Дедо Мраз

Ова е објавената верзија, проверена на 27 ноември 2024. Има 1 промена во исчекување на проверка.

Дедо Мраз — личност во северноамериканската култура, од легендарен, митолошки и фолклорен лик, кој настанал со комбинација на холандскиот Синтерклас (Sinterklaas), англискиот Татко Божик (Father Christmas) и други традиционални божикни личности кои носат подароци. Тој носи подароци во домовите на добрите деца, за време на Бадниковата ноќ, на 24 декември.

Дедо Мраз претставен од телевизискиот продуцент за деца Џонатан Мет

Ликот на Дедо Мраз потекнува од холандскиот лик Синтерклас, кој е дел од хагиографските приказни, во кои се раскажува за Свети Никола, историска личност која дели подароци.

Дедо Мраз се опишува како дебел, насмеан човек, со бела брада и мустаќи, кој носи црвено палто и панталони со бели краеви, црн колан и чизми. Оваа слика за Дедо Мраз станала популарна во XIX век, во Канада и Америка, како резултат на значајното влијание на карикатуристот Томас Наст. Ликот на Дедо Мраз бил претставуван на радио, телевизија, во песните, детските книги и во филмовите. Развивањето на ликот на Дедо Мраз во Северна Америка во XIX и XX век, влијаело врз модерната перцепција во Европа за Татко Божиќ, Синтерклас и Свети Никола.

Според традицијата која датира од 1820 година, Дедо Мраз живее на Северниот Пол, со голем број на магични џуџиња и осум или девет ирваси кои летаат. Од 20 век, Дедо Мраз почнува да прави список на деца од целиот свет, кој го дели на две групи. Во едната се послушните деца, на кои им носи играчки и слатки, а во другата оние непослушните на кои им носи јаглен на Бадник. Сето ова тој го постигнува со помошта од неговите џуџиња, кои во својата работилница ги изработуваат играчките и со помош на неговите ирваси, кои ја влечат неговата санка.

Претходни личности

уреди

Свети Никола

уреди

Свети Никола од Мира е првобитната инспирација за христијанскиот лик на Синтерклас. Тој бил грчки, христијански бискyп од 4 век, во Мира, Ликија, провинција во византиска Анадолија, денес во Турција. Свети Никола бил познат по дарежливите подароци, кои им ги давал на сиромашните. Тој бил религиозен уште од млади години и целосно го посветил својот живот на христијанството. Во Европа, поточно во Холандија, Белгија, Австрија и Германија тој сè уште е прикажан како бискуп со бела брада, во канонска наметка. Во 1087 година, во италијанскиот град Бари, започнала експедиција која имала за цел да го пронајде гробот на светецот и да ги донесе неговите посмртни останки. Ковчегот со останките на Свети Никола бил осквернавен од страна на италијанските морнари и реликтите биле однесени во Бари, каде што се чуваат до денес. Истата година била изградена базилика, во која се чувале останките и просторот станал место за поклонение на побожните и со тоа се оправдале економските трошоци на експедицијата. Свети Никола подоцна бил прогласен за светец-заштитник на различни групи на луѓе, од стрелци, морнари и деца, па сè до заемодавци. Тој исто така е светец-заштитник на Амстердам и Москва.

Влијанието на германскиот паганство и фолклорот

уреди

Голем број на паралели беа повлечени меѓу ликот на Дедо Мраз и врховниот бог на Германите, Один. Постојат теории кои се однесуваат на паганското потекло на разни обичаи поврзани со празникот, кои потекнуваат од простори каде што Германите биле христијанизирани и зачувале елементи од нивните традиции поминувајќи низ различни форми на модерни претстави за Дедо Мраз. Один понекогаш бил споменуван во германскиот празник Јул, како води ловечка забава низ небото. Во две книги напишани во 13 век, во Исланд, Один е претставен како јава коњ со осум нозе, кој можел да отскокнува големи растојанија. Овој коњ се споредувал со ирвасите на Дедо Мраз.

Според некои традиции, децата ги ставале своите чизми до каминот, ги полнеле со моркови, слама и шеќер, за да го нахранат летечкиот коњ на Один. Потоа, Один ќе ги наградел децата, така што на местото на изедената храна, во чизмите, ставал бонбони. Оваа традиција сè уште се практикува во Германија, Белгија и Холандија и по христијанизацијата се поврзува со Дедо Мраз. Во други држави наместо чизми, децата поставуваат чорапи до каминот.

Крампус претставува митско суштество, кое е препознатливо во алпските држави. Потекнува од претхристијанските домородни традиции, а подоцна е под влијание на христијанизацијата. Тој е претставен како придружник на Дедо Мраз. Некои млади луѓе, традиционално, се преправаат во Крампус, во првите две седмици од декември, а особено вечерта на 5 декември и шетаат по улиците плашејќи деца и возрасни со ’рѓосани синџири и ѕвончиња.

Холандски фолклор

уреди
 
Дедо Мраз во Холандија

Според верувањата во Холандија, Белгија и Луксембург, на Дедо Мраз му помага „Црн Петар“ (на холандски Zwarte Piet). Неговиот празник се слави во многу земји, на 6 декември, со дарување на подароци. Во Холандија овој празник се слави вечерта, на 5 декември. Во периодот на реформацијата во 16 и 17 век во Европа, многу протестанти го смениле ликот кој носи подароци и го нарекле Христово Дете, а датумот на прославување бил 24 декември.

