Двоѕвезда

пар ѕвезди кои изгледаат блиски една до друга на небото

Двоѕвезда или визуелна двојка — пар ѕвезди кои делуваат блиски една до друга гледани од Земјата, особено преку оптички телескопи.

Ова се јавува бидејќи парот образува или двојна ѕвезда (т.е. двоен или бинарен систем од ѕвезди во меѓусебна орбита, гравитациски врзани една за друга) или оптичка двојка (случајно порамнување во видната линија на две ѕвезди кои се на различни растојанија од набљудувачот).[1][2] Двојните ѕвезди се од важност за астрономите бидејќи сознанијата за нивните движења овозможуваат непосредно пресметување на ѕвездената маса и другите параметри. Единствениот (можен) случај на „двојна ѕвезда“ чии две составници се одделно видливи со голо око е случајот со Мизар и Алкор (иако всушност се работи за повеќеѕвезден систем), но не е познато со сигурност дали овие две ѕвезди се гравитациски врзани.[3]

На почетокот на 1780-тите, професионалните и аматерските астрономи почнале телескопски да ги мерат растојанијата и аглите помеѓу двоѕвездите со цел да ги утврдат нивните движења една во однос на друга.[4] Ако односното движење на еден пар определува закривен лак на орбита, или ако тоа движење е мало во споредба со заедничкото сопствено движење на двете ѕвезди, тогаш може да се заклучи дека парот е во заемна орбита како двојка. Во спротивно, парот е оптички.[2] Вака се проучуваат и повеќекратните ѕвезди, иако динамиката на повеќечлените ѕвездени системи е посложена од онаа кај двојките.

Ова се три видови спарени ѕвезди:

Со унапредувањето на телескопската технологија, астрономите заклучуваат дека некои невизуелни двојки се впрочем визуелни, како што е случај со Северница A во 2006 г.[5] Телескопското набљудување е единствениот начин да се одреди дали работи за визуелна или невизуелна двојка.

Историја

уреди

Мизар во соѕвездието Голема Мечка е забележана како двојна ѕвезда од страна ба Бенедето Кастели и Галилео Галилеј.[6] Набргу се забележани и други: Роберт Хук открил еден од првите двојни системи (Гама Овен) во 1664 г.,[7] а Фонтене во 1685 г. ја увидел двојноста на сјајната јужна ѕвезда Акрукс во соѕвездието Јужен Крст.[1] Оттогаш се спроведува темелно пребарување на двоѕвезди по целото небо сè до ограничувачката привидна величина од 9,0.[8] Барем една 1 од 18 ѕвезди на северното небо посјајни од 9,0 величини се двоѕвезди видливи со телескоп од 910 мм во пречник.[9]

Неврзаните категории на оптички двојки и вистински двојки се ставаат заедно од историски и практини причини. Кога е утврдено дека Мизар е двојна ѕвезда, било мошне тешко да се одреди дали двојната ѕвезда е двоен систем или просто оптичка двојка. Со подобрувањето на телескопите, спектроскопијата,[10] и фотографијата, астрономите располагаат со подобри алатки за да ја направат разликата. Откако е заклучено дека се работи за визуелна двојка, увидено е дека самите составници на Мизар се спектроскопски двојки.[11]

Набљудување на двоѕвездите

уреди

Набљудувањето на визуелни двоѕвезди со визуелни мерења ја дава одделеноста или аголното растојание помеѓу двете составници на небото и положбениот агол. Овој агол укажува на насоката во која ѕвездите се одделени и се дефинира како упатеноста од посјајната составница кон послабата, каде северот е 0°.[12] Во мерењето на визуелната двојка, положбениот агол се менува постепено и одделеноста на двете ѕвезди ќе се колеба помеѓу највисоката и најниската вредност. Со исцртување на измереното на рамнина се добива елипса. Ова е привидната орбита, која е проекција на орбитата на двете ѕвезди врз небесна сфера; според неа може да се пресмета вистинската орбита.[13] Иако се очекува дека највеќето каталогизирани визуелни двоѕвезди се визуелни двојки,[14] пресметани се орбитите на само неколку илјади од преку 100.000 познати визуелни двоѕвезди.[15][16]

