Гамета

(Пренасочено од Гамет)

Гамета означува специјализирана полова клетка која вообичаено се спојува со друга гамета во процесот на полово размножување. Гаметите се хаплоидни клетки кои содржат еден комплетен сет на хромозоми и се продуцираат во процесот гаметогенеза кој вообичаено се одвива во половите органи (гаметангиуми). За време на гаметогенезата доаѓа до редукциона (мејотска) делба на клетките кои преминуваат од диплоидни соматски во хаплоидни полови клетки (гамети). По копулацијата (спојувење) на две гамети доаѓа до повторно удвојување на бројот на хромозомите, односно се добива нова единка, зигот. По низа модификации и енормен број на митотски клеточни делби зиготот најпрво поминува во ембрион, за подоцна по раѓањето да созрее во адултна единка способна да продуцира гамети.

Човечка сперматозона продира во човечки јајник. Сперматозоунот е со големина приближно 100 000 пати помала од човечката јајце-клетка.

Кај животните и останатите организми кои полово се размножуваат по пат на оогамија, половите клетки, сперматозоидите и јајце-клетките, поседуваат големи разлики во структурата, големината и однесувањето. Покрај оогамниот полов процес, постојат и, изогамија, кој вклучува две идентични гамети, и анизогамија или хетергамија, кога машката и женската гамета се разликуваат по големина. Кај пониско организираните организми постојат и низа други помалку познати начини на полово размножување кои може но и не мора да вклучуваат гамети во основната смисла на зборот. Такви се на пример: зигогамија или гаметангиoгамија, конјугација, хологамија, автогамија.

  NODES