Традицијата вели дека секоја година во средината на ноември, Дедо Мраз, заедно со неговите помошници доаѓа од Шпанија со брод на пареа. Тој носи книга во која пишува кое дете било умно, а кое немирно во текот на годината и им дава подароци и чоколади само на умните деца. Се верува дека во следните три седмици, Дедо Мраз навечер јава на сиво-бел коњ, над покривите од куќите и им ги дава подароците на добрите деца преку оџакот, додека пак непослушните деца може да бидат фатени во платнени торби, од страна на неговите помошници.

За разлика од Дедо Мраз, Синтерклас е повозрасен, повеличествен и посериозен човек, со бела коса и долга, густа брада. Тој носи долга, црвена наметка над традиционалната бискупска риза, во раката држи златест крст и долг, церемониски, овчарски стап со заоблен, елегантен врв. Носи голема книга во која пишува кое дете било добро, а кое немирно во изминатата година. Во Холандија и Белгија ликот на Дедо Мраз е познат како de Kerstman, што на холандски значи Божиќниот Човек, а на француски се нарекува Père Noël и значи Татко Божиќ. Иако за децата најважниот човек во Холандија кој дели подароци во декември е Синтерклас, божиќниот период го користи една петтина од холандското население за да подари нешто. 26% од народот во Холандија дава подароци за време на божиќните празници. Во Белгија, подароци добиваат само децата. На Божиќ, подароци добиваат сите, меѓутоа најчесто без помош од Дедо Мраз.

Скандинавски фолклор

уреди

Во 1840 година, во Данска, подароците почнало да ги разнесува џуџето од нордискиот фолклор наречено Томте. Тој бил низок, брадест човек, облечен во сива облека и црвена капа. Томте претставувал нова верзија на древното народно суштество , која настанала под вилјание на традицијата за Дедо Мраз која се ширела низ Скандинавија. До крајот на 19-иот век оваа традиција се проширила и низ Норвешка и Шведска и го заменила најстариот симбол на празникот Јул, козата Јул. Иако веќе не постои традицијата за козата на празникот Јул, сепак во цела Скандинавија честа декорација за Божиќ е коза направена од слама.

Татко Божиќ

уреди

Ликот на Татко Божиќ постои од 17-иот век во Британија и на слики кои се зачувани од тој период тој е претставен како весел, добро нахранет брадест човек, кој носи долга, зелена наметка со крзнени краеви. Тој го симболизирал духот на доброто расположение за време на Божиќ. Во романот на Чарлс Дикенс, „Божиќна песна“ (A Christmas Carol), тој бил опишан како голем, добродушен човек во зелено палто, кој го носи Скруџ (лик од романот) низ раздвижените улици на Лондон во божиќното утро и го пренесува божиќниот мирис на веселиот народ.

Историја

уреди

Почетоци

уреди

Предмодерната претстава од црковната историја и фолклор за Свети Никола и Синтерклас се споила со британскиот карактер Татко Божиќ и така се добила личност која за Британците и Американците е позната како Дедо Мраз. Во британските колонии на Северна Америка, а подоцна и во Соединетите Држави, британските и холандските верзии на ликот кој дели подароци и понатаму се соединувале. На пример во книгата на Вашингтон Ирвинг „Историја на Њујорк“, холандскиот Синтерклас бил американизиран во Дедо Мраз, но го изгубил бискупскиот изглед и бил најпрво претставен како холандски морнар, со дебел стомак и луле, облечен во зелен зимски капут. Книгата на Ирвинг била пародија на холандската култура во Њујорк и голем дел од овој портрет претставува негов шеговит изум.

19 век

уреди

Во 1821 година, во Њујорк е објавена книгата „Новогодишен подарок за малите од пет до дванаесет години“. Во неа има анонимна поема наречена „Стариот Дедо Мраз“, во која се опишува стар човек на санка со ирваси, кој носи подароци на децата. Некои модерни идеи за Дедо Мраз станаа навидиум норма, по издавањето на поемата „Посета од Дедо Мраз“, денес позната како „Ноќта пред Божиќ“. Поемата била издадена на 23 декември 1823 година, во Трој, Њујорк, најпрво анонимно, а потоа му била препишана на Клемент Кларк Мур. Многу од неговите современи особини се опишани во поемата: доаѓањето на санка, слетувањето на покривите од куќите, спуштањето низ оџакот со полна торба подароци. Свети Никола е опишан како возрасен, бумбарест, весел , мал човек со мало, заоблено стомаче, кое се тресе како желе кога тој се смее. Ирвасите исто така имале свои имиња: Dasher (Летач), Dancer (Танцувач), Prancer (Потскокнувач), Vixen (Кавгаџија), Comet (Комета), Cupid (Купидон), Dunder (Грмотевица), Blixem (Молња).

Како поминуваат годините, Дедо Мраз се развива во голема и важна личност во популарната култура. Еден од првите артисти кој ја одреди современата слика за Дедо Мраз е Томас Наст, американски карикатурист од 19 век. Во 1863 година, во американското списание Харперс викли (Harper's Weekly) се појавила слика на Дедо Мраз, нацртана од страна на Наст. Приказната дека Дедо Мраз живее на Северниот Пол, може исто така да е негова творба. Неговата божиќна слика во изданието на Харперс викли од 29 декември 1866 година, претставувала колаж од гравури, со наслов „Дедо Мраз и неговите дела“.

