Крит (грчки: Κρήτη) е една од тринаесетте периферии на Грција. Исто така е најголем од грчките острови со површина од 8.336 км2 (3,219 mi²) и е петти најголем остров во Средоземјеито.

Крит
Περιφέρεια Κρήτης
Областа Крит во Грција
 
Главен град Ираклион
Окрузи Ираклион
Ласити
Ретимно
Хања
Население 623.666 (2005)
Површина 8.336 км²
Портал www.crete-region.gr

Крит е место со значајна древна историја и е популарна туристичко одредиште; во неговите знаменитости спаѓаат минојските наоѓалишта на Кносос и Фестос, класичниото наоѓалиште Гортис, венецискиот замок во Ретимно, и кањонот Самарја, како и многу други природни месности, споменици и плажи. Крит бил центарот на минојската цивилизација (околу 2600–1400 п.н.е.), најстарата форма на грчка и европска цивилизација. Со векови бил познат под своето италијанско име Кандиа (италијански: Candia), од средовековното име на главниот град Ираклион, Хандакс (грчки: Χάνδαξ или Χάνδακας што значи „шанец“). На класичен латински се нарекувал Крета (латински: Creta), а на турски Кандије или Гирит (турски: Kandiye или Girit).

Географија

уреди
Крит
Κρήτη
 
Ираклион.
Географија
 
Координати: 35° СГШ 24° ИГД
Вкупно острови: 25
Површина:[1] 8.336 км²
Највисока точка: Псилоритис (2.456 m)
Управување
  Грција
Периферија: Крит
Префектура: Ираклион
Ласити
Ретимно
Хања
Главен град: Ираклион
Статистики
Население: 623,666 (од 2005)
Густина: 75 жит/км²
Пошт. бр.: 72x xx, 70x xx, 71x xx, 73x xx, 740 55, 74x xx
Повик. бр.: 284 x0, 2810, 289x0, 282x0, 28310, 283x0
Код на регистарски таблички: AN, HK, HP, XN, PE
Портал
www.crete-region.gr

Крит е еден од 13 региони на кои Грција е поделена. Претставува најголемиот остров во Грција и вториот најголем (по Кипар) во источниото Средоземје, со население од 650.000 (2005). Островот има издолжена форма: се протега во должина од 260 километри од исток до запад и е 60 километри на неговата најширока точка, иако островот е потесен на некои места, како на пример регионот блиску до Јерапетра, каде што е широк само 12 километри. Крит зафаќа површина од 8.336 км2, со брегова линија од 1046 км ; на север излегува на Критското Море (грчки: Κρητικό Πέλαγος); на југ на Либиското Море (грчки: Λιβυκό Πέλαγος); на запад на Миртојското Море, и на исток на Карпатиското Море. Лежи приближно на 160 километри јужно од грчкото копно.

Крит е многу планински остров, и неговиот релјеф е обележан од високиот планински венец кој се протека од запан кон исток, формиран од три различни групи на планини. Тие се:

На овие планини се простираат плодни висорамнини, како Ласити, Омалос и Нида; пештери, како Диктеон и Идеон; и кањони како познатиот кањон на Самарја. Заштитената област на кањонот Самарја е дом на кри-кри, додека пак критските планини и кањони се прибежишта за загрозениот грабливец Ламергајер (Gypaetus barbatus).

На Крит има бројни реки меѓу кои и Река Јеропотамос во јужниот дел на островот.

Критска култура

уреди

Со векови Крит има недопрена култура, своја, богата, горда и различна. Критскиот грчки останал говорен јазик, и критското вино е традиционален пијалак. Островот е познат по критската музика, и постојат многу уникатни танци кои се играат само на островт, од кои најпознат е Пендозали.

Стопанство

уреди

Економијата на Крит, која воглавно се засновала на земјоделство, започнала да се променува во текот на 1970-тите. Иако земјоделството е најнагласено, благодарение на климата и релјефот на островот, постои пад во производството и забележителна експанзија во угостителството (воглавно поврзано со туризмот). Сите три сектори на критската економија (земјоделство, обработка-пакување, угостителство), се директно поврзани и меѓусебно зависни. Островот има приход по глава на жител близу 100% од грчкиот просек, додека пак невработеноста е приближно 4%, половина од просекот на државата. Како и во другите региони на Грција, производството на маслинки е многу важно производство; мало количество на цитрони сѐ уште се одгледува на островот.

Островот има три значајни аеродроми: аеродромот Никос Казанѕакис во Ираклион, аеродромот Даскалојанис во Хања и еден помал во Ситиа. Првите два опслужуваат меѓународни одредишта и се главните портали кон островот за патници.

Туризам

уреди
 
Островот Спиналонга

Крит е една од најпопуларните одредишта во Грција; петнаесет проценти од сите пристигнувања во Грција се преку градот Ираклион (пристаниште и аеродром), додека пак чартер патувањата до Ираклион лани беа 20% од сите чартер летови во Грција. Сѐ на сѐ, повеќе од два милиони туристи го посетиле Крит лани и овој пораст во туризмот се одразува на бројот на легла во хотелите, кој се покачил за 53% во периодот од 1986 to 1991, кога во остатокот од Грција се покачил за само 25%. Денес, туристичката инфраструктура на островот ги задоволува сите вкусови, вклучувајќи многу широк спектар на објекти за сместување. Гостите стигнуваат до островот преку двата меѓународни аеродроми во Ираклион и Хања, или со брод преку главните пристаништа во Ираклион, Хања, Ретимно и Агиос Николаос.

Градови

уреди

Главните градови на Крит се:

Политичка организација

уреди

Островот Крит е периферија на Грција, која се состои од четири префектури (грчки: νομοί):

Во рамките на аматерското радио се смета за посебен „ентитет“ со ИТУ претставка SV9.

Поврзано

уреди

Извори

уреди
  1. „Основни одлики“. МВР. www.ypes.gr. Посетено на 8 јули 2007.

Надворешни врски

уреди
  NODES
Done 1
see 1