладок и гаден исто така добила две номинации за Оскар: Шон Пен (најдобар глумец) и Саманта Нортон (најдобра споредна женска улога). Кон крајот на деценијата, Ален им врти грб на поведрите филмови и се концентрира на помрачните сатири во Деконструирајќи го Хари (1997) и Знаменитости (1998).
Единственото „појавување“ на Ален во ситуациска комедија до сега (2009) е телефонскиот разговор во епизодата Вечера со Вуди од комедиската програма Слободни стрелци. Во оваа епизода програмата оддала признание на дел од неговите филмови. Ален го дал и гласот на главниот лик од анимираниот филм Мравката З (1998) во кој игра улога слична на неговите претходни невротични улоги задно со многу глумци со кој работел и претходно.
2000-ти
уредиПрвиот филм на Ален во соработка со „Дримворкс“ студиото „Ситни измамници“ (2000 година) (римејк на комедијата „Кражба“ (1942) на С.Џ. Перелман, во која глуми Едвард Г. Робинсон) претставува промена во насока каде Ален почнува да дава повеќе интервјуа и прави обид да се врати на своите корени на фарсата. „Ситни измамници“ имаше помал финансиски успех со заработувачка од повеќе од 17 милиони долари на домашниот пазар, но следите четири филмови забележале огромен успех вклучувајќи го и најскапиот филм на Ален, „Клетвата на килибарната скорпија“ (со буџет од 26 милиони долари).
„Холивудски крај“, „Уште нешто“ и „Мелинда и Мелинда“ добиле неповолна критика од мрежната страница за филмски критики „Ротен Томејтос“ и имале заработувачка од по 5 милиони долари на домашниот пазар. Некои критичари тврделе дека по „Свит енд Лоудаун“ филмовите на Ален се лоши и дека времето на Ален поминало. Други критичари се поблаги. Роџер Ербет пишува критирајќи го малку саканиот „Мелинда и Мелинда“: Не можам да го отстранам сомнежот дека филмовите на Вуди би имале подобар прием ако претходно немаше направено филм или секој негов филм е Санденс деби. Неговиот углед не е ајкула на суво, туку албатрос кој Ален со восхитувачка економичност има наредено критичарите да го носат на својот грб. Вуди Ален му даде мала улога на својот кумашин Квинси Роуз во „Мелинда и Мелинда“. Тој беше избран за соработник на Американската академија на науките и уметностите во 2001 година.
„Меч Бод“ (2005) е еден од најуспешните филмови на Ален во изминативе 10 години, и има добиено генерално позитивни критики. Дејствието се случува во Лондон, а во него глумат Џонатан Рајс Мајерс и Скарлет Јохансон. Овој филм е значително помрачен од првите четири филмови во сорабтка со филмското студио Дримворкс СКГ. Во „Меч Бод“, Ален го поместува својот фокус од њујоршката интелектуална висока класа на лондонската богата висока класа. Филмот заработил повеќе од 23 милиони долари на домашниот пазар (повеќе од било кој од неговите филмови во последните 20 години) и над 62 милиони долари на меѓународниот пазар. „Меч Бод“ му ја донесе првата номинација за Оскар на Ален по номинацијата за најдобро оригинално сценарио во 1998 година. Тој исто така доби и номинации за „Златен Глобус“ за пишување и режирање кои се првите номинации за „Златен глобус“ од 1987 година. Ален изјавил дека тоа е најдобриот филм кој го направил во интервјуто за магазинот „Премиер“.
Ален се врати во Лондон да го сними филмот „Сензација“ во кој глумат Јохансон, Хју Џекмен, Ијан Мекшејн, Кевин Мекнели и самиот тој (кој останува да биде последен филм во кој Ален глуми). Филмот бил премиерно прикажан на 28. Јули 2006 г. и добил мешани критики. Тој во Лондон го сними и „Сонот на Касандра“. „Сонот на Касандра“ премиерно бил прикажан во ноември 2007 година, а во него глумат Колин Фарел, Јуан Мекгрегор и Том Вилкинсон. По завршувањето на третиот филм во Лондон, Ален оди во Шпанија. Тој направил договор да го сними „Вики Кристина Барселона“ во Авилес, Барселона и Овиедо. Снимањето започна на 9 Јули 2007 год, а во него глумат Скарлет Јохансон, Хавиер Бардем, Ребека Хол и Пенелопе Круз. Зборувајќи за тамошното искуство, Ален вели: Возбуден сум што ја имам можноста да работам со Медиапро и да снимам филм во Шпанија, земја која ми стана драга. „Вики Кристина Барселона“ доби добри критики и освои „Златен глобус“ за најдобра музичка комедија, а Пенелопе Круз доби Оскар за најдобра споредна женска улога.