Во 1869 година, била објавена колоритната колекција од слики на Наст, во која се појавила поема напишана од Џорџ П. Вебстер, исто така наречена „Дедо Мраз и неговите дела“, во која напишал дека домот на Дедо Мраз е блиску до Северниот Пол, меѓу мраз и снег. До 1870 година, приказната станала добро позната. Едно дете од Колорадо до списанието за деца The Nursery, напишало: „Ако не живеевме толку далеку од Северниот Пол, ќе го замолев Дедо Мраз да ми донесе магаренце“.

Американските автори, во почетокот на 1800 година, дошле до идејата да се создаде жена за Дедо Мраз. Во 1889 година, поетесата Кетрин Ли Бејтс ја претстави Госпоѓата Мраз, или Баба Мраз, во поемата "Дедо Мраз се вози со санка".

„Дали постои Дедо Мраз?“ бил насловот на почетната страница на списанието Њујорк сан, во изданието од 21 септември, 1897 година. Ова прашање го поставило осумгодишно девојче Вирџинија, кое почнало да се сомнева во постоењето на Дедо Мраз. Следел одговор на нејзиното прашање, кој гласел: „Да Вирџинија, Дедо Мраз постои“ и сè уште претставува неизбежен дел од популарната божиќна традиција во Соединетите Држави и Канада.

20 век

уреди

Во 1902 година беше издадена книгата за деца на Л. Френк Баум, наречена „Животот и авантурите на Дедо Мраз“. Голем број од легендите за Дедо Мраз биле променливи во тоа време, така што Баум си дозволил да промени некои одлики кај својот лик од книгата. Според него, Дедо Мраз живеел во измислената долина на смеењето наречена ХоХоХо, имал 10 ирваси, кои не можеле да летаат, туку прескокнувале огромни растојанија. Целта на Дедо Мраз е да донесе чувство на радост меѓу децата и да помогне да имаат безгрижно и среќно детство, а тоа го прави со основното средство, играчките.

Слики од Дедо Мраз се појавуваа и во 1930 година, во рекламата за Кока-Кола во божиќниот период. Се појавија урбани легенди, според кои, ликот на Дедо Мраз е измислен од страна на компанијата Кока-Кола и носи црвено-бела облека, затоа што тоа се препознатливите бои на етикетата на компанијата. Кока-Кола не беше првата компанија за безалкохолни пијалаци која ја искористи современата слика за Дедо Мраз во своите реклами. Компанијата White Rock Beverages веќе го искористи црвено-белиот лик на Дедо Мраз за рекламата за минерална вода, а подоцна, во 1923 година и за пенливиот безалкохолен пијалак со вкус на ѓумбир. Всушност, најпрво, Дедо Мраз се појави на насловната страница на списанието Puck, на почетокот од векот. Ликот на Дедо Мраз бил поврзуван со добротворни цели и со човекољубието, особено преку организации како Армијата на спасот. Волонтери облечени како Дедо Мраз стануваа дел од кампањите за собирање на средства за семејствата со потреби во божиќниот период.

На некои слики од почетокот на 20-иот век, Дедо Мраз бил нацртан како сам, во мала работилница, рачно ги прави играчките. На крајот, се појави конечната идеја - играчките рачно ги изработуваа неговите помошници, џуџињата.

Во 1956 година, се појави популарната песна на Џорџ Мелакрино, "Госпоѓа Дедо Мраз", а потоа во 1963 година и книгата за деца на Филис Мекгинли со наслов "Како госпоѓа Дедо Мраз го спаси Божиќ", кои помогнаа во стандардизирањето и воведувањето на карактерот и улогата на сопругата на Дедо Мраз, госпоѓа Мраз, во популарната имагинација.

Романот на Сибури Квин од 1948 година, „Патишта“, потекнува од историски легенди и ја раскажува приказната за Дедо Мраз и потеклото на Божиќ. Дел од другите современи дополнувања на приказната е „Рудолф, ирвасот со црвено носе“, деветтиот и главниот ирвас, кој е овековечен во песната на Џин Отри.

Традицијата за оџакот

уреди

Традицијата според која Дедо Мраз влегува во домовите низ оџакот, потекнува од приказната, во која што тој фрла паричка низ прозорецот и од подоцнежната верзија на приказната, според која доколку е затворен прозорецот, тој ја фрла паричката во оџакот. Во сликата "Празникот на Дедо Мраз", на холандскиот сликар Јан Стен, се претставени возрасни луѓе и дечиња кои со воодушевување гледаат во оџак, додека други дечиња си играат со своите играчки. Според примитивните верувања, каминот претставува свето место, извор на добротворност, низ кое џуџињата и добрите вили ги внесуваат подароците во домовите. Влегувањето на Дедо Мраз во домовите, низ оџакот, за време на Бадниковата ноќ стана дел од американската традиција преку поемата на Клемент Кларк Мур, "Посета од Дедо Мраз", во која тој е опишан како џуџе.

Во популарната култура

уреди

До крајот на 20 век, реалноста со масовното механизирано производство стана повеќе прифатена од страна на западниот свет. Таа промена се одрази на современата слика за домот на Дедо Мраз - денес хумористично е претставен како целосно механизиран простор за создавање и дистрибуција, опремен со најсовремена индустриска технологија, надгледуван од страна на помошниците на Дедо Мраз, а тој и неговата сопруга, Госпоѓа Мраз имаат улога на директори.

