Еврипид (грчки: Εὐριπίδης) (околу 480 п.н.е.406 п.н.е.) бил последниот од големата „тројка“ драматурзи-трагичари на античка Атина, заедно со Есхил и Софокле. Еврипид се смета за еден од најзначајните поети на античката трагедија.

Статуа на Еврипид.

Животопис

уреди

Еврипид е роден на островот Саламина, а умрел на дворот на македонскиот крал Архелај во Пела. Во неговите млади години, врз него влијаел неговиот учител, остроумниот филозоф Анаксагора, а подоцна во неговиот духовен развој се гледа силно влијание на софистите. Биографите како негови учители ги наведуваат Архелај, Анаксагора и Сократ. Се претпоставува дека имал своја лична библиотека. Не се знае многу за неговиот живот, но живеел повлечено, посветен на книжевноста. Тој не бил политички активен ниту влегол во државна служба. На повик на македонскиот крал Архелај, кој настојувал да привлече познати уметници на својот двор, Еврипид заминал за Пела во 408 п.н.е. и умрел во Македонија. Поради тоа, Есхил паднал во немилост кај своите земјаци, кои го рехабилитирале дури по неговата смрт, поставувајќи му биста во театарот, заедно со оние на Софокле и Есхил.[1] Исто така, тој имал свое обележје (кенотаф) крај патот кој водел до Пиреја, во близина на гробот на поетот Меандар.[2]

Творештво

уреди

Кога Еврипид почнал да пишува трагедии, настојувал на дотогашната обработка на древните митови што ја правеле Есхил и Софокле, да им даде нова душа. Еврипид од митот ја земал голата содржина, а сè друго разработувал на свој начин и во драмското дејство внесувал сопствени мисли и погледи на светот.

Многу негови трагедии личат на обични драми, имаат долги монолози кои претставуваат филозофски размислувања за животот и проблемите од тоа време. Еврипид е филозофски настроен, но има трагедии во кои има вистинска лирска трагедија. Многу трагедии немаат внатрешна драмска поврзаност. Еврипид често на крајот на трагедијата внесувал божество, кое ја расплеткувало трагедијата.

Значење и влијание

уреди

Еврипид извршил влијание врз римските писатели Сенека и Овидиј, а преку нив подоцна и врз целата европска книжевност. Така, Аристотел за него рекол дека е „најтрагичниот трагичар“. За Еврипид може да се каже дека од неговата сцена прозвучел елементарниот живот, „верното огледало на тој живот“.[1] Сократ го сметал Еврипид за свој пријател, поетот Менандар му се восхитувал, а Софокле тагувал кога дознал за неговата смрт. Говорејќи за него, Гете вели дека, иако кај Еврипид има грешки, сепак тој е чесен соборец на Софокле и на Есхил.[3]

Дела

уреди

Најважни дела на Еврипид се:

Дела преведени на македонски

уреди

На македонски се преведени следниве драми:[4]

  1. Медеја. Препев од старогрчки, предговор и белешки, Катерина Колозова. Метафорум, Скопје, 1994.
  2. Хиполит, Ифигенија во Авлида, Бакхи. Препев од старогрчки, Даница Чадиковска. Зумпрес, Скопје, 1995.
  3. Електра, Орест, Ифигенеја во Таврида. Превод од старогрчки, Даница Чадиковска. Зумпрес, Скопје, 1998.
  4. Хекаба, Андромаха, Тројанки. Превод од старогрчки, Даница Чадиковска. Три, Скопје, 2002.
  5. Алекстида, Елена, Споулавениот Херакле. Превод од старогрчки, Даница Чадиковска. Евро Балкан Прес, Скопје, 2003.
  6. Сатирски драми: Еврипид Киклоп, Софокле Ловечки кучиња. Препев од старогрчки, предговор и белешки Даниела Тошева-Николовска. Магор, Скопје, 2012.

Литература

уреди
  • Barrett, William Spencer, ed. 1964. Hippolytos. By Euripides. Oxford: Clarendon P. and Toronto: Oxford UP.
  • ---. 2007. Greek Lyric, Tragedy, and Textual Criticism: Collected Papers. Ed. M. L. West. Oxford and New York: Oxford UP. ISBN 0-19-920357-1.
  • Croally, N. T. 1994. Euripidean Polemic: The Trojan Women and the Function of Tragedy. Cambridge: Cambridge UP. ISBN 0-521-04112-0.
  • Ippolito, P. 1999. La vita di Euripide. Napoli: Dipartimento di Filologia Classica dell'Universit'a degli Studi di Napoli Federico II.
  • Kovacs, David. 1993 Euripidea. Leiden: Brill. ISBN 90-04-09926-3.
  • Mary Lefkowitz. 1981. The Lives of the Greek Poets. New edition. London: Duckworth, 1998. ISBN 0-7156-1721-4.
  • Rutherford, Richard. 1996. Introduction. Medea and Other Plays. By Euripides. Rev ed. London: Penguin, 2003. ISBN 0-14-044929-9.
  • Scullion, S. 2003. "Euripides and Macedon, or the silence of the Frogs." The Classical Quarterly 53.2: 389-400.
  • Sommerstein, Alan H. 2002. Greek Drama and Dramatists. London: Routledge. ISBN 0-415-26028-0.
  • Walton, J. Michael. 1997. Introduction. In Plays VI. By Euripides. Methuen Classical Greek Dramatists ser. London: Methuen. vii-xxii. ISBN 0-413-71650-3.
  • Webster, T. B. L. 1967. The Tragedies of Euripides. London: Methuen.
  • Multispectral imaging. Oxyrhynchos online. Посетено на 28 Oct 2007.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Георги Сталев, „Софоклева Антигона - Или приказна за поразените“, во: Софокле, Антигона. Скопје: Наша книга, 1976, стр. 68.
  2. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 339.
  3. J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Beograd: Rad, 1960, стр. 61.
  4. Тошева, Даниела (29.12.2016). „ЗАЧУВАНИ ДРАМИ ОД ЕВРИПИД“. Посетено на 24 август 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  NODES
Idea 2
idea 2
Note 1