Ален вели дека „преживува“ на европскиот пазар. Европската публика се покажала отворена кон неговите филмови, посебно во Италија, Шпанија и Италија каде публиката е масовна (нешто со што се шегува во „Холивудски крај“). „Многу работи се променија во САД, сега е многу потешко да се направи добар краток филм“, вели Ален во интервју во 2004 година. „Лакомите студиа не ги интересира добар филм - двојно се посреќни ако дојдат до добар филм, но нивната цел се комерцијалните филмови. Ги сакаат само филмовите кои чинат 100 милиони долари, а заработуваат 500 милиони долари.“
Во Април 2008 година Ален започна со снимање на филм наменет за постарата публика во кој глумат Лери Дејвид, Патриша Клаксон и Еван Рејчел Вуд. Премиерата на „Што и да функционира“ била во 2009 година. Филмот е опишуван како црна комедија и ја следи приказната за неуспешен обид за самоубиство кој преминува во љубовен триаголник. Ален го напишал сценариото за „Што и да функционира“ уште во 1970-тите и улогата на Лери Дејвид била првично предвидена за Зеро Мостел кој починал истата година кога филмот „Ени Хол“ излегол.
2010-ти
уредиТој го режирал филмот Ќе запознаеш висок, црн туѓинец снимен во Лондон во јули 2009 година а главните улоги ги добиле Антонио Бандерас, Џош Бролин, Ентони Хопкинс, Анупам Кхер, Фрида Пинто и Наоми Вотс. Премиерата театрално се одржала на 23 септември 2010 година во САД. Во мај 2010 година филмот бил прикажан на Канскиот филмски фестивал, а на 12 септември 2010 година бил прикажан на филмскиот фестивал во Торонто.
Следен филм кој Ален го режирал бил филмот Полноќ во Париз,[20] во кој глумеле Адријен Броди, Овен Вилсон, Марион Котијар, Рејчел Мекадамс, Кети Бејтс, Мајкл Шин и во тој момент првата дама на Франција, Карла Бруни. Приказната на филмот следи семејство на службено патување во Париз вклучувајќи и млад брачен пар чии животи ќе се променат. Филмот дебатирал на Канскиот филмски фестивал на 12 мај 2011 година. Ален за време на конференцијата за печатот изјавил дека сакал „емоционално“ да го прикаже градот. „Сакав да биде онака како што јас го гледам Париз - Париз низ моите очи“, додал тој..[21] Неговиот следен филм, На Рим, со љубов, била комедија снимена во Рим а издадена во 2012. Филмот го означил враќањето на Ален пред камерата по неговата последна улога во филмот Сензација.[22]
Неговиот следен филм, драмата Несреќна Жасмин ја имала својата премиера во јули 2013.[23] Дејствието на филмот се играл во Сан Франциско и Њујорк, а главните улоги ги играле Алек Болдвин, Кејт Бланшет, Луј Си Кеј, Ендрју Дајс Клеј, Сали Хокинг, и Питер Сарсгард.[24] Филмот добил позитивни критики, а на Ален му донел нова номинација за Оскар за најдобро оригинално сценарио,[25] додека пак Бланшет го добила Оскарот за најдобра глумица во главна улога.[26] Во 2013, во Ница, Франција, Ален ја снимил романтичната комедија Магија на месечината, чие дејствие се случува во 1920те на Азурниот брег[27] а главните улоги ги толкувале Колин Фирт и Ема Стоун.[28]
Од јули до август 2014, Ален ја режирал мисериозната драма Ирационалниот човек во Њупорт, Род Ајленд, со Жоакин Феникс, Ема Стоун, Паркер Поузи и Џејми Блекли.[29] Ален изјавил дека овој филм, како и следните три кои ги планира, имаат целосна финансиска поддршка од Sony Pictures Classics.[30]
Идни проекти
уредиАлен со години сака да направи филм за почетоците на џезот во Њу Орлеанс. Филмот под привремениот наслов „Американскиот Блуз“ ќе ги следи крајно различните кариери на Луис Армстронг и Сидни Беше. Вуди изјави дека овој филм би чинел меѓу 80 и 100 милиони долари и затоа веројатно нема да биде снимен.[31]
Еминентност во филмскиот свет
уредиВо текот на својата кариера, Ален се здобил со голем број на признанија и награди на филмски фестивали и годишни национални филмски доделувања на награди кои му оддаваат признание како режисер, сценарист и глумец.
- Аленовиот филм Ени Хол добил четири Оскари во 1977 вклучувајќи ја и наградата за најдобар филм.
- Ален ја доби О. Хенри наградата за неговиот кус расказ под наслов Кугелмас Епизода објавен во Њујоркер на 2 мај 1977 година.
- Двапати ја добил наградата Цезар за најдобар странски филм, првпат за филмот Менхетен во 1980 година и вторпат за филмот Пурпурната роза на Каиро во 1986 година. Седум други негови филмови имаат добиено номинации за наградата.
- Во 1986, добил Златен глобус за најдобро сценарио за филмот Пурпурната роза на Каиро, а во 2009 година ја доби истата награда за најдобар филм за Вики Кристина Барселона. Тој бил и четири пати номиниран за најдобар режисер, четири пати за најдобро сценарио и двапати за најдобар глумец.
- Во 1995, Ален ја добил наградата Златен лав за животно дело на Венецијскиот филмски фестивал.
- Вуди Ален добил награда за животно достигнување од американското Здружение на режисерите во 1996 година.
- Во 2002, Ален се здобил со наградата на принцот од Астурија, а подоцна во Овиедо, Шпанија била подигната негов споменик во природна големина.
- Во 2002, на Канскиот филмски фестивал на Вуди Ален му била доделена наградата Златна палма за животно дело. Единствено тој и Ингмар Бергман ја примиле оваа награда.