Еден извадок од статија во списание за трговија, вешто ја опишува оваа слика: "Работилницата на Дедо Мраз е глетка за набљудување. Со површина од 370.000 квадратни метри претставува еден од најголемите уреди во светот. Еден реален магацински управувачки систем е потребно да има еден таков имот. Објектот извршува задачи, со комбинирање на дузина активности во динамична низа (расчистување, обновување, одбирање, товарење на санката, пребројување на циклусот). Не е познато дека всушност, Дедо Мраз мора да користи многу санки и лажни возачи за да ја заврши својата работа на Божиќ".

Голем број на телевизиски реклами, комични стрипови и други медиуми го опишуваа однесувањето на помошниците на Дедо Мраз кон него како еден вид на хумористичен бизнис, шегите кои ги правеа на негова сметка и играњето мајтап со него. На пример, во стрипот Bloom County една приказна велеше дека Дедо Мраз ги одбил барањата на џуџињата од Професионалната занаетчиска органзиација за правење играчки, кои штрајкувале и кои барале повисоки дневници и топла бања во соблекувалната. Претседателот на Америка се вмешал, ги отпуштил сите помошници на Дедо Мраз и ги заменил со невработени контролори на воздушниот сообраќај.

Во Киргистан, еден планински врв беше наречен по името на Дедо Мраз, откако една шведска компанија предложи дека тоа место може да биде поатрактивна локација за патување од Лапонија. Во 2007 година, на 30 декември, во Бишкек (Bishkek), главниот град на Киргистан, беше одржан фестивал за Дедо Мраз, на којшто присуствуваа владини претставници. 2008 година, беше официјално прогласена за година на Дедо Мраз во државата. Се сметало дека овие случувања ќе го развијат туризмот во Киргистан, која е претежно муслиманска земја.

Гинисовиот рекорд за организација на најголем собир на Дедо Мразовци го има градот Дери Сити во Северна Ирска. Настанот беше одржан на 9 септември, 2007 година и на него се собраа 12.965 луѓе облечени како Дедо Мраз, со што го соборија претходниот рекорд на собирот во Ливерпул, 2005 година, на кој имаше 3.921 луѓе. Во 2009 година, во Букурешт, Романија, имаше неуспешен обид за соборување на рекордот, на собирот на кој се појавија 3939 луѓе облечени како Дедо Мраз.

Традиции и ритуали

уреди

Северноамериканските традиции поврзани со Дедо Мраз, потекнуваат од голем број на божиќни обичаи од различни држави. Некои ритуали, како на пример посетувањето на Дедо Мраз во стоковните куќи, се случуваат денови пред Божиќ, додека пак други ритуали, како што е приготвувањето закуска за Дедо Мраз, се врши само на Бадниковата вечер. Поставувањето на чорапи, во кои Дедо Мраз остава подароци е многу стар обичај, кој сè уште се практикува. Постојат и современи изуми, како на пример, мрежното место (NORAD), на која во време на божиќниот период може да се следи летањето на Дедо Мраз со санка низ небото.

Паради, стоковни куќи и трговски центри

уреди

Во деновите пред Божиќ, Дедо Мраз се појавува во стоковните куќи, трговските центри и е дел од разни забави. Оваа практика прв почнал да ја употребува Џејмс Едгар, во 1890 година, во својата стоковна куќа во Броктон, Масачусетс. Дедо Мраз го глуми некој глумец, а околу него исто така има други глумци, или пак персонал од стоковната куќа, кои се облечени како помошниците на Дедо Мраз. Функцијата на Дедо Мраз е да ја промовира стоковната куќа, давајќи им мали подароци на децата, или пак да обезбеди сезонско искуство на децата слушајќи ги нивните желби за подароци, додека тие седат на неговото колено. Понекогаш се прави фотографија со Дедо Мраз и детето. Фотографирањето на Дедо Мраз со децата е ритуал кој датира од 1918 година.

Просторот кој е наменет за оваа цел е празнично украсен, наречен е Работилницата на Дедо Мраз и најчесто има голем престол, на кој тој седи. Во Соединетите Држави еден од најзначајните настани е парадата за Ден на благодарноста во Њујорк, која ја организира стоковната куќа Macy’s, на која Дедо Мраз пристигнува на огромен брод. За Дедо Мразот од оваа стоковна куќа, често се вели дека е вистинскиот. Есеистот Дејвид Седарис работел како помошник на Дедо Мраз во стоковната куќа и за тоа време пишувал сатиричен дневник, кој подоцна бил објавен.

Многу често, ако некој забележи дека Дедо Мраз не е вистински, тој објаснува дека е обичен човек, преправен во Дедо Мраз, кој му помага во овој период од годината. Голем број деца разбираат дека Дедо Мраз е екстремно зафатен во периодот околу Божиќ. На семејни забави, таткото или некој друг машки член на фамилијата се преправа во Дедо Мраз.

Постојат училишта во кои се даваат инструкции за тоа како да се глуми Дедо Мраз. На пример, телевизискиот продуцент за деца, Џонатан Мит, студирал на меѓународната школа за Дедо Мраз и се стекнал со епитетот магистер во 2006 година. Улогата на Дедо Мраз прераснала во негова втора професија, се појавувал на паради, во трговски центри и на крајот се појавил преправен во Дедо Мраз и на насловната страница на американското месечно списание Бостон магазин.

