Масовни медиуми

(Пренасочено од Медиуми)

Масовни медиуми, мас-медиум (често само медиуми) или јавни гласила — поим кој најчесто се користи за да се означи оној дел од медиумите кои допираат до многу голема публика (обично, населението на една држава). Терминот бил искован во 1920-тите со појавата на националните радио-мрежи и весниците и списанијата со масовна дистрибуција. Публиката на масовните медиуми е разгледувана од некои теоратичари како масовно општество со посебни особини, меѓу кои атомизација и недостиг на општествени врски, што го прават посебно подложно на влијанието на модерните мас-медиумски техники како рекламирањето и пропагандата.

Радио

уреди

Радиото го должи својот почеток на две други иновации, телеграфот и телефонот, бидејќи сите три изуми се блиски еден на друг. Радио технологијата почнала како проект за „безжична телеграфија“. Откривањето на радио брановите, кои по својата природа се електромагнетни бранови кои имаат капацитет да пренесуваат музика, говор, слики и други податоци, понатаму направилe комплетна револуција во техниката, бидејќи нивната примена е раширена во многу домаќински апарати, од микробранови печки, преку безжични телефони, до играчки кои се на далечинско управување.

Во 1860 шкотскиот физичар Џејмс Максвел го увидел постоењето на радио брановите, но дури 26 години подоцна Хајнрих Херц демонстрирал дека варијации на електричен извор можат да се проектираат во вселената, во форма на дгхјдгхндгхнрадио бранови. Претходно, во 1866 година, американскиот забар Малон Лумис ја претставил идејата за безжична телеграфија, правејќи ја првата безжична комуникација низ воздухот со помош на змаеви. Италијанскиот иноватор Гуљелмо Маркони го испратил првиот радио сигнал во 1895 година во Италија, додека четири години подоцна успеал да го мине и каналот Ламанш на овој начин. Тоа го охрабрило во 1902 година да испрати сигнал од Англија до што во историјата е забележано како прва прекуокеанска радиотелеграфска порака.

Никола Тесла и Нејтан Стејфлфилд ги патентирале безжичните радио трансмитери, па затоа Тесла важи за изумител на радио технологијата, што било докажано и по судски пат, кога Маркони го изгубил спорот со Тесла во американскиот Врховен суд.

Кај радио-телеграфијата брановите се испраќаат на идентичен начин како што се пишуваат во телеграфска порака со точки и цртички. Во тоа време, предавателите биле нарекувани „пали-гаси машини“, а биле употребувани во комуникацијата на бродовите меѓу себе и со копното. Американската морнарица прва ја употребила оваа технологија во 1899 година, а две години подоцна создала комплетен безжичен систем, испраќајќи ги гулабите „во пензија“. Првата приватна порака на овој начин била испратена од американскиот претседател Теодор Рузвелт, до англискиот крал Едвард VII, во 1903 година, од базата на Маркони во Масачусетс. Понатаму, се бележат употреби во метеоролошки, известувачки и полициски цели.

Ли Де Форест дал свој придонес со повеќе откритија: вселенската телеграфија, триодниот засилувач и детекторот на електромагнетно зрачење. Сето ова направило да стане возможно засилувањето на радиочестотниот сигнал што антената го добива, пред да се употреби во приемникот. Тој се смета и за „кум“ на зборот „радио“. Врз основа на ова е откриена амплитудната модулација, односно АМ-радиото. Претходните предаватели од типот „пали-гаси“ не го поддржувале овој систем. Соединетите американски држави го контролирале овој пронајдок сè до крајот на Првата светска војна. Потоа сите патенти поврзани со радио технологијата биле префрлени на компанијата RCA (Radio Corporation of America).

Преносот на глас бил испитуван уште во 1892 година од Нејтан Стаблефилд, кој ги изговорил зборовите „Здраво Рејни“ кон својот тест партнер Мари, што се сметаат за први во оваа сфера. Експерименталната програма на Реџиналд Фесенден, составена од говор и музика, првпат била чуена преку радио станици на бродовите во 1906 година. Овој Канаѓанец се смета за пронаоѓач на модулацијата кај радио брановите, врз основа на „хетеродин принципот“, што овозможувал прием и предавање на сигналот без прекин. Во 1915 година од морнарската база во Арлингтон, Вирџинија, бил пренесуван говор од Њујорк до Сан Франциско и преку Атлантикот до Париз. Првата редовна радио програма започнала на 2 ноември 1920 година во Питсбург, преку радиото КДКА. Пионерот на масовната комуникација, Д-р Франк Конрад се смета и за пронаоѓач на кратките бранови, како и за создавач на првата реклама во историјата, што ја направил за продавницата за плочи која го снабдувала со музика.

