Луна 24 била роботска сонда од советската програма Луна. Како 24-та мисија од серијата вселенски летала Луна, мисијата на сондата Луна 24 била трета советска мисија за враќање примероци од површината на Месечината (првите две мисии за враќање примероци биле Луна 16 и Луна 20). Сондата слетала во Mare Crisium (Море на кризите). Мисијата вратила 170,1 гр. лунарни примероци на Земјата на 22 август 1976 година.

Луна 24
Луна 24 слетува на севернозападниот раб на кратерот Лев, со дијаметар од 64 метри на вулканската рамнина на Mare Crisium
Вид задачаВраќање на месечев примерок
СтопанисувачСоветска вселенска програма
COSPAR-ознака1976-081A
SATCAT-бр.9272
Траење на задачата13 денови, 2 часови и 51 минути
Особини на леталото
ПодлогаYe-8-5M
ПроизведувачНПО Лавочкин
Маса5,800 kg (12,800 lb)
Почеток на задачата
Датум на лансирање9 август 1976, 15:04:12 UTC
РакетаПротон-K/DM s/n 288-02
МестоБаиконур 81/23
ИзведувачКруничев
Крај на задачата
Спуштање22 август 1976, 17:55 UTC
Место61°3′36″N 75°54′0″E / 61.06000° СГШ; 75.90000° ИГД / 61.06000; 75.90000,
200 kм (660,000 ст) Југоисточно од Сургут, Западен Сибир
Орбитални параметри
Појдовен системСеленоцентричен
Периапсида115 kм (377,000 ст)
Апоselene115 kм (377,000 ст)
Наклон120.0°
Период1 час 59 минути
Лунарен орбитер
Orbital insertion14 август 1976
Orbits~48
Лунарен лендер
Датум на слетување18 август 1976, 06:36 UTC
Return launch19 август 1976, 05:25 UTC
Место на слетување12°42′52″N 62°12′35″E / 12.7145° СГШ; 62.2097° ИГД / 12.7145; 62.2097, Mare Crisium
Sample mass170.1 g (6.00 oz)
Инструменти
Систем за стереоскопско фотографско снимање
Подобрена дупчалка/Далечинска рака за собирање примероци
Детектор на радијација
Радио-алтиметар

Вселенско летало

уреди
 
Модел на лендер ''Луна 24''

Луна 24 била споена на телото на вселенското летало Ye-8-5, кое се состоело од два прицврстени модули, горниот за искачување бил поставен на врвот на модулот за спуштање. Лендерот бил висок 3,96 метри и имал маса без гориво од 1880 кг. Со целосно оптоварување со гориво, неговата маса на лансирање била помеѓу 5600 и 5750 kг.

Модулот за спуштање бил ист како долниот дел на Ye-8 за Луноход роверите, цилиндрично тело со четири испакнати ногарки за слетување, резервоари за гориво, радарски висиномер за слетување и двоен комплекс на мотори за спуштање. Главниот ракетен мотор за спуштање, КТДУ-417, бил мотор со променлив потисок од 1920 кг, кој се користел за корекции на средната траекторија, вметнување во орбита, сопирање при спуштање на површината и за забавување на леталото додека не достигне точка на исклучување, која била одредена од вградениот компјутер врз основа на висината и брзината. По исклучувањето, група млазници со помал потисок (210 и 350 кг) се користеле за конечното слетување. Модулот за спуштање исто така служел како лансирна рампа за модулот за искачување. Модулот за спуштање на вселенското летало бил опремен со телевизиска камера, монитори за радијација и температура, телекомуникациска опрема и продолжена рака од 90 цм со опрема за дупчење и собирање примерок од лунарна почва. Комуникацијата се одвивала преку конусна антена на крајот од јарболот на 768 и 922 MHz (низводна врска) и 115 MHz (нагорна врска).

Модулот за искачување бил помал цилиндар со сферичен врв кој го заменил роверот Луноход и куќиштето од платформата Ye-8. Носел цилиндричен херметички затворен контејнер за примероци од почва во сферична капсула за повторно полетување, монтиран на ракета КРД-61 со потисок од 1920 кг. Вкупната маса на модулот за полетување бил 520 кг, од кои 245 кг биле азотна киселина и УДМХ погонско гориво. Бил висок 2 метри. Кабината за враќање на примерокот имала дијаметар од 50 цм и маса од 39 кг. КДР-61 можел да се активира само еднаш, за 53 секунди, за да го постави на траекторија за слободно враќање на Земјата. Специфичниот импулс на моторот бил 313 секунди, можел да му даде брзина од 2600–2700 м/с на леталото за враќање.

