Каликрат
Каликрат (грчки: Καλλικράτης) бил старогрчки архитект активен кон средината на 5 век п.н.е. Заедно со Иктин го конструирал Партенонот (Плутарх, Перикле, 13) [1]. Од напис дознаваме дека тој е архитектот на „храмот на Ника“ во светилиштето на Атена Ника на Акрополот (IG I3 35). Овој храм е или амфипростилот храмот на Атена Ника кој е денес го гледаме на местото [2] или пак претходникот со помали димензии (наиск) чии остатоци се најдени во темелите на претходно споменатиот храм.[3]. Од друг напис пак, дознаваме дека тој е архитектот на класичните ѕидини во коло (IG I3 45), а Плутарх нè надополнува (loc cit) со тоа што тој го изградил и средниот од трите ѕида кои ги поврзувале Атина и Пиреја.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Roth, Leland M. (1993). Understanding Architecture: Its Elements, History and Meaning (First. изд.). Boulder, CO: Westview Press. стр. 203. ISBN 0-06-430158-3.
- ↑ Roth, Leland M. (1993). Understanding Architecture: Its Elements, History and Meaning (First. изд.). Boulder, CO: Westview Press. стр. 200. ISBN 0-06-430158-3.
- ↑ Mark, Ira S. (1993). The Sanctuary of Athena Nike in Athens: Architectural Stages and Chronology. Princeton.
Оваа статија за архитект е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |