Ник Дрејк
Николас Родни Дрејк (англиски: Nicholas Rodney Drake; 19 јуни 1948 - 25 ноември 1974) ― англиски гитарист, пејач и текстописец.
Ник Дрејк | |
---|---|
Ник Дрејк во 1969 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Николас Родни Дрејк |
Роден(а) | 19 јуни 1948 Рангун, Бурма |
Починал(а) | 25 ноември 1974 Танворт во Арден, Англија | (возр. 26)
Жанрови | |
Инструменти |
|
Период на активност | 1967–1974 |
Издавачи | Island |
Мреж. место | brytermusic.com |
Роден е на 19 јуни 1948 година во Јангон, Бурма,[3] во англиско семејство на инженери кои во 1951 година се вратиле во Англија.[4] Со музика се занимавал уште од најрана возраст. Како успешен акустичен гитарист, додека сè уште бил студент на Универзитетот во Кембриџ, Дрејк во 1969 година потпишал договор со Island Records.[5] Неговиот прв албум, Five Leaves Left, бил издаден во 1969 година, а потоа следеле уште два албума: Bryter Layter (1971) и Pink Moon (1972).
Дрејк страдал од депресија и не сакал да настапува во живо пред публика. По комплетирањето на албумот Pink Moon, тој се повлекол од музиката и живеел во домот на неговите родители во руралните предели на Ворикшир. На 25 ноември 1974 година, Дрејк бил пронајден мртов на 26-годишна возраст поради предозирање со антидепресиви. За време на неговиот краток животен век, Дрејк не успеал да допре до поширока публика, но неговата музика била ценета од музичките критичари, а по неговата смрт постепено добил и пошироко признание од публиката.
Во 1979 година бил објавен неговиот ретроспективен албум Fruit Tree. Дрејк имал влијание врз многу музичари, вклучувајќи ги: Роберт Смит од Cure, Питер Бак од R.E.M., Кејт Буш, Пол Велер, Ејми Ман, Бек, Робин Хичкок и The Black Crowes. Првата биографија на Дрејк била издадена во 1997 година; во 1998 година следел документарниот филм за неговиот живот, Туѓинец меѓу нас.
Дискографија
уреди- Five Leaves Left (1969)
- Bryter Layter (1971)
- Pink Moon (1972)
Наводи
уреди- ↑ Christgau, Robert (26 March 2019). „Xgau Sez“. robertchristgau.com. Посетено на 29 March 2019.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеUnterberger
. - ↑ „Boy from the black stuff“. The Independent (англиски). 1999-11-23. Архивирано од изворникот 20 June 2022. Посетено на 2022-03-09.
- ↑ Brown, Mick (12 July 1997). „The Sad Ballad of Nick Drake“. Sunday Telegraph. Посетено на 11 June 2023.
- ↑ Paphides, Peter (25 April 2004). „Stranger to the world“. The Observer (англиски). ISSN 0029-7712. Посетено на 2023-06-11.