Биномна номенклатура

(Пренасочено од Науч.)

Формалниот систем на именување на видовите се нарекува биномна номенклатура или бинарна номенклатура.

Машка боквица

Суштината на овој систем на именување е следнава: називите на видовите се образуваат од научни латински поими (т.е. новолатински поими или латинизции), и се состојат од два дела - род и вид, како на пр. Homo sapiens - името на човечкиот вод. Дводелното име на видот се нарекува латински назив. Меѓутоа биолозите и филолозите го претпочитаат поимот научен назив бидејќи зборовите што се користат не секогаш се латински, и покрај тоа што се латинизирани за да се ускладат. Имињата напати се изведуваат од старогрчки корени или од разни други јазици. Доста видови се наречени по по презимето на некој истакнат научник, или пак латинизирана варијанта на некој локален топоним.

Карл фон Лине (познат и како „Линеј“ или Linnaeus) одбрал именувањето да се врши со два збора, но притоа не го користел подоцнежниот целосен систем од седум категории (царство-колено-класа-ред-фамилија-род-вид.) Линеј се решил за биномна номенклатура, користејќи ги само родовото и видовото име или епитет, кои заедно образуваат целосното име на видот. На пример, човекот припаѓа на родот Homo, а видовото име му е sapiens. Така, луѓето се класификуваат како Homo sapiens. Првата буква од првиот збор секогаш е голема, додека онаа на вториот е мала, дури и ако е изведена од лична именка (име на лице или место). Родовите и пониските таксони секогаш се претставуваат со закосени букви, додека фамилиите и погорните таксони се оставаат напишани обично. Видовите можат да се поделат и на пониски рангови, така образувајќи „триномен назив“ за подвидови и други пониски рангови („триномен“ за животни, а „тринарен назив“ за растенија).

Во биолошката литература, името на видот е проследено со името на одговорното лице и годината на опис. Така, во зоологијата го имаме видот: Patella vulgata Linnaeus, 1758. Името „Linnaeus“ укажува на научникот што го опишал видот; 1758 е годината на издавање на тој опис – во овој случај, делото „Систем на природата“ (Systema Naturae).

Историја

уреди
 
Карл фон Лине (1707–1778) - изумител на современата биномна номенклатура

Системот на биномна номенклатура го вовел шведскиот ботаничар и физичар Карл фон Лине, познат и под латинизираното име Carolus Linnaeus (1707–1778) или „Линеј“. Линеј се обидел да ја опише сета природа, давајќи им дводелни називи на сите видови (минерални, растнителни и животински. Ова претставувало значајно подобрување на дотогашната практика видовите да се опишуваат со цели реченици. Биномната номенклатура во разни облици постоела и пред Линеј. Нејзе ја користеле Баухиновците, кои живееле речиси два века пред него.

Полезност

уреди

Полезноста на биномниот систем се состои главно во штедливоста и прегледноста, широката распространетост, како и стабилноста на имињата:

  • Прегледност. Со ова се избегнуваат нејаснотиите што произлегуваат при употребата на народни називи на видовите. Народните називи честопати се разликуваат во зависност од наречјето во една иста земја, а со тоа несомнено и од земја до земја. За разлика од тоа, научниот назив може да се употребува ширум целиот свет, кај сите јазици, со тоа одбегнувајќи секакви забуни и потешкотии при преведувањето.
  • Стабилност. Постапката на воведување на биномните називи е склона кон стабилност. Иако стабилноста не е неприкосновена, таа сепак е корисна. На пример, кога еден вид се преместува од еден род во друг (неретка појава при стекнување на нови научни сознанија), описниот дел од името на видот може да се задржи. Ако пак некој вид порано се сметал за посебен, а сега се утврдило дека е подвид, дотогашното видовото име може да се задржи како описен елемент.

И покрај оваа стабилна практика, некои видови користат повеќе научни називи, зависно од таксономското становиште. Оваа појава се нарекува „синонимија“.

Изведување на имињата

уреди

Родовите и видовите имиња може да се изведат од каков било извор. Честопати тие се обични новолатински зборови, но може да се преземени од старогрчкиот, од топоним, име на лице, име од локалниот јазик итн. Таксономите понекогаш создаваат имиња употребувајќи дури и внатрешни шеги и игри на зборови.

Но имињата секогаш мора да се граматички исправни, како да се латински изрази.

Постои список на латински и грчки зборови во номенклатурата.

Називите на фамилиите честопати се изведуваат од некој распространет род во рамките на таа фамилија.

Родовото име мора да биде единствено во рамките на секое царство. Најчесто ова е именка во латинска деклинација.

Описникот за вид е исто така латински збор, но граматички може да има разни облици како следниве:

  • Друга именка во номинативен облик кои не мора да се совпаѓаат по граматички род, како на пример лав Panthera leo.
  • Именка во генитив (посвоен) облик изведена од нечие презиме, како кај тибетската антилопа Pantholops hodgsonii или жбунестото растение Magnolia hodgsonii. Имињата не ги даваат самите опишувачи на видовите, туку други научници во нивна чест.
  • Именка во генитивен облик изведена од топоним, as with Latimeria chalumnae („од Халумна“)
  • Обичен генитивен облик на именка (во еднина или множина) како кај бактеријата Escherichia coli. Ова често се среќава кај паразитите, како на пр. Xenos vesparum, кајшто vesparum просто значи „на осите“
  • Обичен латински или новолатински генитив, како кај домашниот врабец Passer domesticus, каде domesticus значи „домашен“ или „куќен“

Неретко едно исто видово име се користи кај два или повеќе различни рода (како во горенаведениот пример со hodgsonii).