Радиото со амплитудна модулација зрачи на повеќе френквентни опсези: - Долги бранови од 153 до 279 килохерци, но не е достапно на западната полутопка. Се користи проред од 9 килохерци, при што се достигнале и 413 килохерци, но современото радио не зрачи на повеќе од 279 килохерци. - Средни бранови се од 520 до 1,710 килохерци, при што во САД проредот е на 10 Килохерци, а во Европа на 9 килохерци. - Кратките бранови се од 2,300 до 26,100 килохерци, поделени на 15 френквентни опсега. Се користи проред од 5 килохерци.

Честотната модулација е откриена во 1933 година од страна на Едвин Армстронг.Тао го подобрила аудио сигналот на радиото контролирајќи го шумот предизвикан од електричната опрема и атмосферата на Земјата, големо влијание има и носечката честота која ја има Честотата кај FM e 87,5 до 108 MHz што значи по голема честота по мала шанса за пречки од електричната опрема и атмосферата на Земјата, ноисто така голема заслуга за квалитетот има проширениот канален опсек наместо како кај AM од само 9KHz кај FM е 180 KHz за монофонични емитувања. Ли Де Форест го тужел Армстронг уште во 1915 година тврдејќи дека развива концепти врз неговиот патент, но изгубил 12 пати, сè додека во 13 обид во 1930 година не добил право на основниот патент. Патем, во 1923 година Армстронг во судот го добил спорот во кој Форест не знаел да објасни зошто аудион тубата осцилира и како, докажувајќи дека не станува збор за идентичен пронајдок.

Во 1947 година се измислени тразисторите, а компанијата Сони во 1954 година го произвела транзисториското радио. Во 1965 на Емпајр Стејт Билдинг во Њујорк била поставена првата Мастер ФМ Антена, што им дозволило на поединечните станици да зрачат истовремено од еден извор.

Во текот на Студената војна русите оформуваат свој стандард на радио на ултра кратки бранови по познат како OIRT. Главни одлики на рускиот стандард се: звукот е монофон и носечката честота е 64-74 MHz. OIRT стандардот и денес се користи во Русија како и сите држави кои беа во сојуз со неа, по распадот на СССР секоја држава полека преминува на FM.

Подоцна се има појавено и FM стерео радио кое овозможува емитување на два аудио канали преку истата честота и кај овој тип на емитување еден FM канал е широк 250 KHz

Во поново време е развиен систем за пренос на текст преку FM радио, таканаречен RDS што значи Радио Дата Сервис. Преку овој сервис радата со приказник можат да читаат текстови кои се праќаат од радио станиците како на името на радиото, контакт телефон, поважни вести, информација за времето па и иминјата на песните кои свират. Друга предност е тоа што ако патувате нема потреба да ги менувате честотите рачно на одредено радио туку вашето радио добива информација од предавателот кој веќе го губи сигналот дека има груг предавател во близина со соодветна честота и менувањето е автоматско.

Во најново време радиото почнува да се дигитализира па така FM радиото ќе биде заменето со DAB (Digital Audio Broadcasting) според основачите DAB нуди подобар квалитет на звук и заштеда на честотниот опсег. Наместо кај FM кој ги користи честотите од 87,5 до 108 MHz, DAB користи по високи честоти и тоа од 175 до 230 MHz. Денес овие честоти се користат уште за аналогна телевизија Предноста на DAB е тоа што доколку има минимално потребен сигнал ќе има и одличен звук а кај ФМ со минимален сигнал освен звук ќе има многу шуштење. Предноста околу заштеда на честотниот опсег се должи на тоа што на едена честота наместо едно FM радио ќе се сместат неколку радиа користејки ја компресијата на дигиталниот звук (MPEG) и пракање во вид на пакети, или пак ако на радиото има говор (вести) тоа радио може да го намали својот bit rate па така што ослободи дел од честотниот простор.