Пишување писма до Дедо Мраз

уреди

Пишувањето писма до Дедо Мраз е традиција меѓу децата веќе многу години. Писмата содржат список на играчки кои децата би сакале да ги добијат од Дедо Мраз и потврда дека биле умни изминатата година. Некои социјални научници утврдиле дека писмата на момчињата и девојчињата се разликуваат. Девојчињата пишуваат подолги, покултурни писма од момчињата, во кои ја опишуваат природата на Божиќ. Исто така, девојчињата почесто посакуваат подароци за други луѓе.

Голем број поштенски служби им дозволуваат на децата да испраќаат писма до Дедо Мраз. Одговорите на овие писма ги пишуваат поштари или надворешни волонтери. Пишувањето писма до Дедо Мраз има образовно значење за поттикнувањето на писменоста и електронската комуникација. Писмото до Дедо Мраз е најчесто првото детско искуство во допишувањето. При пишувањето и праќањето на писмото, на децата им помагаат родителите или учителите и со тоа учат за содржината на писмата, обраќањето, поздравите и употребата на адресата и поштенскиот број.

Според студијата на Светскиот поштенски сојуз и истражувањето на националните поштенски операции, Поштенската служба на САД го има направено првиот обид за одговор на писмо до Дедо Мраз. Овој обид започнал во 1912 година, а во 1940 година го добил името „Операција Дедо Мраз“. Неговата цел била секое писмо пратено до Дедо Мраз да стигне до добротворните организации, големите компании, до локалните претпријатија и поединци и тие да се погрижат на секое дете од брег до брег да му биде исполнета новогодишната желба.

Според истражувањето на Светскиот поштенски сојуз од 2007 година, најголем број на писма за Дедо Мраз стигнале до Поштенската служба на Франција, дури 1.220.000 писма, од 126 земји. Таа година, Поштенската служба на Франција ангажираше луѓе кои ќе одговорат на огромниот број на писма пратени до Дедо Мраз, кои доаѓале од Русија.

Други интересни информации во врска со писмата кои децата ги пишуваат до Дедо Мраз според истражувањето на Светскиот поштенски сојуз од 2007 година:

- Држави чии национални поштенски оператори дале одговор на писма пратени до Дедо Мраз и нвиниот број во 2006 година: Германија (500.000), Австралија (117.000), Австрија (6000), Бугарија (500), Канада (1.060.000), Шпанија (232.000), Финска (750.000), Франција (1.220.000), Велика Британија (750.000), Ирска (100.000), Нов Зеланд (110.000), Португалија (255.000), Полска (3000), Словачка (85.000), Шведска (150.000), Швајцарија (17.863), Украина (5.019).

Канадската пошта има посебен поштенски број за писмата кои се пратени до Дедо Мраз. Од 1982 година над 13.000 канадски поштенски работници доброволно пишуваа одговори на писмата. Адресата на Дедо Мраз е: Северен Пол, Канада. Во 2009 година, илјада работници одговорија на 1.1 милион писма и 39.500 барања по електронски пат, на 30 јазици, како и на Брајова азбука за слепи.

Во Велика Британија, традиционално некои деца ги палеле божиќните писма во оган, така што тие магично ќе стигнат до Северниот Пол со помош на ветерот. Подоцна се востановило дека поефикасен начин е да се користи нормалното праќање на писмата преку пошта, па оваа традиција се изгубила во современиот живот.

Во Мексико, како и во други латиноамеркинаски држави, децата понекогаш ги завиткуваат своите писма во мал балон од хелиум и го пуштаат во воздухот надевајќи се дека магично ќе стигнe до Дедо Мраз.

Во 2010 година, бразилската национална поштенска служба, формираше партнерства со јавните училишта и социјалните институции, со цел да ги охрабри децата да пишуваат писма и да ги употребуваат поштенските броеви и марки. Во 2009 година, оваа служба одговори на 2.000.000 божиќни писма и донираше 414.000 подароци на најсиромашните граѓани на Бразил.

Низ годините, Дедо Мразот од Финска добил над 8 милиони писма. Тој добива околу 600.000 писма секоја година од 198 различни земји, а Того е најновата земја додадена на списокот. Децата од Велика Британија, Полска и Јапонија се највредните пишувачи.

Ритуали за Бадниковата вечер

уреди

Во Соединетите Држави и Канада, децата традиционално му оставаат на Дедо Мраз чаша со млеко и чинија со колачиња; во Велика Британија и Австралија пак, децата му оставаат шери и овошен колач, а во Шведска, каша од ориз. Во Ирска популарно е да му се остави пиво или млеко заедно со пудинг или овошен колач.

Во Унгарија, Дедо Мраз доаѓа вечерта на 5 декември, а децата ги добиваат своите подароци наредното утро.

Децата во Велика Британија, Австралија, Ирска, Канада и Америка, оставаат и морков за ирвасот на Дедо Мраз и знаат дека доколку не се умни во текот на целата година, во чорапите кои ги оставаат, наместо подарок, ќе добијат грутка јаглен. Децата кои го следат холандскиот обичај, пред да одат в кревет, во нивните чевли ставаат морков и слама за коњот на Синтерклас. Наредното утро, на местото на морковот и сламата, во чевлите децата наоѓале подарок. На непослушните деца им се велело дека наместо подароци, ќе добијат куп стапчиња.