Правилници за номенклатура

уреди

Кон средината на XIX век се почувствувало потреба од ускладени правила за научните називи. Со време се појавиле номенклатурни правилници за животни („Меѓународен правилник за зоолошка номенклатура“, ICZN), растенија (вклучувајќи габи, цијанобактерии) (ICBN), и бактерии (вклучувајќи ги археите) (ICNB). Вирусите се именуваат според таксономски правилник, кој ги одредува и имињата и таксоните („Меѓународен комитет за таксономија на вирусите“, ICTV). Овие правилници се разликуваат во извесни нешта, како на пример:

  • правилникот за растенија ICBN не дозволува тавтоними, додека пак животинскиот правилник ICZN ги смета за прифатливи.
  • Почетните точки на важност на овие правилници (ретроактивно) зависат од група до група.
    • Во ботаниката почетна точка е 1753 г. (кога Линеј го објавил делото „Растителни видови“, Species Plantarum).
    • Во зоологијата почетната точка е 1758 г. (1 јануари 1758 – издавањето на Systema Naturae, X издание, и Клерковата Aranei Svecici).
    • Бактериологијата почнала одново, со почетна точка од 1 јануари 1980 г.[1]

Предложено е овие правилници да се заменат со еден т.н. БиоКод (BioCode) иако примената на овој правилник не е на повидок. Постои и друг правилник во развој наменет за именување на клади наречен PhyloCode.

Правила

уреди

Иако поситните поединости можат да се разликуваат, извесни аспекти на номенклатурата се универзално прифатени:

  • Самиот збор „биномна“ укажува на тоа дека секој вид е составен од две имиња во современ облик на латинскиот јазик:
    1. името на родот („родово име“).
    2. втор збор што го означува видот во рамките на тој род. Техничкиот поим за овој збор зависи од употребата:
      • општ поим за зборот што означува вид е видов описник
      • кај зоологијата, зборот што го означува видот се нарекува „видово име“
      • кај ботаниката, зборот што го означува видот се нарекува „видов епитет“
  • Видовите имиња се најчесто закосени; на пр. Homo sapiens. Биномната ноненклатура треба начелно да се пишува со поинаков фонт од остатокот од текстот; на пр. "Пронајден е уште еден Homo sapiens '." При ракописно пишување, тие се подвлекуваат; како на пр. Homo sapiens. Секој збор се подвлекува посебно.
  • Родот секогаш се пишува со голема почетна буква.
  • Видот никогаш не се пишува со голема буква.[2][3]
На пример, тигарот е Panthera tigris
  • Сите таксони над видот имаат име составено од само еден збор, т.е. „униномен назив“.
  • Првото ниво под видот, т.е. „подвид“ има три дела во името: два за видот и трет за подвидот. Ова се нарекува триномна номенклатура, и нејзиниот запис се разликува во ботаниката и зоологијата.[4] На пример:
  • Во научните текстови, по стручниот назив стои и скратено (ботаника) или полно (зоологија) презиме на научникот што прв го опишал видот. Ако во првичниот опис е наведена припадност на поинаков род од денешниот, тогаш кратенката или името и годината се ставаат во заграда.
На пример: (растение) Amaranthus retroflexus L., и (животно) Passer domesticus (Linnaeus, 1758) – второспоменатото Линеј го опишал како Fringilla domestica.
  • Кога користиме народен назив, научниот назив честопати се наведува веднаш по него во загради.
На пример: "домашниот врабец (Passer domesticus) is decreasing in Europe".
  • Научниот назив начелно треба да се пишува во целост. Исклучок од ова е кога наеднаш се наведуваат повеќе видови од истиот род, или пак истиот вид се повторува повеќепати. Во тој случај родот се пишува целосно само еднаш, а потоа се скратува на иницијал со точка; на пример, кога наведуваме членови на родот Canis, ќе напишеме: "Canis lupus, C. aureus, C. simensis". Во ретки случаи скратениот онлик станал пораспространет од нескратениот: бактеријата Escherichia coli често се среќава како E. coli, а Tyrannosaurus rex е добро познат во светот како T. rex.
  • Кратенката „sp.“ се користи кога видовото име не може или не треба да се наведува. Кратенката „spp.“ (множина) означува „неколку вида“. Овие не се закосуваат и подвлекуваат.
На пример: "Canis sp." значи "неназначен вид од родот Canis", додека пак "Canis spp." значи "два или повеќе вида од родот Canis".
  • Мошне лесно е да се помеша кратенката "ssp." (зоологија) или "subsp." (ботаника), која назначува неукажан подвид. Така и множинските варијанти се „sspp.“ или „subspp.“
  • Кратенката „cf.“ се користи кога востановувањето на видот е непотврдено.
На пример "Corvus cf. splendens" означува „птица слична на домашен гавран но не одредена како вид со сигурност“.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Sneath, P. H. A. „A short history of the Bacteriological Code“. Архивирано од изворникот на 2012-05-24. Посетено на 29 октомври 2007.
  2. Heather Silyn-Roberts (2000). Writing for Science and Engineering: Papers, Presentation. стр. 198. ISBN 0750646365.
  3. „Recommendation 60F“. International Code of Botanical Nomenclature, Vienna Code. 2006. стр. 60F.1.
  4. Frank A. Bisby, Имиња на растенијата во ботаничките бази на податоци, Plant Taxonomic Database Standards No. 3, Version 1.00, December 1994, Published for the International Working Group on Taxonomic Databases for Plant Sciences (TDWG) - Hunt Institute for Botanical Documentation, Carnegie Mellon University, Pittsburgh

Надворешни врски

уреди
  NODES
Done 1
Story 1