Телевизија

уреди

Телевизијата во основа претставува пренесување слики на далечини. Наречена е чудо на дваесеттиот век, но нејзината појава е резултат на големите откритија на физичарите од XIX век. Во последните декемвриски денови од 1883 година германскиот инженер Паул Нипков изработил механички „Нипков диск“ со кој се остварува разложување на сликата на местото на предавањето и нејзино повторно сложување на местото на приемот. „Електронскиот телескоп“ со мотор бргу движел една плоча, издупчен ротирачки диск со лампи со селенски ќелии, кои ги претворале светилинските импулси во струјни, што потоа се пренесувале на одредена далечина. Co тој уред сликата се разложува на елементи и редови. При приемот постапката се повторува: истиот уред врши сложување на елементите во редови, а од нив се добива, слика, онаква каква што била при предавањето. Пронајдокот е историски, но никогаш не нашол своја примена. Конечното усовршување на телевизијата зависи од развојот на електрониката и од усовршувањето на дотогашните искуства во преносот на тон со употреба на електромагнетни бранови во овозможување и на пренос на слика.

Co конструирањето на фотоелектрична ќелија осетлива на промена на светлоста, од страна на германските научнци Јулиус Елстер и Ханс Гајтел (1890) се најавува откривањето на камерата. Во 1907 година Русинот Борис Росинг и Англичанецот Кембел Суинтон (истовремено, но независно еден од друг), замислуваат телевизиски систем со употреба на катодна цевка која веќе била откриена во 1897 година од германскиот научник Браун. Дваесет години подоцна (1928) Рускиот емигрант во САД Владимир Зворкин го патентира иконоскопот главната цевка во телевизиската камера, со која, според систем на оптички сочива, светлосната енергија се претвора во електрична и сликата што „стои" пред камерата се отсликува на далечина.

Телевизијата технички е родена. Нејзиното натамошно усовршување е насочено кон квалитетот на сликата, а тоа зависи од бројот на елементите и редовите што камерата може да ги испише во една секунда и тие, пренесени, да се „насликаат" на екранот од приемникот. Поради тоа и се развиваат неколку системи на телевизиски уреди: со 525 редови (НТСЦ, во САД), со 625 редови (ПАЛ, во Германија) и со 819 редови (СЕКАМ, во Франција)

Редовното пренесување телевизиска програма за првпат започнува на 22 март 1935 година во Германија, во ноември истата година во Франција, а една година подоцна на 2 ноември 1936 година и БиБиСи започнува редовно емитување телевизиска програма во Англија. Во САД првпат телевизиска програма се следи од 20 април 1939 година, но затоа пак се оди чекор понапред во нејзиното натамошно усовршување и само по една година, од 27 август 1940 година, започнува да се емитува телевизиска програма во боја. Bo Европа телевизија во боја прва воведува Холандија, на 14 септември 1966 година.

На просторите на Балканот и на некогашна Југославија телевизиската програма може да се следи дури по триесетина години: на 15 мај 1956 година, за време на одржувањето на Загрепскиот велесаем граѓаните на Загреб за првпат можат да гледаат странска телевизиска програма. Есента 1957 година Студио Загреб за првпат емитува програма од свое студио со редовно емитување на програмата во траење од 10 минути на ден. Граѓаните на Белград можат да следат телевизиска програма од 28 август 1958 година за време на Вториот мегународен саем на техниката и техничките достигнувања. Во Љубљана тоа се „случува" на 11 октомври во истата (1958) година. Од 28 ноември 1958 година телевизиските студија Белрад, Загреб и Љубљана започнуваат емитување заедничка телевизиска програма три дена во неделата по три часа. Оттогаш и Здружението на радиостаниците на ФНРЈ Југословенска радиодифузија е преименувано во „Југословенска радиотелевизија здружение на радиодифузните организации на ФНРЈ“.

Честотите кои ги користи телевизијата се поделени во неколку опсези и тоа според западниот стандард (CCIR) VHF-L од 48,25 до 67,75 MHz и кои содржи 3 канали со ширина од 7 MHz, VHF-H од 175,25 до 225,75 MHz и кои содржи 7 канали со ширина од 7 MHz и UHF од 471,25 до 860,75 MHz и кои содржи 48 канали со ширина од 8 MHz Денес VHF-L скоро и да не се користи повеќе за телевизија а во Македонија само на Пелистер иа еден предавател на 4-та канал за МТВ-1

