Гари
Гари — мијачко село во Општина Дебар, во околината на градот Дебар.[2] Селото е сместено на падините на планината Стогово, под шумата наречена Канеш. Низ самото село поминува Гарска Река, која претставува заштитен споменик на природата.
Гари | |
Панорамски поглед на селото | |
Координати 41°30′2″N 20°40′58″E / 41.50056° СГШ; 20.68278° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Дебар |
Население | 10 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1250 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 08008 |
Надм. вис. | 1100 м |
Слава | Голема Богородица |
Гари на општинската карта Атарот на Гари во рамките на општината | |
Гари на Ризницата |
Селото е особено познато по иконостасот и резбата во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, кои биле изработени од тајфата на далеку познатиот мајстор Петре Филиповски - Гарката.
Географија и местоположба
уредиГари е дел од областа Мала Река, сместено длабоко во пазувите на планината Стогово, на надморска височина од околу 1100 метри. Селото се наоѓа во една тесна долина, која произлегува од едно ледничко езерце на Стогово.
При продорот на словенските племиња на Балканот, меѓу повоинствените се наоѓаат Мијаците. Неколку легенди говорат дека тие како похрабри го населиле најтешко проодниот предел од Македонија по Радика, во пазувите на планините Стогово, Бистра, Јама па сè до Малесија и Лума (Албанија). Според Тома Смилјаниќ, Мијаците се викаат така зошто секогаш биле чисти и измиени. Друго предание говори дека Мијаците го добиле името бидејќи личната заменка „ние“, ја изговараат „мие“. Смилјаниќ смета дека ова толкување е најточно. Според Новаковиќ, (Законски споменици), Гари се споменува во XIV век. Според едно предание се смета дека некогаш Гари се наоѓало во месноста Присој, некаде околу XIV век.
Историја
уредиСпоред истиот автор се наведува дека Гари било населено од страна на Мијаците во 1760 година, а претходно таа месност била пуста.[3] Според легендата се вели дека во текот на XV век на падините на планината Стогово, во месноста наречена Дрениче постоела црква посветена на Свети Спас, од која неколкупати ја снемувало иконата посветена на светецот. Иконата одлетувала до денешното село Гари, а селаните подоцна ја враќале назад, но настанот се повторувал. Затоа, селаните одлучиле да подигнат нова црква и село на местото каде паѓала иконата.[4]
Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“ го опишал Гари „како село со повеќе од 180 куќи, повеќето со два или три ката, кои со својата масивна камена структура, изложени на југ и амфитеатрално симетрично распоредени, му даваат еден прекрасен пејзаж“.[3]
Според податоците од 1873 година, селото имало 100 домаќинства со 278 жители христијани (Македонци).[5] Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 1000 жители христијани (Македонци).[6]
Вкупно 8 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[7]
Стопанство
уредиВо селото, уште од неговото населување, најголема стопанска дејност била сточарството, поради планинската местоположба и малкуте можности за обработка на земјата. Некогаш, во селото имало 25.000-30.000 овци, од кои се правел кашкавал и сирење, кои се продавале низ Македонија и во странство.
Во време на Југославија била направена килимарницата, која вработувала 120 жени, кои произведувале персиски килими, кои на времето се продавале во Германија.
Во поново време била најавена странска инвестиција од страна на хрватското претпријатие „Мали Лошињ“, кое започнало со изградба на фабрика за вода за пиење од околните извори. Фабриката е сместена во близина на селото, на оддалеченост од пет километри.
Население
уредиНа Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Гаре се води како чисто македонско село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 195 куќи.[8]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[9]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 10 жители, 9 Македонци и 1 друг.[10] Во последните години, бројот на жители е дополнително намален и одвај да има некој постојан жител преку целата година, додека за време на летниот период, многумина иселени гарци се враќаат во селото.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1000 | 1560 | 539 | 546 | 454 | 37 | 17 | 9 | 33 | 10 | 10 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
уредиГари е старо македонско православно село. Според народната традиција еднаш селото пропаднало, па денешното село го обновиле доселеници од разни краишта и од некои раселени села во атарот на Гари.[15]
Родови во Гари се: Дудовци (50 к.), најстар род во селото; Којчевци (16 к.); Коџакаровци (8 к.); Џиковци (10 к.), доселени од Тресонче; Пејчиновци (15 к.); Стаматовци (17 к.); Поповци (8 к.); Патниковци (7 к.); Србиновци (15 к.) и Негровци (15 к.).
Селото е на патот Дебар-Кичево и затоа се чувствува влијанието на Брсјаците врз населението.
Општествени установи
уреди- Поранешната жандермерија надвор од селото
- Старото училиште
- Старата хидроцентрала на Гарска Река
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на големата Општина Дебар, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Ростуша.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лазарополе, во која покрај селото Гари, се наоѓале и селата Лазарополе, Росоки, Селце и Тресонче. Општината Лазарополе постоела и во периодот 1950-1952.
Избирачко место
уредиСелото е опфатено во избирачкото место бр. 477/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Могорче.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 827 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[18]
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква (1860 г.);
- Црква „Св. Петка“ — црква сместена на падините на Стогово, наречена „Изворите“, изградена кон крајот на XX век;
- Црква „Св. Јован Крстител“ — изградена кон крајот на XX век.
- Реки
Редовни настани
уреди- Голема Богородица (28 август) — селска слава
Култура и спорт
уредиОд селото Гари потекнува познатата тајфа на копаничари предводени од Петре Филиповски - Гарката. Меѓу позначајни ракотворби на оваа тајфа резбари се иконостасите во манастирот „Св. Јован Бигорски“ и црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Личности
уреди- Петре Филиповски - Гарката — резбар
- Тодор Петков — градител на куќата на Робевци во Охрид
Иселеништво
уредиНајголем дел од иселените гарци се наоѓаат во Скопје. Најголемото иселување се случило по затворањето на задругата во 1961 година.
Галерија
уреди-
Глетка од Гари во пазувите на Стогово
-
Поглед од Гари
-
Поглед на Гари и камбанаријата на главната селска црква
-
Поранешната жандермерија во селото
-
Фудбалското игралиште над селото
-
Поранешната килимарница во селото
-
Крстот над Гари со поглед на селото
-
Поглед на крстот од селото
-
Влезот во селото
-
Летниковец во близина на крстот
-
Поглед на дел од селото
-
Поглед на дел од селото
-
Поглед на дел од селото
-
Стара хидроцентрала во селото
-
Дел од селото
-
Чешма во селото
-
Гарски Водопад
- Архитектура
-
Традиционална архитектура во Гари
-
Традиционална архитектура во Гари
-
Традиционална архитектура во Гари
-
Традиционална архитектура во Гари
-
Традиционална архитектура во Гари
-
Традиционална архитектура во Гари
-
Традиционална архитектура во Гари
-
Традиционална архитектура во Гари
-
Традиционална архитектура во Гари
-
Традиционална архитектура во Гари
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Павловски, Јован (2006). Ми-Анова енциклопедија: М-П. Скопје: Книгоиздателство МИ-АН. ISBN 9989613915.
- ↑ 3,0 3,1 Трајчев, Георги (1941). Книга за Мијаците (12. изд.). Софија: Македонска библиотека.
- ↑ „Гари“. Мариово Филм. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 28 септември 2015.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.170-171.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.259
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 48.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Смиљаниќ, Томе (1925). Мијаци, Горња Река и Мавровско Поље. Српска краљевска академија. стр. 100–101.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
уреди„Гари“ на Ризницата ? |