Дентин (substantia eburnea) е хистолошко ткиво на забот кое ја чини неговата основна структура. Се состои од 30% органски материи и 70% неоргански материи од кои најважна е калциум фосфат хидроксиапатит (Ca10(PO4)6(OH)2. Дентинот ја одредува формата на забот, тоа е минерализирано сврзливо ткиво кое не содржи крвни садови и нервни влакна, а исто така е и ацелуларен (без клетки).

Катник кај човек со прикажани делови, меѓу кои и дентинот.

Исхрана на дентинот

уреди

Поради ацелуларната состојба, дентинот се исхранува преку одонтобласти, тоа се клетки на површината на забната пулпа. Одонтобластите имаат долги продолжетоци (процесуси) кои се нарекуваат Томесови процесуси (Томесови влакна) и тие слободно навлегуваат во дентинските каналчиња. Томесовите процесуси можат да се разгрануваат на помали процесуси кои се нарекуваат секундарни Томесови процесуси. Карактеристично за нив е тоа што не го исполнуваат целиот простор во денталниот канал туку меѓу ѕидот на каналот и процесусот постои простор наречен периодонтобластен простор. Дентинот се исхранува директно преку Томесовите процесуси.

Дентински каналчиња

уреди

Дентинските каналчиња се протегаат од шуплината на забот до дентино-глеѓната граница и до дентино-цементната граница. Нивниот број се движи од 30.000 до 75.000 Каналчињата имаат виугав правец на протегање во форма на издолжена буква Ѕ.

Видови

уреди
  1. Покривен дентин - се наоѓа веднаш под глеѓта (емаилот).
  2. Примарен дентин - сочинува најголем дел од масата на дентинот. Се наоѓа под примарниот дентин и може да биде перитубуларен кои е сместен околу дентинските каналчиња и интерлобуларен сместен меѓу перитубуларниот дентин.
  3. Секундарен дентин - се наѓа под примарниот и неговата дебелина зависи од возраста.
  4. Интерглобуларен дентин - е дентин кој обично е сместен меѓи примерниот и покривниот дентин.
  5. Томесов гранулозен слој - е тенок слој на дентинот сличен по градба на интерглобуларниот дентин, но е сместен само во пределот на дентино-цементната граница.
  6. Терцијарен (нерегуларен) дентин - се формира само при патолошки услови т.е при дејствување на штетни физички и хемиски фактори.
  7. Склеротичен дентин - се јавува на места од забот каде дошло до појава на кариес.
  NODES