- Во анкетата „Комичарот на комичарот“ во 2005 година, Вуди Ален бил изгласан од колегите комичари за третиот најкомичен акт на сите времиња.
- Ален ја добил титулата почесен доктор на науки на универзитетот Помпеу Фабра во Барселона, Шпанија во јуни 2007 година.
- Во 2010, Ален ја добил годишната награда 20/20 за најдобро оригинално сценарио за филмот Злосторства и прекршоци. Тој исто така бил номиниран за најдобар режисер, а филмот ја добил наградата за најдобар филм.
- Ален ја добил наградата Сесил Б. Демил за животно дело на 71. издание на Златните Глобуси на 12 јануари 2014.[32]
Оскар награди
уредиВуди Ален четири пати ја добил наградата Оскар, а бил номиниран вкупно 24 пати: шеснаесет како сценарист, седум како режисер и еднаш како глумец. Тој има најмногу „Оскар“ номинации од кој било друг писател, сите во категоријата - најдобро оригинално сценарио. Тој се наоѓа на третото место на сите времиња со седум номинации за најдобар режисер. Филмот Ени Хол освоил четири „Оскар награди (за најдобар филм, најдобро сценарио, најдобар режисер и за најдобра глумица). Ени Хол добил и петта номинација за Вуди Ален како најдобар глумец. Хана и нејзините сестри освоил три: за најдобро сценарио, за категориите најдобра споредна машка и најдобра споредна женска улога; а бил номиниран во четири други категории вклучувајќи ги најдобар филм и најдобар режисер.
И покрај пријателските признанија од Академијата, Ален и понатаму одбива да присуствува на церемониите или воопшто да ги препознае победите. Тој само еднаш се има појавено на „Оскар“ доделувањата. Во 2002 година се појавил ненајавен за да ги замоли продуцентите да продолжат да ги снимаат своите филмови во Њујорк по терористичките напади на 11 септември со зборовите: „Ништо не треба да претставам, ништо не треба да прифатам. Само морав да зборувам за Њујорк.“ Публиката станала и ракоплескала, а потоа Вуди најавил монтажа од видео клипови за Њујорк.[33]
Во сопственост на Ален е рекордот за најстар победник (на 76 години) во категоријата најдобро оригинално сценарио (за Полноќ во Париз, 2011).[34]
БАФТА награди
уредиАлен 9 пати бил добитник на наградата БАФТА (Британска академија за филмски и телевизиски уметности) а бил номиниран вкупно 22 пати. Во 1997 година му била врачена почесната награда БАФТА за животно дело.
- 1978 година - За Ени Хол - награди за најдобар филм, најдобро оригинално сценарио и најдобар режисер
- 1980 година - За Менхетен - награди за најдобар филм и најдобро оригинално сценарио
- 1985 година - За Дени Роуз од Бродвеј - награда за најдобро оригинално сценарио
- 1986 година - За Пурпурната роза на Каиро - награди за најдобар филм и најдобро оригинално сценарио
- 1987 година - За Хана и нејзините сестри - награди за најдобро оригинално сценарио и најдобар режисер
- 1993 година - За Сопрузи и сопруги - награда за најдобро оригинално сценарио
- Номинации за најдобар филм (Хана и нејзините сестри, Радио денови и Злосторства и прекршоци)
- Номинации за најдобар глумец (Ени Хол, Менхетен и Хана и нејзините сестри)
- Номинации за најдобар режисер (Менхетен и Злосторства и прекршоци)
- Номинации за најдобро сценарио (Зелиг, Радио денови, Злосторства и прекршоци, Куршуми над Бродвеј, Полноќ во Париз и Несреќна Жасмин)
Театар
уредиИако познат по своите филмови, Ален има и доста успешна кариера во театарот која започнува со скечовите кои ги напишал за смотрата Од А до Ш во 1960 година. Наголем успех постигнала Водата не е добра за пиење која премиерно играла во 1968 година и продолжила да се игра 598 пати во тек од две години на Бродвеј. Успехот на Ален продолжил со Засвири ја уште еднаш, Сем (1969) во која глумеле Ален и Дајана Китон. Претставата играла 453 пати и добила три номинации за наградата Тони, иако ни една од номинациите не била за Аленовото глумење или сценарио.[35]
Ален напишал голем број на едночинки меѓу кои најпознати се Бог и Смрт, објавени во 1975 година како дел од збирката Без пердуви.
Драмата Лебдечка светилка првпат била изведена на Бродвеј во 1981 година. Без оглед на добрите критики драмата била комерцијален неуспех. И покрај двете номинации за наградата Тони, и една добиена награда за глумата на Брајан Бакер, драмата била изведена само 62 пати.[36]
По долгата отсуство од сцената, Ален се вратил во театарот со едночинката Централ Парк Запад која е дел од театарска вечер позната под името Death Defying Acts составена и од новите дела на Дејвид Мамет и Елејн Мај во 1995 година.[37]
Во следните неколку години биле изведувани значајни дела на Ален во кои тој не учествувал директно. Драмата Бог била изведена во културниот центар „Банко до Бразил“ во Рио де Жанеиро,[38] а театарски адаптации на Куршуми над Бродвеј[39] и Септември'[40] биле изведени во Италија и Франција без Аленовото учество. Во 1997 година кружеле лажни гласини дека Ален пишува нова драма во која ќе глумела неговата сопруга Сун-Ји Превин.[41]
Ален конечно се вратил на сцената во 2003 година со драмата Писателска блокада составена од две едночинки Олд Сејбрук и Риверсајд Драјв кои биле изведени на Оф-Бродвеј. Оваа продукција била распродадена а воедно била и Аленовото деби како директор на сцена.[42] Истата година излегла вест дека Ален пишува сценарио за музичка комедија според Куршуми над Бродвеј, но претставата никогаш не била направена.
