Луј Пастер (француски: Louis Pasteur; 27 декември 182228 септември 1895) бил француски хемичар и биолог, кој во првите истражувања дошол до заклучок дека топлината ги уништува штетните бактерии и со тоа ја поставил основата на постапката за стерилизација при хируршките зафати, што во негова чест била наречена „пастеризација“.

Луј Пастер
Louis Pasteur
Роден 27 декември 1822
Дол, Франш Конте, Франција
Починал 28 септември 1895
Марн ла Кокет, Франција
Познат пастеризација, вакцина против беснило

Утврдил дека ферментацијата била биолошки процес и ги побил дотогашните теории за спонтаната регенерација на микроорганизмите. Пастер го задолжил човештвото со откритието на вакцината против беснило, до која дошол по низа експерименти во 1895 година.

На 6 јули 1885, Луј Пастер успешно ја тестира својата вакцина против беснило на пациентот Јозеф Мајстер, деветгодишно дете гризнато од бесно куче.

  NODES
os 1