Други ритуали во Америка поврзани со Божиќ вклучуваат читање на приказни за Дедо Мраз, гледање на анимирани телевизиски програми во кои главен лик е тој, како и пеење на неговите песни. Ритуали кои децата ги прават неколку минути пред да одат в кревет го вклучуваат редењето на чорапи на каминот и на други места во домот, кои Дедо Мраз не може, а да не ги забележи симнувајќи се низ оџакот. Во домовите во коишто нема камин, децата ја оставаат отклучена надворешната врата, за Дедо Мраз да може без проблем да влезе внатре. Понекогаш, родителите кои ги поставуваат подароците за своите деца под новогодишната елка, им ставаат ливче на кое се потпишуваат како Дедо Мраз.

Дедо Мраз како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Дедо Мраз во книжевноста

уреди
  • „Ајде еден малечок Дедо Мраз. Ти трупчето, јас главата.“ — краток расказ на македонската писателка Ана Голејшка Џикова.[1]
  • „Пречек“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[2]
  • „И Дедо Мраз греши“ — расказ за деца на Киро Донев од 2013 година.[3]

Дедо Мраз во поп-музиката

уреди
  • „Мили му извади пиштол на Дедо Мраз“ (англиски: Millie Pulled A Pistol On Santa) — песна на американската рап-група Де Ла Соул (De La Soul) од 1991 година.[4]

Дедо Мраз во филмот и телевизијата

уреди
Филм Година Режисер
Чудо на 34. улица 1947 Џорџ Ситон
Дедо Мраз 1959 Рене Кардона
Santa Claus Conquers the Martians 1964 Николас Вебстер
Морозко 1965 Alexander Rou
Дедо Мраз: Филмот 1985 Жано Шварц
Еден волшебен Божиќ 1985 Филип Борсос
Ернест го спасува Божиќ 1988 Џон Р. Чери III
Дедо Мраз 1994 Џон Пасквин
Чудо на 34. улица 1994 Лес Мајфилд
Mrs. Santa Claus 1996 Тери Хагнес
Каков татко, таков Дедо Мраз 1998 Мајкл Скот
Santa Who? 2000 Вилијам Диар
Call Me Claus 2001 Питер Вернер
The Santa Trap 2002 John Shepphird
Mr. St. Nick 2002 Craig Zisk
Дедо Мраз 2 2002 Мајкл Лембек
Blizzard 2003 ЛеВар Бартон
Elf 2003 Џон Фавро
Santa's Slay 2005 Дејвид Стеиман
The Santa Clause 3: The Escape Clause 2006 Мајкл Лембек
Годината без Дедо Мраз 2006 Рон Андервуд
Fred Claus 2007 Дејвид Добкин
Божиќна приказна 2007 Juha Wuolijoki
Santa Buddies: The Legend of Santa Paws 2009 Роберт Винс
Ноќат пред ноќат пред Божиќ 2010 Џејмс Ор
The Search for Santa Paws 2010 Роберт Винс
Santa Paws 2: The Santa Pups 2012 Роберт Винс
Тивка ноќ 2012 Steven C. Miller
A Fairly Odd Christmas 2012 Savage Steve Holland
Get Santa 2014 Кристофер Смит
Божиќна страшна приказна 2015 Steve Hoban, Grant Harvey, Brett Sullivan
Snekker Andersen og Julenissen 2016 Terje Rangnes
Дед Мороз. Битва Магов 2016 Aleksandr Voytinskiy
48 божиќни желби 2017 Neale Kimmel
Santa & Cie 2017 Алан Шабат
The Christmas Chronicles 2018 Clay Kaytis
Smart Christmas 2018 Марија Веселинова
Заборавен Божиќ 2019 Andrea Eckerbom
Noelle 2019 Марк Лоренс
The Christmas Chronicles 2 2020 Крис Колумбус
David and the Elves 2021 Мајкл Рогалски
The Good Witch of Christmas 2022 Francesco Cinquemani
Violent Night 2022 Томи Виркола
Дедо Мразовци (мини серија) 2022-23
Christmas Bloody Christmas 2022 Џо Бегос
The Naughty Nine 2023 Алберто Бели
Dear Santa 2024 Боби Фарели
Red One 2024 Jake Kasdan
Баба Яга спасает Новый год 2024 Армен Ананикян, Карен Захаров

Тв епизоди(TV specials)

уреди
Епизода Година Режисер
The Great Santa Claus Switch 1970 Џон Мофит
Elmo Saves Christmas 1990 Emily Squires
I'm Dreaming of a White Ranger (епизода од Mighty Morphin Power Rangers) 1995
Barney's Night Before Christmas 1999 Ben Vaughn
A Muppets Christmas: Letters To Santa 2008 Кирк Тачер
The Holiday Spirit (епизода од LazyTown) 2013
Last Christmas (епизода од Doctor Who) 2014
Race to Rescue Christmas (епизода од Power Rangers Dino Charge) 2015
Past, Presents, and Future (епизода од Power Rangers Ninja Steel ) 2017
Scrozzle's Revenge (епизода од Power Rangers Beast Morphers ) 2018
Secret Santa (епизода од Power Rangers Dino Fury ) 2021