Во 2004 година по долгогодишната пауза од 1981 година беше изведена првата долгометражна драма режирана од Ален, Меморија од втора рака која продолжено играла на Оф-Бродвеј. Во јуни 2007 година било најавено дека Ален ќе дебитира во театарот со режирање на драма која тој не ја напишал и со режирање на опера - поинакво толкување на операта Џани Скики на Џакомо Пучини за операта во Лос Анџелес[43] - која дебитирала на Дороти Чендлер Павилјон на 6 септември 2008 година. Коментирајќи за режирањето на операта Ален изјави: „Не знам што правам“. Неговата продукција на операта го отворил фестивалот на два света во Сполето, Италија во јуни 2009 година.[44]
Музика
уредиАлен е страствен љубител на џезот кој има важен дел во музиката на неговите филмови. Тој почнал да свири како дете и го зел своето сценско име од кларинетистот Вуди Херман. Почнал со јавни настапи кон крајот на 1960те. Ален и „Презрвејшн Хол Џез Бенд“ ја создале музиката за филмот Слипер. Еден од неговите најрани телевизиски настапи бил на „Дик Кавет Шоуто“ на 20 октомври 1971 година.[45]
Вуди Ален и неговиот Њу Орлеанс Џез Бенд свират секоја понеделничка вечер во хотелот Карлајл во Менхетн и специјализираат во областа на класичниот Њу Орлеанс џез од почетокот на дваесеттиот век.[46] Документарниот филм Вајлд Мен Блуз (режиран од Барбара Копл) ни ја прикажува европската турнеја од 1996 година на Ален и неговата група како и неговата врска со Превин. Групата има издадено два албума, Бунк проектот (1993) и музиката од филмот Вајлд Мен Блуз (1997).
Ален и неговата група свиреле на меѓународниот Џез фестивал во Монтреал две последователни ноќи во јуни 2008 година.[47]
Личен живот
уредиБракови и врски
уредиХарлин Розен
уредиАлен се оженил со 16 годишната Харлин Розен на 19 години.[48] Бракот траел 1954-1959. Тајм пишува дека овие години биле „лути“ и „збунети“.
Розен, која Ален во своите стенд-ап настапи ја нарекува „Ужасната г-ѓа Ален“, го тужела Ален за клевета заради коментарите на Ален на телевизиско интервју кратко по нивниот развод. Ален пак, раскажал друга приказна во стенд-ап албумот „Стенд-ап комичар“ од средината на 1960-тите. Во настапот Ален вели дека таа го тужела заради некоја шега која тој ја кажал за време на интервју. Розен била сексуално злоупотребена пред нејзиниот апартман и според Ален весниците пишувало дека бил извршен сексуален „прекршок“. Во интервјуто, Ален рекол: „Знаејќи ја мојата поранешна жена, сигурно не било прекршок на законот за движење“. Во подоцнежното интервју за „Дик Кавет Шоу“, Ален повторно зборувал на оваа тема, ги повторил своите коментари и изјавил дека бил тужен за 1 милион долари.[49]
Луиза Ласер
уредиАлен се оженил со Луиза Ласер во 1966 година. Се развеле во 1969 и Ален не се оженил повторно сè до 1997 година. Ласер глумела во три филмови на Ален по разводот - Грабни ги парите и бегај, Банани и Сè што секогаш сте сакале да знаете за сексот (Но сте се плашеле да прашате) - и се појавила на кратко и во Спомени на Ѕвезден прав.
Дајана Китон
уредиВо 1970 година Дајана Китон добила улога во претставата на Ален Засвири ја уште еднаш, Сем на Бродвеј. Во текот на нејзиното изведување таа и Ален биле во романтична врска и иако се разделиле по една година, Дајан продолжила да глуми во голем број од филмовите на Ален вклучувајќи ги филмовите Слипер каде глуми футуристички поет и Љубов и Смрт каде глуми карактер составен врз основа на романите на Толстој и Достоевски. Филмот Ени Хол е доста важен за кариерите на Ален и Китон. Се смета дека улогата била напишана специјално за Дајана бидејќи правилното име на Дајана е Дајана Хол. Подоцна таа глумела во Ентериери каде игра улога на поет и во Менхетен. Во 1987 година Дајанa имала кратко појавување како пејачка во ноќен клуб во Радио Денови и била одбрана да ја замени Миа Фароу во Мистериозно убиство во Менхетн поради проблемите кои се јавиле во личниот и работниот однос меѓу Ален и Фароу. Дајанa Китон нема работено со Вуди Ален по Мистеријата на убиството на Менхетен. Вуди Ален и Дајанa Китон останале блиски пријатели и по крајот на нивната романтична врска.[50]
Стејси Нелкин
уредиСпоред Los Angeles Times општо познато е дека филмот Менхетен е заснован на романтичната врска меѓу Ален и глумицата Стејси Нелкин. Нејзината мала улога во филмот Ени Хол била отстранета од филмот, а нивната врска, иако Ален никогаш не ја потврдиl јавно, започнала кога таа имала 17 години и го посетувала средното училиште Стејвасант во Њујорк.[51][52][53]
Миа Фароу
уредиВо периодот околу 1980-тите години Ален започнал 12 годишна врска со глумицата Миа Фароу која имала главни улоги во неколку Аленови филмови во периодот од 1982-1992. Ален никогаш не се оженил со Фароу и живееле одвоено. Тие посвоиле две деца, Дилан Фароу (која го променила своето име во Елиза, а сега е позната како Мелоун) и Моше Фароу (сега познат како Мозес). Тие имале и едно биолошко дете, Сачел Фароу (сега познат како Ронан Шејмас Фароу). Ален не посвоил други од семејството на Фароу вклучувајќи ја и Сун-Ји Фароу Превин (посвоената ќерка на Миа Фароу и Андре Превин, сега позната како Сун-Ји Превин). Ален и Фароу се разделиле откако Фароу открила фотографии од голата 21 годишна Сун-Ји кај Ален. Во нејзината автобиографија, Фароу пишува дека Ален признал дека имал врска со Сун-Ји.
