Општина Трговиште (Србија)

(Пренасочено од Горна Пчиња)

Оваа статија е за Општина Трговиште во Србија. За останати места со називот Трговиште, видете Трговиште (појаснување)

Трговиште
општина
Грб на Трговиште
Трговиште is located in Србија
Трговиште
Трговиште
Местоположба на Трговиште во Србија
Координати: 42°21′31″N 22°04′34″E / 42.35861° СГШ; 22.07611° ИГД / 42.35861; 22.07611
ДржаваСрбија
РегионЈужна и Источна Србија
ОкругПчињски Округ
Година кога е основана1913
СедиштеТрговиште
Управа
 • ГрадоначалникРадосав Јордановиќ (ОРС)
Површина
 • Вкупна370 км2 (140 ми2)
Надм. вис.&10000000000000877000000877 м
Население (2011)
 • Вкупно5,091
 • Густина0,014/км2 (0,036/ми2)
Час. појасUTC+1
 • Лето (ЛСВ)UTC+2 (UTC)
Поштенски број17525
Повикувачки број+381(0)17
Рег. таб.VR
Мреж. местоtrgoviste.rs

Општина Трговиште е општина на крајниот југ на Србија во Пчињскиот Округ. Седиштето на општината е во селото Трговиште. Според пописот од 2002 година, селото има 1.864 жители, а општината 6.372 жители. Во општината има 35 населени места. Според пописот од 2011 година, општината има 5.091 жител.

Географија

уреди
 
Општина Трговиште во Пчињскиот Округ

Во традиционален поглед, територијата на општината приближно се совпаѓа со традиционалната област Горна Пчиња и била дел од северниот дел на поширока Македонија. Општината се граничи со општините Босилеград, Врање, Бујановац и соседната држава Македонија во должина од 47 км.

Надморската височина се движи од 805 метри (во Трговиште), до 1.825 метри на Големи Врх (планината Бела Вода). Земјата има планински карактер и се состои од планини: Бела Вода, Зладовачка Планина, Лесничка Планина, Копљача и Петрова Гора. Реки во Општината Трговиште се: Трипужница, Козједолска, Лесничка Река и Пчиња.

Населени места

уреди

Освен градот Трговиште, општината ги вклучува следниве населени места (традиционалните македонски имиња на местата стојат во загради онаму кајшто се разликуваат од српските):[1]

Население

уреди

Како дел од традиционална Македонија, селата во оваа општина во минатото биле претежно македонски. Дел од населението се иселило понајуг, во денешниот Североисточен Регион на Р Македонија. По Втората светска војна, бројот на жители на општината бил над 15.000, но оттогаш трае процесот на економско селење на населението во поразвиените области. Денес во општината живеат нешто повеќе од 5.000 луѓе.

Население во минатото
ГодинаНас.±% год.
194815.368—    
195315.578+0.27%
196114.404−0.97%
197112.556−1.36%
19818.923−3.36%
19917.146−2.20%
20026.372−1.04%
20115.091−2.46%
Извор: [2]

Етничкиот состав на општината:

Народност Население Удел (%)
Срби 4.977 97,76
Роми 29 0,57
Македонци 27 0,53
Бугари 14 0,27
останати 44 0,86
Вкупно 5.091

Економија

уреди

Општина Трговиште е најмалку развиена во Република Србија. Општината е далеку од главните железнички патишта, а независноста на Република Македонија и создавањето на физичка државна граница имало особено неповолно влијание на оваа област. Во средината на 1980-тите биле изградени погоните на „Симпо“ (160 работници), „Јумко“ (400 работници) и „Коштана“ (400 работници). Од нив до денес опстанал само погонот на „Симпо“.

Личности

уреди

Наводи

уреди
  1. Прешевска каза. Македонија. Етнографија и статистика, 1900 г.
  2. „2011 Census of Population, Households and Dwellings in the Republic of Serbia“ (PDF). stat.gov.rs. Statistical Office of the Republic of Serbia. Посетено на 11 January 2017.

Надворешни врски

уреди
  NODES