Функција

уреди

Потребата од проучување на функцијата на медиумите е поврзана со основните прашања и концепти на медиумската писменост . Функцијата на медиумите е да пренесуваат создадени пораки од некој, создадени за да го привлече вниманието на публиката, да пренесат ставови ,но и така да се обидат да ги наметнат . Сето ова е со намера да постигне некаква цел, без разлика дали е социјална, економска, политичка итн. Публиката треба да знае за функциите на медиумите, за да може полесно да ги анализира и сфати медиумските пораки, да разбере зашто се создадени и да ја разбере намерата на оној кој ја испратил пораката. Додека весникот како прв масовен медиум имал функција само да се информира, подоцна со развојот на граѓанското општество, функцијата се променила и се проширила неговата улога. Денес, во демократските општества, медиумите имаат задача информирање на јавноста за работата на органите. Улогата на медиумите е да се промовира различноста на мислење, јавнота дебата и граѓанска партиципација во општеството, да ги промовира демократските вредности, да се залага за слободата на изразување и слободата на говорот.
Основни функкции

  • Информативна функција - Главна функција на пишуваните и електронските медиумите, при која информациите се однесуваат на на јавни , заеднички, интересни и актуелни теми во која било област од општествениот живот .
  • Функцијата за формирање мислења - Медиумите не само да ги достават информации,туку се случува тие информации да бидат коментирани и толкувани,нудејќи на публиката различни начини за разбирање на пораката. На овој начин, медиумите им помога на граѓаните да се ориентираат во општеството.
  • Функција на општествено дејствување - Медиумите влијаат во насока на општествена дејствување, каде што може да доделите различен статус на одредени лица, организации или социјални движења. Медиумите поставуваат приоритети, можат да го свртат вниманието на јавноста, но влијаат и на угледот, авторитет и влијанието во јавноста.

Социјални функции Овие функции може да бидат рекреативни, интегративни и интерактивни. Медиумите имаат општествени функции, кои се појавуваат како фактор во социјализацијата на луѓето и во образованието . Постојана изложеност на медиумите, појавата на "инделни модели" на однесување, како и вклучување општествено важни луѓе во нив, влијае на социјализација и овозможува да се биде во чекор со времето и настаните. Медиуми овозможува на јавноста да се развие чувство на припадност кон одредена средина или заедница и воспоставување на контакт и комуникација. Не смее да се запостави и рекреативната и забавна функција на медиумите што се одразува во релаксација, рекреација и бегство од стресот и динамичното секојдневие. Но научниците предупредуваат дека медиумите имаат негативно влијание и да придонесат до пасивност , наместо активно да се учествува во социјалниот живот и исто така имаат вначително влијание врз преносот на агресија и насилство во реалниот свет.
Општествени функции Во демократските општества, функција на медиумите е да обезбеди простор за јавноста да ги изнесе различните мислења, ставови, потреби и интереси, со цел да предизвика јавна дебата. Масовните медиуми овозможуваат комуникација меѓу сите социо-политички лица, како што е владата, парламентот, политичките партии, економските фактори и на пошироката јавност.

Комуникација преку Медиуми

уреди

Медиум е комуникациски систем заснован врз одреден технолошки уред кој емитува пораки до публиката (согласно со ова медиум е радиото засновано врз технолошкиот уред радио апарат, телевизијата со ТВ приемникот, телефонот со телефонскиот апарат, но и книгата, весникот, факсот, телеграфот, компјутерот, I-podитн..Старите медиуми преоѓаат во нови и поефикасни,друштвени медиуми,кои полека но сигурно го менуваат светот.

Во современото општество јавното комуницирање се одвива со посредство на медиумите. Притоа медиумите не дејствуваат само како неутрални пренесувачи на пораките од немедиумските комуникатори до нивната публика, туку и како релативно самостојни фактори на јавното комуницирање кои, преку сопствениот субјективитет и кодовите на својот симболички јазик, битно влијаат и на неговиот тек и постигнувања. Оттука, бидејќи јавноста е нормативно воспоставена како механизам на комуникациска самодејственост на публиката и која како таква ги одредува условите и целта на комуникциското дејствување на медиумите, согласно, задача на медиумите е да ја опслужуваат публиката со одговарачки информации и да овозможат слободно истражување на мислењето за работи од општ интерес.

Но, со текот на времето јавноста доживеа длабоки промени, што на извесен начин ги промени и условите на дејствување на медиумите. Денес, во современото масовно општество, јавноста сè повеќе функционира како отворен комуникациски простор во кој професионалните комуникатори преку медиумите настојуваат да ја придобијат нејзината публика за своите посебни интереси и цели.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Сите македонски и бугарски радиопрограми во интернет

  NODES