Откако се разделиле започнала долга јавна правна битка за старетелството на нивните три деца. За време на претресот Фароу тврдела дека Ален сексуално ја злоставувал нивната посвоена ќерка Дилан која тогаш имала 7 години. На крајот судијата заклучил дека обиненијата за сексуалното злоставување се неубедливи но Аленовата врска со Сун-Ји ја нарекол „крајно несоодветна“. Фароу го нарекла извештајот на истражната комисија „саниран, и затоа помалку веродостоен“ и додаде дека има „сомнежи во врска со веродостојноста на извештајот“. Таа го добила старетелството. На Ален му било забрането да ја посетува Мелоун, Ронан смеел да го види Ронан само под надзор.
Во интервју за Vanity Fair[54] во 2005 година, Ален изјавил дека освен штетата што му ја нанела на неговиот углед тоа што Фароу ги открила фотографиите од Сун-Ји е „среќен настан - еден од најсреќните во мојот живот [...] Тоа беше пресвртница кон подобро.“, а за неговата врска со Фароу рекол „Сигурно има работи што би ги направил поинаку [...] Кога ќе размислам, веројатно требаше да излезам од таа врска многу порано.“
Сун-Ји Превин
уредиОткако се разделил со Миа Фароу во 1992 година, Ален ја продолжил својата врска со Сун-Ји Превин. Иако тој никогаш не бил во брак со Миа Фароу, и никогаш не бил очув на Превин, неговата врска со Сун-Ји е опишувана како татко кој е романтично инволвиран со неговата посвоена ќерка бидејќи бил гледан како некој кој имал улога на татко во животот на Превин. На пример, во 1991 година The New York Times го опишува семејниот живот на Ален со зборовите, „Ален и Сун-Ји личат на брачен пар повеќе од некои веќе во брак. Постојано се во контакт и ниеден татко не го поминува времето со децата како Ален.“ И покрај изјавите на Превин дека Ален никогаш немал улога на татко во нејзиниот живот, нивната врска се смета за скандалозна. Во тоа време тој имал 56 години, а таа 22 години. На прашањето дали нивната разлика во години е погодна за „здрави и еднакви односи“ тој одговара дека еднаквоста не е услов во една врска и дека „срцето сака тоа што го сака. Нема тука логика. Запознаваш некој, се вљубуваш и тоа е тоа.“
Ален и Превин се венчале на 24 декември 1997 година во Палацо Кавали, Венеција.[55] Тие посвоиле две ќерки, Бекет и Манзи Тио по џез музичарите Сидни Беше, Манзи Џонсон и Лоренцо Тио Џуниор. Биолошкиот син на Ален и Фароу, Ронан Шејмас Фароу вели за Ален, „Тој ми е татко, оженет со мојата сестра. Тоа ме прави негов син и зет. Морално неприфатливо. Не можам да го видам. Не можам да имам врска со мојот татко и да сум морално доследен... Живеев со овие посвоени деца и затоа тие се моето семејство. Да кажам дека Сун-Ји не ми е сестра е навреда за сите посвоени деца.“
Психоанализа
уредиВуди Ален поминал 37 години на психоанализа. Голем дел од неговите филмови имаат обраќање кон психоанализата. И во анимираниот филм Мравки во кој Ален го позајмува својот глас на главниот лик Зи се отвора со класично Аленово комично дело. „Момент магазин“ пишува, „Тоа е двигател на неговите егоцентрични дела.“ Џон Бакстер, автор на делото „Вуди Ален - Биографија“ пишува, „Анализата е стимулирачка, па дури и возбудлива за Ален.“[56] Тој вели дека престанал со психоанализата кога почнал да се гледа со Превин и вели дека сè уште е клаустрофобичен и агорафобичен.
