Хомосексуалец

(Пренасочено од Геј маж)

Хомосексуалец или понекогаш геј (англиски: gay, весел [архаизам]) — сексуален идентитет на некоја хомосексуална личност. Геј како термин првпат се појавува со Стонвол демонстрацијата во 1969. Таа година основана е цела нова генерација организации, идентификувајќи се со зборот „геј“, што освен сексуалната ориентација значело и радикално нова основа на самоидентификација во смисла на отворен политички активизам. Сексуалниот идентитет произлегува од сексуалноста. Под тоа се подразбира сопствено опишување или прифаќање на разни идентитети кои се дел како такви важен сегмент на целокупниот психолошкиот и друштвениот живот на човекот. Во создавањето или прифаќањето на сексуалниот идентитет на личноста се повикува на право на самодефинирање - право на личноста да сама го дефинира својот идентитет и себе како личност, и право на самоидентификување. Исто така покрај термините „хомосексуалец“ и „геј“ се користи и терминот „педер“, најверојатно со француско потекло, но често овој термин има негативна конотација.

Знаме на ЛГБТ популацијата
Геј-заедницата во Аргентина

Поврзано

уреди
  NODES