Комод, познат и како Марко Аурелиј Комод Антонин Август бил шестиот римски цар од династијата на Антонините.

Комод
Lucius Aelius Aurelius Commodus[1][2]
Роден 31 август 161
Ланувиум, Италија
Починал 31 декември 192
Рим, Италија

Животопис

уреди

Комод се родил на 31 август 161, како син на царот Марко Аврелиј и неговата сопруга фаустина. Со Римското Царство управувал од 180 година до 192 година, а на престолот го наследил Пертинакс. Уште како дете, Комод водел расипнички живот поради што татко му бил многу несреќен. Меѓутоа, кон крајот од својот живот, Марко Аврелиј направил голема грешка, зашто ја прекршил дотогашната традиција во која царот, во договор со сенатот, за свој наследник бирал некој способен човек кого го посинувал и го именувал за свој помошник. Наместо тоа, Марко Аврелиј го воведол династичкиот принцип, односно не го избрал Клавдиј Помпејан, кого сенатот го сметал за најсоодветен наследник, туку за помошник го поставил својот 15-годишен син Комод, кој подоцна станал цар. Инаку, Комод владеел во стилот на Нерон и Калигула, што предизвикало низа граѓански војни.[3]

Наводи

уреди
  1. Hammond, стр. 32–33.
  2. RE Aurelius 89
  3. Miloš N. Đurić, „Stoička škola i Marko Aurelije“, во: Marko Aurelij, Samom sebi. Beograd: Dereta, 2004, стр. 27-28.



  NODES