Дела за или инспирирани од Вуди Ален
уредиПокрај филмот „Вајлд Мен Блуз“, режиран од Барбара Копл, снимени се многу други документарни филмови за Вуди Ален, вклучувајќи го и телевизискиот документарен филм од 2002 година „Вуди Ален: Живот во филм“, режиран од филмскиот критичар од „Тајм Магазин“ Ричард Шикел, кој е составен од исочоци од филмовите на Ален испреплетени со интервју на Ален и „Митин ВА“ — кратко интервју на Ален со францускиот режисер Жан Лик Годар. „Чекајќи го Вуди Ален“ (2004) е краток филм кој го исмева „Чекајќи го Годо“ на Самуел Бекет и во кој глуми Моди Розенфилд. Во 2003 година, Кејт Блек го напишал, го режирал и глумел во филмот „Get the Script to Woody Allen“ во кој млад невротичен писател е опседнат со мислата како неговиот ракопис да стигне до Вуди Ален. Во 2010 година била прикажана британската романтична комедија „Менкатен“, во која Фил Дринкватер и Колин Вархурст патуваат од Манчестер во Њујорк со цел да снимат документарен филм за тоа како Вуди Ален и неговите филмови влијаеле на нивната работа од другата страна на светот.
Во периодот од 1976 година до 1984 година, Стјуарт Хампл го напишал и нацртал стрипот „Во Вуди Ален“, заснован на Аленовата филмска личност. Во 1967 година, ДиСи Комикс објавиле стрипот „Шоукејс“ #71 во кој се среќаваат Вуди Ален и измислената поп-група „The Maniaks“.
Вуди Ален е инспирирација на „Централ Парк Запад Приказни“ (издавач Балдини Кастолди Далај, 2005) од Глауко Дела Шиука (италијански соработник на Колумбиа Журнализам Ривју, Њујоркер, и Џуиш Вик од септември 2003 година). Во романот „Лав Крипс“ на Аманда Филипаки е прикажана сцена во која група набљудувачи на птици во Центар парк ги забележуваат Вуди Ален и Сун-Ји како излегуваат на терасата од нивниот дом и како прилично се возбудуваат. Една личност од група на анонимни прогонувачи на лекување не може да издржи и граба двоглед од еден набљудувач на птици за да ги гледа Вуди и Сун-Ји. Во романот на Џианина Браски, „Јо-јо боинг“, се опишува забава каде Вуди Ален трепери и пелтечи додека ги објаснува литературните класици и филмовите на Федерико Фелини. Еден краток расказ на македонскиот писател Ѓоко Здравески од 2019 година носи наслов „Сеида и јас кај Вуди на гости“.[57]
Филмот „Ентериери“ на Вуди Ален ја инспирирал песната „Death of an Interior Decorator“ од албумот „Transatlanticism“ на групата „Death Cab for Cutie“. Текстописецот и пејачот на „Манчестер Оркестар“, Енди Хул, го наведува Ален како еден од главните музички инспирации и има напишано неколку песни во негова чест, вклучувајќи ги „Alice and Interiors“, „Play it Again Sam! You Don't Have Any Feathers“, „Golden Ticket“ и „Sleeper 1972“.
Театарски дела
уредиПокрај режирањето, пишувањето и глумењето во филмови, Ален има и напишано и настапувано во голем број на Бродвеј театарски продукции.
Година | Наслов | Кредити | Место |
---|---|---|---|
1960 | Од А до Ш | Сценарист, писател (книга) | Театар Плимут |
1966 | Водата не е добра за пиење | Сценарист | Театар Коконут Грув, |
1969 | Засвири ја уште еднаш, Сем | Сценарист, изведувач (Алан Феликс) | Театар Бродхрст[58] |
1975 | Бог | Сценарист | — |
1975 | Смрт | Сценарист | — |
1981 | Лебдечка светилка | Сценарист | Театар Вивијан Бимонт |
1995 | Централ парк запад | Сценарист | Театар на различни уметности |
2003 | Олд Сејбрук | Сценарист, режисер | Театар Атлантик |
2003 | Риверсајд Драјв | Сценарист, режисер | Театар Атлантик |
2004 | Меморија од втора рака | Сценарист, режисер | Театар Атлантик |
2011 | Мотел за меден месец (дел од антологијата Релативно зборување) | Писател | Театар Брукс Еткинсон |
2014 | Куршуми над Бродвеј | Писател (книга) | Театар Сент Џејмс |
Библиографија
уредиИздадени драми
уреди- Водата не е добра за пиење: Комедија во два чина (1967), ASIN B0006BSWBW
- Засвири ја уште еднаш, Сем (1969), ISBN 0-394-40663-X
- Бог: Комедија во еден чин (1975), ISBN 0-573-62201-9
- Лебдечка светилка (1981)
- Три едничинки: Риверсајд Драјв, Олд Сејбрук, Централ парк запад (2003), ISBN 0-8129-7244-9
- Писателска блокада: Две едночинки (2005), ISBN 0-573-62630-8 (вклучувајќи ги Риверсајд Драјв и Олд Сејбрук)
- Секонд Хенд Мемори: Драма во два чина (2005)
- Драмите во еден чин Бог и Смрт се вклучени во колекцијата Без пердуви од 1975 година.
Куси раскази
уреди- Израмнување на сметките (1971), ISBN 0-394-47348-5
- Без пердуви (1975), ISBN 0-394-49743-0
- Несакани дејствија (1980), ISBN 0-394-51104-2
- Чиста Анархија (2007), ISBN 978-1-4000-6641-4
Антологии
уреди- Збирка проза на Вуди Ален (1992), ISBN 0-517-07229-7. (Збирка куси раскази објавени во Израмнување на сметките, Без пердуви и Чиста Анархија.)
