Гонореја (трипер или капавец) — заразно полово заболување, кое се пренесува со полов контакт, може да се пренесе од мајката на плодот за време на бременоста, а многу ретко преку заразени предмети (облека, крпа, сунѓер) и ја предизвикува бактеријата Neisseria gonorrhea. Извор на зараза е заразен човек и се пренесува со директен полов контакт преку кожа и слузокожа на половите органи. Клиничката слика на гонореја е различна кај мажи и кај жени.

Гонореја
За време на Втората светска војна, владата на САД користела постери за да ги предупреди војниците за опасностите од гонореа и другите полово преносливи болести.
СпецијалностДерматологија, Урологија, гинекологија Уреди на Википодатоците

Први знаци на заразеност

уреди

Кај мажи првите знаци на заразеност се јавуваат 2-5 дена по заразата и тоа се јавува печење и болка за време на мокрењето, бел, жолт или зелен исцедок од половиот орган и отечени се регионалните лимфни јазли и се покачува и телесната температура. Кај жени знаците на зараза се послабо изразени. Се јавуваат знаци на заразџа на мочниот меур, болки при мокрењето, печење, чешање, постојат знаци на зараза на цервиксот од каде се цеди гноен секрет, слузожата е црвена, болна и отечена. Инфицираните жени се подложни на висок ризик од сериозни компликации поради заразата без разлика на отсуството на симптоми.

Компликации

уреди

Нелечената гонореја може да предизвика сериозни и трајни здравствени проблеми како кај жените така и кај мажите. Кај мажите, гонорејата може да предизвика епидидимитис, што е всушност болна состојба кај која се појавува залепување на семеводите кај тестисите која може да предизвика стерилност доколку не се лекува. Гонорејата може да се пренесе во крвта или на зглобовите. Ваквата состојба може да биде фатална. Кај жените, гонорејата е главен предизвикувач на воспалување на внатрешните полови органи.

Симптоми

уреди

Симптомите може да бидат благи или неподносливо болни и да предизвикуваат абдоминални болки и треска со висока температура. Доколку бремена жена има гонореја, таа може да го зарази бебето за време на пораѓањето, односно додека тоа поминувало низ родилниот канал. Заразата може да предизвика слепило, зараза на зглобовите или зараза на крвта која може да биде опасна по живот.

Лечење

уреди

Лечењето на гонореја веднаш штом се открие, го намалува ризикот од наведените компликации. Се дава антибиотска терапија - пеницилин. Превенција од гонороична зараза е избегнување на полови контакти со непознати, ризични или заболени лица, лекарски преглед при секој симптом на печење, болка и оток на гениталните органи. Кај бремените жени навременото откривање на заразата и неговото лекување ги спречува понатамошните компликации кај плодот.

Надворешни врски

уреди
Класификација
П · Р · П
Надворешни извори


  NODES