Мисија

уреди
Лунарна
мисија
Вратени

примероци

година
Луна 16 101 g 1970 година
Луна 20 30 g 1972 година
Луна 24 170,1 g 1976 година

Луна 24 бил трет обид за враќање примерок од неистраженото Mare Crisium, локација на голем лунарен маскон (по Луна 23 и неуспешното лансирање во октомври 1975 година). По корекција на траекторијата на 11 август 1976 година, Луна 24 влегла во лунарна орбита три дена подоцна. Почетните орбитални параметри биле 115 на 115 км со инклинација од 120°. По дополнителни промени на нејзината орбита, Луна 24 безбедно се спуштила на лунарната површина во 06:36 УТЦ на 18 август 1976 година на 12°45' северна географска ширина и 62°12' источна географска должина, недалеку од местото каде што слетала Луна 23.[1] Точната локација на слетување (12,7145° С, 62,2097° И) била утврдена од орбиталните камери на сондата Lunar Reconnaissance Orbiter во 2012 година. Кратерот на слетување последователно бил именуван Лев од страна на IAU.[2]

Под команда од контролата на Земјата, лендерот со роботската рака за земање примероци со дупчалката навлегол околу два метри во блиската почва. Примерокот бил безбедно складиран во малата капсула за враќање, и по речиси еден ден поминат на Месечината, Луна 24 успешно полетала во 05:25 UTC на 19 август 1976 година. По непречено враќање, капсулата на Луна 24 влегла во Земјината атмосфера и безбедно слетала со падобран во 05:55 UTC на 22 август 1976 година, околу 200 км југоисточно од Сургут во западен Сибир. Студијата на вратените 170,1 г. почва покажале ламинирана структура, како да е наталожена во последователни наслаги. Советскиот Сојуз размени грам од примерокот од мисијата за лунарен примерок од NASA во декември 1976 година. Луна 24 било последното лунарно вселенско летало лансирано од Советскиот Сојуз. Исто така, било и последното вселенско летало кое меко слетало на Месечината сѐ до слетувањето на кинескиот Чанге-3 на 14 декември 2013 година, 37 години подоцна. Повеќе од 40 години, тоа била и последната мисија за враќање лунарни примероци сѐ до кинеската Чанге-5 во декември 2020 година.

Откривање на вода во вратените примероци

уреди

Во февруари 1978 година, советските научници М. Ахманова, Б. Дементјев и М. Марков од Институтот за геохемија и аналитичка хемија „Вернадски“ објавиле труд во кој тврделе дека доста дефинитивно била откриена вода.[3][4] Нивната студија покажала дека примероците вратени на Земјата од сондата содржат околу 0,1% вода по маса, како што е видено во инфрацрвена апсорпциона спектроскопија (на бранова должина од околу 3 μm), на ниво на детекција околу 10 пати над прагот,[5] иако Кротс истакнува дека „Авторите ...не беа подготвени да ги стават своите репутации на апсолутна изјава дека копнената контаминација е целосно избегната.“[6] Ова би го претставувало првото откривање на содржина на вода на површината на Месечината, иако тој резултат не е потврден од други истражувачи.[7]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Solar System Exploration: Missions: By Nation: USSR: Luna 24“. web.archive.org. 2015-04-30. Посетено на 2025-01-01.
  2. „Lev“. Gazetteer of Planetary Nomenclature. IAU/USGS/NASA. Посетено на 23 December 2024.
  3. M. Akhmanova; B. Dement'ev; M. Markov (1978). „Water in the regolith of Mare Crisium (Luna-24)?“. Geokhimiya: 285.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  4. M. Akhmanova; B. Dement'ev; M. Markov (1978). „Possible Water in Luna 24 Regolith from the Sea of Crises“. Geochemistry International. 15: 166.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  5. Arlin Crotts (2012). „Water on The Moon, I. Historical Overview“. arXiv:1205.5597v1.
  6. „The Space Review: Water on the Moon“. www.thespacereview.com. Посетено на 2025-01-01.
  7. Magazine, Smithsonian; Spudis, Paul D. „Who discovered water on the Moon?“. Smithsonian Magazine (англиски). Посетено на 2025-01-01.

Надворешни врски

уреди
  NODES
Intern 1
os 2
web 1