- Неразумна одбрана: Збирка проза. Њујорк: Рандом Хаус Трејд Пејпербекс, 2007година, ISBN 978-0812978117.
Џебна книга
уреди- Приказна за лудакот (1986), ISBN 1-55628-001-7 (Краток расказ објавен во Несакани дејствија.)
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Lax, Eric (1991). „Woody Allen: A Biography“. Woody Allen: A Biography. Посетено на February 3, 2014.
Woody Allen was born in Brooklyn, New York, in the spring of 1952, When Allan Stewart Konigsberg, who was born in the Bronx on December 1, 1935, settled on the name as a suitable cover.
[мртва врска] - ↑ Comedy Central's 100 Greatest Stand-Ups of all Time. Everything2 (April 18, 2004). Retrieved May 4, 2012.
- ↑ Thorpe, Vanessa (January 2, 2005). „Cook tops poll of comedy greats“. The Guardian. London.
- ↑ Newton, Michael (January 13, 2012). „Woody Allen: cinema's great experimentalist“. The Guardian. London: Guardian News and Media. Посетено на April 9, 2012.
In the 1970s, Allen looked irreverent, hip, a part of the New Hollywood generation. In an age of 'auteurs', he was the auteur personified, the writer, director and star of his films, active in the editing, choosing the soundtrack, initiating the projects
- ↑ „Midnight in Paris :: rogerebert.com :: Reviews“. Rogerebert.suntimes.com. May 25, 2011. Архивирано од изворникот на 2018-01-19. Посетено на June 20, 2011.
- ↑ Kelly, Nathan (June 20, 2009). „An evening with Woody“. Sydney Morning Herald. Архивирано од изворникот на 2014-05-22. Посетено на October 23, 2012.
- ↑ „Martin Konigsberg“. Variety. January 16, 2001. Посетено на October 22, 2014.
- ↑ „Woody Allen Biography (1935–)“. Filmreference.com. Посетено на March 9, 2010.
- ↑ 9,0 9,1 „The religion of Woody Allen, director and actor“. Архивирано од изворникот на 2019-01-07. Посетено на January 16, 2008.
- ↑ Encyclopedia of American Jewish history – Stephen Harlan Norwood, Eunice G. Pollack – Google Books. Books.google.ca. Посетено на July 24, 2013.
- ↑ Newman, Andy; Kilgannon, Corey (June 5, 2002). „Curse of the Jaded Audience: Woody Allen, in Art and Life“. The New York Times. Посетено на January 16, 2008.
'I think he's slacked off the last few movies', said Norman Brown, 70, a retired draftsman from Mr. Allen's old neighborhood, Midwood, Brooklyn, who said he had seen nearly all of Mr. Allen's 33 films.
CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ „The Unruly Life of Woody Allen“. The New York Times. March 5, 2000. Посетено на March 9, 2010.
- ↑ Meade, Marion (2000). The unruly life of Woody Allen: a biography. New York: Scribner. стр. 31. ISBN 978-0-684-83374-3. OCLC 42291110.
- ↑ „Woody Allen on Life, Films And Whatever Works“. June 15, 2009.
- ↑ Lax, Eric (December 26, 2000). Woody Allen: a biography (2. изд.). Da Capo Press. ISBN 978-0-306-80985-9. OCLC 45714340.
- ↑ „Woody Allen : Comedian Profile“. Посетено на January 16, 2008.
- ↑ Woody Allen at Encyclopædia Britannica.
- ↑ Schmitz, Paul (December 31, 2011). „Lessons from famous college dropouts“. cnn.com. CNN. Посетено на September 2, 2013.
- ↑ Kamp, David (November 18, 2007). „Woody Talks“. The New York Times. Посетено на March 9, 2010.
- ↑ McNary, Dave (April 22, 2010). „Woody Allen reveals details of upcoming pic“. Variety. Посетено на June 18, 2015.
- ↑ Bagnetto, Laura Angela (May 12, 2011). „Woody Allen's film featuring Carla Bruni opens Cannes Film Festival“. Radio France Internationale. Архивирано од изворникот на 2013-10-26. Посетено на June 18, 2015.
- ↑ Hickman, Angela (May 9, 2011). „Woody Allen adds himself to the cast of his next picture“. National Post. Посетено на June 18, 2015.
- ↑ Brody, Richard (July 25, 2013). "Woody Allen's 'Blue Jasmine'". The New Yorker. Retrieved June 18, 2015.
- ↑ Kilday, Gregg (June 4, 2012). „Believe It: Woody Allen's Next Movie Features Louis C.K., Andrew Dice Clay“. The Hollywood Reporter. Посетено на June 18, 2015.
- ↑ „Blue Jasmine (2013)“. Rotten Tomatoes. Посетено на January 27, 2014.
- ↑ Nominees for the 86th Academy Awards | Academy of Motion Picture Arts & Sciences. Oscars.org (August 24, 2012). Retrieved May 22, 2014.
- ↑ Miller, William (August 4, 2013). „Woody Allen 2014 Film Update: More Images from Antibes and Nice, France“. The Woody Allen Pages. Посетено на June 18, 2015.
- ↑ Magic in Moonlight. Internet Movie Database. 2014.
