Кариогамијата е фаза од половото размножување во која има спојување на родителските јадра. Општо земено (но и кај вишите животни) тоа се хаплоидните јадра од сперматозоидот и јајце-клетката, по што следи образување на диплоидното јадро на зиготот.

Овој процес не се одвива истовремено со оплодувањето, т.е. тогаш кога сперматозоидот навлегува во јајце-клетката, туку се случува подоцна. Кај луѓето најчесто настапува 36 часа по самото оплодување.

На кариогамијата и претходи плазмогамија. Кај повеќето виши организми, плазмогамијата и кариогамијата се јавуваат последователно, пред да се умножи дикарионот, така што овие процеси се сметаат за уникатна појава која води од хаплоидна во диплоидна фаза.

Кај поголем дел од габите, плазмогамијата и кариогамијата се процеси одделени со дикариотска фаза во која дикарионот се умножува.

  NODES