Исламска верска заедница

(Пренасочено од ИВЗ)

Исламската верска заедница во Македонија (ИВЗ; турски: M.C. İslam Birliği; албански: Bashkësia Fetare Islame e Maqedonisë) претставува заедница на населението со исламска вероисповед, чиј број според пописот од 2002 година изнесува 674.015. Од осамостојувањето на Македонија, ИВЗ претставува самостојна организација со структура со Џематски одбор, Муфтиство во земјата и во странство, Собрание на муфтиството, Ријасет на ИВЗ, Реус-улулема, Собрание на ИВЗ, Уставен совет.[1]

Лого на ИВЗ во Македонија
Сулејман Реџепи (десно) е поглавар на ИВЗ во Македонија
Муфтиствата во Македонија на ИВЗ.

Историја

уреди

Организирањето на верскиот живот во текот на перидот на Османлиската Држава било под јурисдикција на Шеј­хул-Исламот во Истанбул, додека по Балканските војни, односно, по Првата светска војна, верскиот живот на мус­лиманите бил под јурисдикција на Реис Улема, со седиште во Сараево, Босна и Херцеговина. Инаку, Ислам­ската заедница во Македонија била составен дел на Исламската заедница на Кралството Југослави­ја, а потоа, во Социјалистичка Федеративна Република Југославија. По распадот на поранешната државна заед­ни­ца и по осамостојувањето на Македонија, оваа заедница продолжува да дејствува како независна верска заедница во Македонија, со седиште во Скопје.

Институции

уреди
Образовни институции
Хуманитарни организации
  • Хуманитарно здружение „Ел-Хилал“.
Издавачка дејност
  • Информативно-издавачки центар во Скопје.
Публикации
  • „Ел-хилал“ (двонеделник на три јазици);
  • „Икре“ (тримесечник);
  • „Зборник“ (годишник).

Наводи

уреди
  1. Исмаил Раџи ел-Фаруки, Исламот и другите вери, МЦМС, Скопје, 2006

Надворешни врски

уреди
  NODES