- ↑ Goldstein, Meredith; Shanahan, Mark (July 8, 2014). „Emma Stone stays in Rhode Island for Woody Allen film“. The Boston Globe. Посетено на June 18, 2015.
- ↑ Itzkoff, Dave (July 20, 2014). „A Master of Illusion Endures“. The New York Times. Посетено на July 23, 2014.
- ↑ Lax, Eric; Allen, Woody (2007). Conversations with Woody Allen – His Films, the Movies and Moviemaking. Alfred A. Knopf. pp. 315–316. ISBN 978-1400031498.
- ↑ „Woody Allen receiving Golden Globes honor at January ceremony“. Newsday, Long Island, NY. Архивирано од изворникот на 2014-12-16. Посетено на September 13, 2013.
- ↑ Woody Allen at the 74th Academy Awards (2002) на YouTube
- ↑ „Will this year's Oscar nominations break any records?“. Guinnessworldrecords.com. January 15, 2014. Посетено на January 27, 2014.
- ↑ The Broadway League (March 14, 1970). „Internet Broadway Database: Play It Again, Sam Production Credits“. Ibdb. Посетено на March 9, 2010.
- ↑ The Broadway League. „Internet Broadway Database: The Floating Light Bulb Production Credits“. Ibdb.com. Посетено на March 9, 2010.
- ↑ „Death Defying Acts and No One Shall Be Immune – David Mamet Society“. Mamet.eserver.org. Архивирано од изворникот на 2010-02-24. Посетено на March 9, 2010.
- ↑ „Allen's God Shows Up in Rio, Jan. 16“. Playbill. January 15, 1998. Посетено на March 9, 2010.
- ↑ „Playbill News: Woody Allen Adaptation Debuts at Italian Theater Festival, Aug. 1“. Playbill. July 31, 1998. Посетено на March 9, 2010.
- ↑ „Playbill News: Stage Version of Woody Allen's September to Bow in France, Sept. 16“. Playbill. September 15, 1999. Посетено на March 9, 2010.
- ↑ „NY Post: Woody Allen Penning Play for Soon-Yi Previn“. Playbill. December 31, 1997. Посетено на March 9, 2010.
- ↑ „Playbill News: Two Weeks Added to Woody Allen's New Play, Second Hand Memory, at Off-Bway's Atlantic“. Playbill. Посетено на March 9, 2010.
- ↑ „Woody Allen makes debut at opera“. BBC News. BBC. September 8, 2008. Посетено на September 8, 2008.
- ↑ Itzkoff, Dave (May 7, 2009). „Woody Allen's Puccini Goes to Spoleto“. The New York Times. Посетено на April 6, 2010.
- ↑ Galbraith, Stuart, IV (February 21, 2006). „The Dick Cavett Show: Comic Legends DVD Talk Review of the DVD Video“. dvdtalk.com. Посетено на November 5, 2011.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Olsen, Erik (October 19, 2005). „New York City: Catch Woody Allen at the Cafe Carlyle“. gadling.com. Посетено на November 5, 2011.
- ↑ „Concert: Woody Allen And His New Orleans Jazz Band – Festival International de Jazz de Montreal“. Montreal Jazz Festival. Архивирано од изворникот на 2012-03-31. Посетено на November 5, 2011.
- ↑ „Woody Allen: Rabbit Running“. Time. July 3, 1972. стр. 3. Архивирано од изворникот на 2013-05-20. Посетено на August 4, 2009.
- ↑ „Dick & Woody discuss particle physics“. Посетено на November 18, 2013.
- ↑ Q&A: Diane Keaton Архивирано на 10 октомври 2013 г.. CBS News. February 18, 2004. Retrieved February 21, 2006.
- ↑ Fox, Julian (1996). Woody: Movies from Manhattan. Woodstock, New York: The Overlook Press. pp. 111–112. ISBN 978-0879516925.
- ↑ Baxter, John (1998). Woody Allen: A Biography. New York: Carroll & Graf. pp. 226, 248, 249, 250, 253, 273–4, 385, 416. ISBN 978-0786708079.
- ↑ Bailey, Peter J. (2001). The Reluctant Film Art of Woody Allen. Lexington: University Press of Kentucky. p. 61. ISBN 978-0813190419.
- ↑ Biskind, Peter (December 2005). „Reconstructing Woody“. Vanity Fair. Посетено на March 9, 2010.
- ↑ "Woody Allen marries Soon-Yi in Venice Архивирано на 17 ноември 2020 г.. CNN. (December 24, 1997). Retrieved July 24, 2013.
- ↑ „Moment Mag“. Архивирано од изворникот на 2007-03-11. Посетено на January 17, 2008.
- ↑ Ѓоко Здравески, Отсечки стварност. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 76-77.
- ↑ „Woody Allen Biography (1935–)“. filmreference.com. Посетено на February 28, 2008.
Надворешни врски
уреди„Вуди Ален“ на Ризницата ? |
- Матична страница
- Вуди Ален на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Вуди Ален — AllMovie (англиски)
- Woody Allen на TCM Movie Database
- Вуди Ален — Internet Broadway Database (англиски)
- Вуди Ален на Internet Off-Broadway Database
- Гостувања на C-SPAN
- Дела од или за Вуди Ален во разни библиотеки (каталог WorldCat) (англиски)
- Вуди Ален собрани вести и коментари на The New York Times