Коса црта (/) е правописен знак. Се пишува со или без белина од двете страни[1].

(/)

Интерпункција

апостроф ( ' )
загради ( ( ) ), ( [ ] ), ( { } ), ( < >)
две точки ( : )
запирка ( , )
црта ( , , , )
три точки ( , ... )
извичник ( ! )
точка ( . )
закосени наводници ( « » )
цртичка ( -, )
прашалник ( ? )
наводници ( ‘ ’, “ ” )
точка и запирка ( ; )
коса црта ( / )
знак ⁄ ( )
Одделување на зборови
празно место ( ) () () ( ) () () ()
интерпункт ( · )
Општа типографија
амперсанд ( & )
знак ет ( @ )
ѕвездичка ( * )
обратна коса црта ( \ )
потточка ( )
карета ( ^ )
валута општ: ( ¤ )
особени: ฿, ¢, $, , , £, , ¥, ,
крст ( , )
степен ( ° )
превртен извичник ( ¡ )
превртен прашалник ( ¿ )
тараба ( # )
знак за нумеро ( )
реден показател (º, ª)
отсто и сл. ( %, ‰, )
нов ред ( )
прим ( )
отсечок ( § )
тилда ( ~ )
преглас ( ¨ )
долна црта ( _ )
вертикална/испрекината црта ( |, ¦ )
Необична типографија
астеризам ( )
индекс ( )
знак ∴ ( )
знак ∵ ( )
интеробанг ( )
знак за иронија ( ؟ )
ромб ( )
знак за референца ( )

Коса црта со белини од двете страни се пишува:

уреди
  • при одделување стихови кога не се подредени еден под друг; На пример:

Се к’ти ноќта црна! / Се рути карпа — мрак! / И петли в село пеат / и зората се зори — / над карпа в крв се мие / и темнината пие / силно / светнал / ден!

  • при одделување строфи кога не се подредени една под друга, се пишуваат две црти; На пример:

Како на вратот ѓердани / ниски камења студени, / така на плешки денови / легнале та натежнале // Денови ли се — денови / аргатски маки големи!

Без белина се пишува:

уреди
  • меѓу два збора наместо зборовите и, или, односно, напоредно; На пример:

Употреби ги трите вида множина на именката сноп: снопови/снопа/снопје, во реченици.

  • при означување два последователни временски интервала: часови, денови, месеци, годишни времиња, години, векови; На пример:

Учебна 2018/2019 година.

Новата колекција есен/зима излезе во списанието.

  • изразување сооднос на величини кога е испуштен предлогот; На пример:

Дозволената брзина е 50 км/ч. (се чита: километри на час)

  • во адреси наместо низ; На пример:

Ул. Социјалистичка зора бр. 2/3/22. (број 2, влез 3, стан 22)

Наводи

уреди
  1. „Коса црта (/) - Македонски јазик и литература“. Македонски јазик и литература. 2018-10-29. Посетено на 2018-11-30.
  NODES