Анимирани филмови

уреди
Филм Година Режисер
Santa's Workshop 1932 Вилфред Џексон
The Night Before Christmas 1933 Вилфред Џексон
Santa's Surprise 1947 Seymour Kneitel
Rudolph the Red-Nosed Reindeer 1948 Max Fleischer
Новогодняя ночь 1948 Pyotr Nosov, Olga Chodatajewa
Когда зажигаются елки 1950 Mstislav Pashchenko
Снеговик-почтовик 1955 Leonid Amalrik
Новогоднее путешествие 1959 Pyotr Nosov
Rudolph The Red-Nosed Reindeer 1964 Larry Roemer, Kizo Nagashima
The Night Before Christmas 1968
Дед Мороз и лето 1969 Valentin Karavaev
Frosty the Snowman 1969 Arthur Rankin, Jr., Jules Bass
Santa Claus Is Comin' to Town 1970 Arthur Rankin, Jr., Jules Bass
A Christmas Story 1972 Joseph Barbera, William Hanna
The Year Without A Santa Claus 1974 Arthur Rankin, Jr., Jules Bass
Rudolph's Shiny New Year 1976 Arthur Rankin, Jr., Jules Bass
A Flintstone Christmas 1977 Charles August Nichols
Raggedy Ann and Andy in The Great Santa Claus Caper 1978 Чак Џонс
Дед Мороз и серый волк 1978 Vitold Bordzilovsky
Casper's First Christmas (епизода) 1979
Rudolph and Frosty's Christmas in July 1979 Arthur Rankin, Jr., Jules Bass
Yogi's First Christmas 1980 Реј Патерсон
Pinocchio's Christmas 1980 Arthur Rankin, Jr., Jules Bass
The Trolls and the Christmas Express 1981 John R. Gaug
A Chipmunk Christmas 1981
Christmas Comes to Pac-Land 1982 Реј Патерсон
SuperTed Meets Father Christmas(епизода) 1984
The Life and Adventures of Santa Claus 1985 William R. Kowalchuk Jr.
The Glo Friends Save Christmas 1985 Тери Ленон
"Rambo" When SAVAGE Stole Santa (епизода) 1986
Heathcliff: "North Pole Cat" (епизода) 1986
Bluetoes, the Christmas Elf 1988
Koopa Klaus; Little Marios(епизода) 1989
Nilus the Sandman: The Boy Who Dreamed Christmas 1991 Крис Деланеј
Santa's First Christmas 1992 Лес Ортон
'Twas the Night Before Christmas 1992 Тимоти Фордер
Inspector Gadget Saves Christmas(епизода) 1992
Rugrats: "The Santa Experience" (епизода) 1992
"Bonkers" Miracle at the 34th Precinct (епизода) 1993
The Town Santa Forgot 1993 Роберт Алварез
The Night Before Christmas 1994 Дајан Ескенази
A Pinky and the Brain Christmas(епизода) 1995
"The Tick" The Tick Loves Santa!(епизода) 1995
The Reindeer Hunter - Ace Ventura: Pet Detective(епизода) 1995
The Christmas Elves 1995 Дајан Ескенази
The Mask: "Santa Mask"(епизода) 1995
Earthworm Jim: "For Whom the Jingle Bell Tolls"(епизода) 1995
Dot & Spot's Magical Christmas Adventure 1996 Дејвид Шварц
Christmas in Cartoontown 1996 Лон Мур
"The Oz Kids" Christmas in Oz (епизода) 1996
The Story of Santa Claus 1996 Тоби Блут
Sonic: Christmas Blast (епизода) 1996
Annabelle's Wish 1997 Рој Вилсон
The Secret World of Santa Claus 1997 Рој Вилсон
Rudolph the Red-Nosed Reindeer: The Movie 1998
"Pippi Longstocking" Pippi's Christmas (епизода) 1998 William R. Kowalchuk Jr.
Dad'X(серија) 1998
Dexter vs. Santa's Claws(епизода) 1998
Pokémon: "Holiday Hi-Jynx(епизода) 1998
O' Christmas Tree 1999 Берт Ринг
Santa's Last Christmas 1999
Santa's Special Delivery 1999
Buzz Lightyear of Star Command: "Holiday Time"(епизода) 2000
The Life & Adventures of Santa Claus 2000 Сузан Блу
Coco & Drila Adventures: The Magic Sack Of Santa Claus 2000 Julián Tarragó
Grandma Got Run Over by a Reindeer 2000 Фил Роман
The New Woody Woodpecker Show: "The Twelve Lies of Christmas" (епизода) 2001
A Johnny Bravo Christmas (епизода) 2001
A Christmas Adventure ...From a Book Called Wisely's Tales 2001 Dale J. Sexton
Rudolph the Red-Nosed Reindeer & the Island of Misfit Toys 2001 William R. Kowalchuk Jr.
Jackie Chan Adventures A Jolly J-Team X-mas (епизода) 2002
The Night Before Christmas: A Mouse Tale 2002 Мајкл Спорн
Archie's Weird Mysteries: "The Christmas Phantom" (епизода) 2002
Dora the Explorer: "A Present for Santa" (епизода) 2002
Strawberry Shortcake: Berry, Merry Christmas (епизода) 2003 Луис Гассин
Mickey's Twice Upon a Christmas 2004 Theresa Cullen, Matthew O'Callaghan, Carole Holliday
Noddy Saves Christmas (епизода) 2004
The Polar Express 2004 Роберт Земекис
Nine Dog Christmas 2004 Kamoon Song
Felix the Cat Saves Christmas 2004 Дон Ориоло
In Search of Santa 2004 William R. Kowalchuk Jr., Doug Parker
The Happy Elf 2005 Џон Рајс