Разлика помеѓу двојните ѕвезди и другите двоѕвезди

уреди

За да се заклучи дека една визуелна двоѕвезда е двојна ѕвезда, потребно е да се набљудува односното движење на нејзините составници. Ако движењето е дел од орбита, или ако ѕвездите имаат слични радијални брзини, или пак разликата во нивните поединечни сопствени движења е мала во споредба со заедничкото сопствено движење, тогаш парот веројатно е физички. Кога се набљудуваат во краток временски период, составниците на оптичките двоѕвезди и долгопериодичните визуелни двојки делуваат како да се движат во права линија; поради ова, честопати е тешко да се направи разлика помеѓу овие две можности.[17]

Ознаки

уреди

Некои сјајни визуелни двоѕвезди имаат Бајерова ознака. Во тој случај, составниците се означуваат во горен индекс. Ваков пример е α Јужен Крст (Акрукс), чии составници се α1 Јужен Крст (α1 Cru) и α2 Јужен Крст (α2 Cru). Бидејќи α1 Јужен Крст е спектроскопска двојка, ова е всушност повеќекратна ѕвезда. Горните индекси се користат за разликување на подалечни, физички неповрзани парови ѕвезди со истата Бајерова ознака, како што се α1,2 Јарец, ξ1,2 Кентаур и ξ1,2 Стрелец. Овие оптички парови се одделиви со голо око.

Освен овие парови, составниците на една двоѕвезда начелно се означуваат со латиничните наставки A (за посјајната, главна ѕвезда) и B (за потемната, споредна ѕвезда), и овие наставки се ставаат на каква било ознака. На пример, составниците на α Големо Куче (Сириус) се α Големо Куче A и α Големо Куче B (Сириус A и Сириус B); составниците на 44 Воловар се 44 Воловар A и 44 Воловар B; составниците ADS 16402 се ADS 16402A и ADS 16402B и така натаму. За да се означи пар може да се употребат буквите AB заедно. Во случај на повеќекратни ѕвезди се користат буквите C, D итн., често по редослед на одделеност од главната составница A.[18]

Ознаки на откривачите на двоѕвезди[19]
Откривач Традиц. код WDS-код
Бризбејнска опсерваторија Brs0 BSO
Ш.В. Бернам β BU
Џејмс Данлоп Δ DUN
Вилијам Хершел H I, II итн. H 1, 2 итн.
Н. Лакај Lac LCL
Ф. Г. В. Струве Σ STF
Струвеов приложен каталог I Σ I STFA
Струвеов приложен каталог II Σ II STFB
Ото Струве STT
Пулковски приложен каталог OΣΣ STTA

Визуелните двоѕвезди се означуваат и со кратенка од името на нивниот откривач проследена од каталошкки број единствен за тој набљудувач. На пример, парот α Кентаур AB е отткриен од Отецот Ришо (Richaud) во 1689 г. и затоа ја носи ознаката RHD 1.[1][20] Other examples include Δ65, the 65th double discovered by Џејмс Данлоп, and Σ2451, discovered by Ф. Г. В. Струве.

Вашингтонскиот каталог на двоѕвезди е голема база на податоци за двојни и пвоеќекратни ѕвезди и содржи преку 100.000 единици,[15] секоја со податок за одделеноста на составниците. Секоја двоѕвезда има по една единица во кагалогот; повеќекратните ѕвезди со n составници се претставени од единици во каталогот за n−1 парови, секоја давајќи ја одделеноста на една составница од друга. Кодовите како AC служат за да означат кои составници се сопоставуваат, како да речеме составницата C во однос на составницата A. Ова може да се прилагоди, срочувајќи AB-D за да се означи одделеност на составницата од близок пар составници (во случајов, составница D во однос на парот AB.) Кодовите како Aa исто така означуваат составница измерена во однос на друга — во случајов A.[21] Се наведуваат и ознаки на откривачите; но традиционалните ознаки Δ и Σ се претворени во низа големи римски букви, па така Δ65 станало DUN  65 и Σ2451 станало STF 2451. Повеќе примери се прикажани на приложената табела.[19][22]

Примери

уреди
 
Уметничка претстава на дисковите околу младите ѕвезди HK Бик A и B.[23]

