Некрофилија, уште нарекувана танатофилија и некролагнија, е парафилија што се одликува со човечко сексуално привлекување кон мртви трупови.[1] Зборот е вештачки создаден од старо грчки: νεκρός (nekros; "труп," или "мртов") и φιλία (philia; "љубов").

Поделба на некрофилијата

уреди

Поделба на некрофилијата според Росман Џонатан и Ресник Филип:

Типична некрофилија

  1. некрофилија убиство - убиство и користење на мртвото тело за сексуално задоволување
  2. примарна некрофилија - мртвото тело се користи за сексуално задоволување
  3. некрофилија фантазија - фантазија и контакт со мртвото тело, но без сексуален чин

Лажна некровилија - возбудување на мртво, но мртвото не е објект на сексуален акт, објект е живо суштество (садисти)

Здравствено и законско гледиште

уреди

Некрофилијата според најновата класификација на болестите ICD-10 спаѓа под точка F65.8 - Парафилија, друго пореметување на сексуално привлекување, некрофилија.[1] Многу често склоните кон некрофилија пројавуваат и симптоми на други психички болести како: Параноја, тежок социјален контакт со луѓе, недостиг на емпатија и сл. Иако општествено неприфатена, и се смета дека е многу ретка, сепак досега има извесни значителен број случаи на некрофилија. Во повеќето држави некрофилијата е казнива според закон.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  NODES