Дела 3 — третата глава на Делата на светите апостоли во Новиот завет. Книгата што ја содржи оваа глава е анонимна, но ранохристијанска традиција потврдува дека Лука ја составил оваа книга, како и Евангелието според Лука. Оваа глава ги запишува настаните на исцелување на инвалидно лице од апостолите Св. Петар и Св. Јован Богослов.

Дела 3
← гл. 2
гл. 4 →
Дела 3:5–6, 10–12 во Ракопис 057 од 4/5 век.
КнигаДела на светите апостоли
Категоријацрковна историја
Во БиблијатаНов завет
Ред. бр. во Библијата5
Од работилницата на Рафаел, „Исцелување на сакатиот“

Текст

уреди

Оригиналниот текст е напишан на коине и е поделен на 26 стихови.

Некои рани ракописи што содржат текст од оваа глава се:

Исцелување на сакатиот (3:1–10)

уреди

Овој дел дава еден детален пример за претходната белешка на Лука дека апостолите имаат моќ да прават чуда“ [1]

Стих 2

уреди
Тогаш донесоа еден човек, сакат од раѓањето. Него го поставуваа секој ден пред портата на храмот, наречена Красна, за да проси милостина од оние што влегуваа во храмот

Стих 6

уреди
Но Петар му рече: „Немам ни сребро ни злато, а што имам тоа ти го давам: во името на Исус Христос Назареќанецот, оди!“. [2]

Петар му се обраќа на народот (3:11–26)

уреди

Овие стихови го запишуваат вториот говор на Петар (по Дела 2 ), кој се однесува на истите две прашања како и неговото прво: „Што значи ова?“ (2:12) и „Што да правиме?“ (2:37). [1]

Стих 17

уреди
„А сега, браќа, знам дека вие како и вашите началници го направивте тоа од незнаење“.
  • „Незнаење“: ова се вели како еден од „олеснителните фактори“ за отфрлање на Месијата; грешка и на толпата (кои Петар ги нарекуваше „браќа“) и на владетелите. [1]

Стихови 22–23

уреди
22 Зашто Мојсеј беше рекол: „Господ Бог ќе ви издигне од вашите браќа Пророк како мене, бидете Му послушни во сè што ќе ви рече!“ 23 „А секоја душа, која не ќе Го послуша тој Пророк, ќе биде истребена од народот.“

Стих 26

уреди
„Бог првин вам ви Го подигна Својот Слуга и ви Го испрати за да ве благослови, со тоа што секого од вас ќе го одврати од вашите беззаконија“.
  • „Првин вам“: Понудата за благослов од Бога е универзална, но најпрво се нуди на израелскиот народ; ова е исто така порака на Павле

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Alexander 2007.
  2. Acts 3:6 KJV KJV
  NODES