Визуелни двојки

уреди

Оптички двојки

уреди

Неизвесни

уреди
  • систем Кастор (Aa/Ab/Ba/Bb) и YY Близнаци (затоа Кастор Ca/Cb) is generally considered a physical system
  • систем Мизар (Aa/Ab/Ba/Bb) и Алкор (itself a binary, затоа Мизар Ca/Cb)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Aitken, R. G. (1964). The Binary Stars. New York: Dover. стр. 1.
  2. 2,0 2,1 Heintz, W. D. (1978). Double Stars. Dordrecht: D. Reidel. стр. 17. ISBN 90-277-0885-1.
  3. Zimmerman, Neil; Oppenheimer, Ben R; Hinkley, Sasha; Brenner, Douglas; Parry, Ian R; Sivaramakrishnan, Anand; Hillenbrand, Lynne; Beichman, Charles; Crepp, Justin R; Vasisht, Gautam; Roberts, Lewis C; Burruss, Rick; King, David L; Soummer, Rémi; Dekany, Richard; Shao, Michael; Bouchez, Antonin; Roberts, Jennifer E; Hunt, Stephanie (2010). „Parallactic Motion for Companion Discovery: An M-Dwarf Orbiting Alcor“. The Astrophysical Journal. 709 (2): 733–740. arXiv:0912.1597. Bibcode:2010ApJ...709..733Z. doi:10.1088/0004-637X/709/2/733. S2CID 6052794.
  4. Heintz, W. D. (1978). Double Stars. Dordrecht: D. Reidel. стр. 4–10. ISBN 90-277-0885-1.
  5. „Artist's Concept of Polaris System - Annotated“. HubbleSite. Space Telescope Science Institute.
  6. A New View of Mizar Архивирано на 7 март 2008 г., Leos Ondra, посет. 26 мај 2007 г.
  7. Aitken, Robert G. (1935). The Binary Stars. New York: McGraw-Hill. стр. 1.
  8. The Binary Stars, Robert Grant Aitken, New York: Dover, 1964, стр. 24–25, 38, и стр. 61, The present status of double star astronomy, K. Aa. Strand, Astronomical Journal 59 (март 1954), стр. 61–66, Bibcode1954AJ.....59...61S.
  9. The Binary Stars, Robert Grant Aitken, New York: Dover, 1964, стр. 260.
  10. Fraunhofer, 1814
  11. Pickering, 1889
  12. стр. 2, Observing and Measuring Double Stars, Bob Argyle, ed., London: Springer-Verlag, 2004, ISBN 1-85233-558-0.
  13. стр. 53–67, Observing and Measuring Double Stars, Bob Argyle, ed., London: Springer-Verlag, 2004, ISBN 1-85233-558-0.
  14. Heintz, W. D. (1978). Double Stars. Dordrecht: D. Reidel Publishing Company. стр. 12. ISBN 90-277-0885-1.
  15. 15,0 15,1 "Introduction and Growth of the WDS", The Washington Double Star Catalog Архивирано на 17 септември 2008., Brian D. Mason, Gary L. Wycoff, and William I. Hartkopf, Astrometry Department, United States Naval Observatory, посет. 20 август 2008 г.
  16. Sixth Catalog of Orbits of Visual Binary Stars Архивирано на 12 април 2009., William I. Hartkopf and Brian D. Mason, United States Naval Observatory, посет. 20 август 2008 г.
  17. Heintz, W. D. (1978). Double Stars. Dordrecht: D. Reidel Publishing Company. стр. 17–18. ISBN 90-277-0885-1.
  18. Heintz, W. D. (1978). Double Stars. Dordrecht: D. Reidel Publishing Company. стр. 19. ISBN 90-277-0885-1.
  19. 19,0 19,1 стр. 307–308, Observing and Measuring Double Stars, Bob Argyle, ed., London: Springer-Verlag, 2004, ISBN 1-85233-558-0.
  20. Entry 14396-6050, discoverer code RHD 1AB,The Washington Double Star Catalog Архивирано на 8 јули 2012., United States Naval Observatory. посет. 20 август 2008 г.
  21. Format of the current WDS Архивирано на 12 април 2008., Washington Double Star Catalog, United States Naval Observatory. посет. 26 август 2008 г.
  22. References and discoverer codes, The Washington Double Star Catalog Архивирано на 13 април 2008., United States Naval Observatory. посет. 20 август 2008 г.
  23. „ALMA Finds Double Star with Weird and Wild Planet-forming Discs“. ESO Press Release. Посетено на 1 август 2014.
  24. An Illustrated Tour of the Night Sky, What we see in the stars, Wojciak, Kelsey Oseid; Pub. 2017, Ten Speed Press, California, New York,. biblio., ISBN 978-0-399-57953-0, First edition.
  NODES