Константин IV
Константин IV (грчки: Κωνσταντίνος Δ, латински: Flavius Constantinus IV), ( 652 во Цариград - 14 септември 685 во Цариград) бил византиски цар кој владеел во периодот од 668 до 685 година. Често погрешка на него се припишува прекорот на неговиот татко, Погонат[2].
Константин IV Κωνσταντίνος Δ' | |||||
---|---|---|---|---|---|
Византиски цар | |||||
На престол | 668 – септември 685 | ||||
Претходник | Мезизис Констанс II | ||||
Наследник | Јустинијан II | ||||
Роден(а) | 652 Цариград | ||||
Починал(а) | 14 септември 685 (33 години) Цариград | ||||
Сопружник | Анастасија | ||||
Деца | Јустинијан II Ираклиј | ||||
| |||||
Династија | Ираклиева династија | ||||
Татко | Констанс II Ираклиј | ||||
Мајка | Фауста[1] |
Управувањето на Константин IV Погонат се совпаѓа со најголемиот подем на арапските напади против Византија во 7 век и доаѓањето на Бугарите кои основале своја држава околу делтата на Дунав. Поголемиот дел од управувањето на Константин IV поминало во тешки борби со арапските војници на територијата на Мала Азија.
Константин IV се смета за еден од најзначајните византиски владетели, кој ја намалил арапската закана и ја подигнал моќта на државата. Во неговото управување, исто така била основана Дунавска Бугарија во 681 година.
Управување
уредиКонстантин е син на царот Констанс II Ираклиј, кој бил убиен во 668 година во Сиракуза.[3]. Во 654 година станал соцар на својот татко[4]. По убиството на неговиот татко, сицилијските војници го прогласиле за цар Мизизиј[5]. Кога Константин IV дознал за тоа во главниот град, тој пристигнал со голема флота во Сицилија и го казнил узурпаторот и убијците на својот татко, по кое се вратил во Цариград, каде управувал со своите браќа Тибериј и Хераклит [6].
Војна со Арапите
уредиУште во 60-тите години поголемиот дел од териториите на централна, јужна и југозападна Мала Азија биле окупирани од Арапите. Во 669 година тие започнале со првата опсада на Цариград, приближувајќи се повеќе во обид за освојување на градот но без сериозни подготовки. Византиските војници успеале за многу краток период да ги принудат на муслиманите да се повлечат. Но периодот од 669 до 674 година поминал во напорна подготовка на Арапите за поголема опсада на Цариград. Подготвителни активности се вршиле и од византиската влада.
Во 670 година Арапите го зазеле градот Кизик на малоазискиот брег на Мраморно Море, а во 672 година - Смирна[7]. Меѓу 674 и 678 година Цариград бил опколен од арапски трупи. Вкупно арапските армии бројат над 100,000 војници и голема флота. Нападите против градот се воделе во пролет, лето и есен, а во зима арапските бродови се повлекувале кон Кизик[3].
Недостатокот на доследност при нападите на тврдината (војниците од одделните области на Арапскиот калифат во ниеден момент на опсадата не презеле заеднички напад врз градот), слободата за напад на византиската флота, можностите за снабдување на градот со жито од Словените во текот на зимата и, особено важно - примената на грчкиот оган, измислен од сириецот Калиникос против арапските бродови, како и организаторски способности и воениот талент на Константин IV, претставувале главните причини за неуспехот на опсадата.
По крајот на опсадата на Цариград, византиската флота дејствувала успешно против арапските сили во Мраморно Море, а византската армија ги победила во Битката кај Сулајем (677). Во есента 678 година арапската флота била поразена, по кое арапско-муслиманските сили започнале повлекување. Тие биле пресретнати од византиски војници во Централна Мала Азија и конечно поразени.
Во 680 година Византија и Арапскиот калифат склучиле 30-годишен мир. Според договорот, арапскиот калифат морал да плаќа по 3,000 данок на Византија[8].
Додека траеле војните против Арапите, во 70-тите години лангобардите успеале да ги освојат византиските градови Бриндизи и Таранто во Јужна Италија[9], а на Балканскиот Полуостров Словените започнале две големи, но неуспешни опсади на Солун во 675 и 678 година[3].
Војна со Бугарите
уредиВо меѓувреме, европските територии на империјата биле нападнати во крајот на 70-тите години од страна на Прабугарите кои ја напуштиле својата поранешна држава, притиснати од Хазарите, и биле пуштени да се населат околу делтата на Дунав од Византија. Во пролетта на 680 година Константин IV организирал голем поход и се упатил против нив на север од Дунав. Пред решавачкиот напад на бугарската фортификација, царот решил да ја остави командата на генералите, а тој самиот се повлекол кон Бургас или Несебар[10][11], под изговор дека ќе се лекува во топлите бањи. Вистинските причини за оваа постапка не се познати, но во меѓувреме гласините дека царот ја напуштил армијата започнале да се шират меѓу војниците, кои го изгубиле својот борбен дух по кое бугрските сили ги поразиле на византиските.
Како резултат на битката, Византиското Царство ја изгубила придунавската област Долна Мизија, каде трајно се населиле Бугарите, согласно склучениот потоа мировен договор, кој го обврзувал Константин IV да ја признае бугарската држава во Мизија и да плаќа данок.
Последни години
уредиКонстантин не војувал во последните години и продолжил да се занимава со црковните дела. Уште во ноември 680 година тој го свикал во Цариград Шестиот вселенски собор[12], на кој биле потврдени догмите на предните пет соборот. Освен тоа, на соборот било забрането и монотелизмот.
На крајот од владеењето, Константин бил принуден да ја потиснува опозицијата меѓу најблиските кругови од неговото опкружување: во 681 ги лишува браќата Хераклит и Тибериј од титулите августи[13], по што наредил нивните носеви да бидат отсечени (влијание на сасанидските традиции), на тој начин ја фокусирал силата на главниот цар - автократор. Потоа царува заедно со неговиот син Јустинијан II[14]. Во септември 685 Константин IV починал од дизентерија.
Наводи
уреди- ↑ Kazhdan, pg. 496
- ↑ Norwich, pg. 316
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Moore, Constantine IV
- ↑ Kazhdan, pg. 500
- ↑ Bury, pg. 303
- ↑ Теофан, 660
- ↑ Norwich, pg. 323
- ↑ Norwich, pg. 324
- ↑ Kazhdan, pg. 501
- ↑ http://www.burgas1.org/e107_plugins1/forum/forum_viewtopic.php?14
- ↑ http://www.dnevnik.bg/morski/2008/09/25/554606_gradut_s_topli_izvori/
- ↑ Norwich, pg. 326
- ↑ Dumbarton Oaks, Catalogue of the Byzantine Coins in the Dumbarton Oaks Collection, Vol. II, Part 2 (1968), pg. 513
- ↑ Теофан, 673
Надворешни врски
уреди„Константин IV“ на Ризницата ? |