Лук
Лук во фаза на растење.
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Скриеносемени
Нерангирано: Монокотиледони
Ред: Asparagales
Семејство: Лукови
Потсемејство: Лукови
Племе: Allieae
Род: Кромид
Вид: A. sativum
Научен назив
Allium sativum
Л.

Лук или чешен — вид на растение во фамилијата Лукови. Негови блиски сродници се кромидот, козјиот лук (шалот), празот и власецот. Низ историјата, лукот е користен во кујнски и медицински цели. Има остра арома и вкус кој се разблажува во текот на готвењето. Луковицата од лукот, која е најчесто користена во исхраната, е поделена на повеќе месести делови наречени чешниња. Чешнињата се користат како семе, за исхрана (свежи или зготвени), како и во медицински цели. Листовите, стеблото и цветовите (наречени булбили) се исто така јадливи и најчесто се употребуваат додека се сѐ уште незрели и нежни. Единствен дел од лукот кој не се смета за јадлив е кожестата обвивка.

Медицинска вредност

уреди

Лукот е употребуван како лек во многу култури во текот на илјадници години, односно неговата примена во медицински цели е стара колку што и египетските пирамиди. Се смета дека лукот помага при срцеви заболувања, како атеросклероза, високо ниво на холестерол во крвта, висок крвен притисок и рак.

Истражувањата вршени на животни, како и на луѓе, укажале на можните придобивки од користењето на лукот за лекување на кардиоваскуларните болести. На пример, во едно чешко истражување се укажало дека лукот го снижувал нивото на холестерол во крвните садови на животните. Во 2007, BBC објави дека лукот може да се корсти во превенцијата и борбата со настинката. Користењето на лук во исхраната на лабораториски стаорци се покажало дека го зголемува нивото на тестостерон.

Галерија

уреди

Лукот како тема во уметноста

уреди
  • „Крадецот што крадел лук низ оџак“ - македонска народна приказна.[1]
  • „Го фатил лукот“ - македонска народна приказна.[2]

Наводи

уреди
  1. Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 39.
  2. Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 40.
  NODES