Foster's Home for Imaginary Friends: "A Lost Claus" (епизода) 2005
Billy & Mandy Save Christmas(епизода) 2005
Codename: Kids Next Door: "Operation: N.A.U.G.H.T.Y."(епизода) 2005
SantApprentice (серија) 2006
A Very Fairy Christmas 2006 Ron Crown
Mickey Mouse Clubhouse: "Mickey Saves Santa" (епизода) 2006
Camp Lazlo: "Kamp Kringle"" (епизода) 2007
Christmas Is Here Again 2007 Роберт Запиа
Super Sleuth Christmas Movie 2007 David Hartman, Don MacKinnon
Merry Madagascar and The Penguins of Madagascar: "The All Nighter Before Christmas" (епизода) 2008
A Martian Christmas 2008 José Alejandro García Muñoz
Santa vs. Claus 2008 Крис Дојл
Gotta Catch Santa Claus 2008 Питер Пепениотис
A Miser Brothers' Christmas 2008
Merry Madagascar 2009 Дејвид Сорен
Back at the Barnyard" It's an Udderful Life! (епизода) 2009
Santa's Apprentice 2010 Luc Vinciguerra
Arthur Christmas 2011 Сара Смит
Ice Age: A Mammoth Christmas 2011 Карен Дишер
The Magic Crystal 2011 Анти Хаикала
Rise of the Guardians 2012 Питер Рамзи
Scooby-Doo! Haunted Holidays 2012 Виктор Кук
PAW Patrol: "Pups Save Christmas"(епизода) 2013 Aaron Seelman, Leon Joosen
The New Adventures of Peter Pan: "Christmas in Neverland"(епизода) 2013
The Naughty List 2013 Гордон Крум
The Magic Snowflake 2013 Luc Vinciguerra
Saving Santa 2013 Aaron Seelman, Leon Joosen
"Doc McStuffins" A Very McStuffins Christmas (епизода) 2013
"Blaze and the Monster Machines "Monster Machine Christmas (епизода) 2015
Shimmer and Shine: "Santa's Little Genies" (епизода) 2015
Marvel Super Hero Adventures: Frost Fight! 2015
Miraculous: Tales of Ladybug & Cat Noir: "A Christmas Special"(епизода) 2016
Ruff Ruff Tweet and Dave's Christmas Adventure 2016 Tony Collingwood,Andrea Tran
Puppy Dog Pals: "A Very Pug Christmas"(епизода) 2017
Elliot the Littlest Reindeer 2018 Jennifer Westcott
Elf Pets: Santa's St. Bernards Save Christmas 2018 Chanda Bell,Zach Lamplugh
Elf Pets: Santa's St. Bernards Save Christmas 2018 Chanda Bell,Zach Lamplugh
Ranger Rob: "A Very Ranger Christmas in Big Sky Park/A Very Yeti Christmas in Big Sky Park"(епизода) 2018
Dorothy's Christmas in Oz"(епизода) 2018
Rusty Saves Christmas"(епизода) 2018
The Doc McStuffins Christmas Special 2018
Elf Pets: A Fox Cub's Christmas Tale 2019 Chanda Bell
Super Monsters Save Christmas (епизода) 2019
Hotel Transylvania: "A Year Without Creepmas" (епизода) 2019
Elf Pets: Santa's Reindeer Rescue 2020 Chanda Bell
Santa's Super Monster Helpers (епизода) 2020
"Santiago of the Seas" A Pirate Christmas(епизода) 2020
"PAW Patrol" Pups Save a Bah Humdinger (епизода) 2020
A Trash Truck Christmas 2020
Alien Xmas 2020 Stephen Chiodo
A Very Merry Chipmunk Part 1 (епизода) 2020
"How the Super Ks Save Christmas, Part 2" (епизода) 2021
Santa Inc. 2021 Alexandra Rushfield
A Blazing Amazing Christmas(епизода) 2022
Renindeer in Here 2022
Fixing Santa's Sleigh(епизода) 2022
Mickey Saves Christmas 2022
The Action Pack Saves Christmas(епизода) 2022
The Boss Baby: Christmas Bonus 2022
Santa's Crash Landing(епизода) 2023
Charger's Christmas Adventure(епизода) 2023
Did I Do That to the Holidays? A Steve Urkel Story 2023 Jojo Ramos,Patrick Richard,Pose Bryan Newton
Pupstruction Saves Christmas(епизода) 2023
Glisten and the Merry Mission 2023 Кори Морисон
SuperKlaus 2024 Steve Majaury,Andrea Sebastián
A Jr. Patroller's Christmas 2024
A Very Merry Christmas Tree(епизода) 2024
The Crew Makes Christmas Magical(епизода) 2024
A Snow Day For Aunt May(епизода) 2024
Flounder's Christmas Letter/Holiday Toy Box Trouble(епизода) 2024
Get the Letters to Santa!(епизода) 2024
Santler Claws is Comin’ to Town(епизода) 2024
Sandy's Country Christmas 2024
Mickey and the Very Many Christmases 2024
That Christmas 2024 Симон Ото
A Figgly Christmas 2025 Matthew Clark "Ghost",Tesha Clark
Santa.com 2025 Лино ДиСалво
Santa's Magic Crystal 2026 Крис МкКеј

Наводи

уреди
  1. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 340.
  2. Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 91.
  3. Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 92-93.
  4. YouTube, De La Soul - Millie Pulled A Pistol On Santa (пристапено на 4.2.2017)
  NODES