Зета (река)
Зета — река во Црна Гора. Нејзиниот извор се наоѓа во падините на планината Војник и тече кон исток 86 километри каде што се слева во реката Морача северно од Подгорица.
Зета | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Морача |
Должина | 86 km |
Особености на сливот |
Потекло на поимот
уредиТеоријата вели дека името „Зета“ влече корени од зборовите „жетва“ или „жито“.
Географија
уредиРеката Зета е најголемата притока на реката Морача. Хидроцентралата „Перучица“ во близина на Никшиќ ја користи водата од реката Зета за производство на електрична енергија. Потоа, реката тече низ долината Бјелопавлиќи, сè до нејзиното влевање во Морача неколку километри северно од Подгорица.
Литература
уреди„Зета (река)“ на Ризницата ? |
- Мала енциклопедија Просвета (3. изд.). Белград: Просвета. 1985. ISBN 978-86-07-00001-2. Отсутно или празно
|title=
(help) - Марковиќ, Јован (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сараево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.