Пантери
Период: ран плиоцен до денес
Од горе надолу: лав, тигар, јагуар и леопард
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Ѕверови
Семејство: Мачки
Потсемејство: Големи мачки
Род: Пантери
Oken, 1816
Типски вид
Felis pardus
Linnaeus, 1758

Пантерите (науч. Panthera) се род од семејството мачки, кој ги содржи познатите видови: тигар, лав, јагуар и леопард. Во овој род спаѓаат половина од видовите на потсемејството големи мачки (Pantherinae). Животните кои припаѓаат на овој род, со едно име ги нарекуваме пантери. Зборот пантер е добиен од грчкиот збор pan- („сите“) и theras („ловец“), бидејќи можат да ловат и убиваат скоро секакво животно. Постојат верувања дека родот пантери може да има и источноазиско потекло, и значи „жолтеникаво животно“[1].

Само овие четири видови мачки имаат анатомски предиспозиции за рикање. Првично се верувало дека способноста за рикање е од непотполното оскоскување на подјазичната коска. Сепак, новите истражувања покажуваат дека оваа способност се должи на морфолошки одлики на гркланот. Снежниот леопард (Uncia uncia), кој понекогаш се вклучува во родот пантери, не може да рика. Иако го поседува непотполното оскоскување на подјазичната коска, тој не ги поседува специфичните одлики на гркланот[2].

Еволуција

уреди

Како поголемиот дел од семејството мачки, и родот Пантери бил тема на многу дебати и таксономски промени. База на родот се смета дека е изумрениот вид Viretailurus schaubi, кој понекогаш се смета и за ран член на родот Пума. Пантерите најверојатно се развиле во Азија, меѓутоа нивните корени сѐ уште се нејасни. Одделувањето на големите од другите мачки – Felinae се проценува помеѓу шест и десет милиони години[3]. Според фосилните остатоци одвојувањето на пантерите било пред само 2 до 3,8 милиони години[4].

Морфолошките и генетските истражувања укажуваат дека тигарот е првиот од денешните видови што се одвоил од лозата[5]. Снежниот леопард на почетокот бил ставен на основата на родот пантери, но новите молекуларни истражувања укажуваат дека тој треба да припаѓа на овој ред, па дури и дека постои можност да е сестрински вид на леопардот[5]. Поради ова, многу научници го ставаат во пантери[3][5][6], но сè уште не постои консензус за тоа дали треба да остане во посебниот род Uncia [7][8], или треба да биде префрлен како Panthera uncia[3][5][6][9]. Преисториската мачка, која го носи името Европски јагуар (Panthera gombaszogensis) и најверојатно е доста блиска со денешниот јагуар, се смета дека за првпат се појавила во денешна Оливола, Италија пред околу 1,6 милиони години.

Облачниот леопард (Neofelis nebulosa), од кој во 2007 година е одвоен посебниот вид Борнејски облачен леопард (Neofelis diardi), не е вклучен во родот Пантери[3][5][6][9].

Таксономија

уреди

Постојат многу подвидови на четирите вида пантери, сепак голем број од подвидовите на леопардот и лавот се дискутабилни. Неодамна било предложено дека сите потсахарски популации на леопарди всушност припаѓаат на истиот подвид на леопард, како и сите потсахарски популации на лавови кои припаѓаат на еден подвид. Овие тврдења се засноваат на недоволните генетски разлики меѓу нив. Некои од предисториските лавовски подвидови се опишани по историски докази и фосили. Можно е овие да биле различни видови.

Црниот пантер не е посебен вид, туку само заедничко име за црните (меланистични) единки од овој род, најчесто јагуари или леопарди.

Видови и подвидови

уреди

Род пантери (Panthera)

Изумрените видови се означени со †

Наводи

уреди
  1. "Panther". Online Etymology Dictionary. Douglas Harper. Посетено на 12 ноември 2007.
  2. Nowak, Ronald M. (1999). Walker's Mammals of the World. Johns Hopkins University Press. ISBN 0-8018-5789-9.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  4. Turner A (1987) New fossil carnivore remains from the Sterkfontein hominid site (Mammalia: Carnivora). Ann Transvall Mus 34:319–347
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  6. 6,0 6,1 6,2 Dianne N. Janczewski, William S. Modi, J. Claiborne Stephens, and Stephen J. O'Brien (1996). „Molecular Evolution of Mitochondrial 12S RNA and Cytochrome b Sequences in the Pantherine Lineage of Felidae“. Molecular Biology and Evolution. 12 (4): 690. Посетено на 6 август 2006.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  7. Uncia uncia. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2002. Посетено на 11 мај 2006.
  8. Felid Taxon Advisory Group: Alan H. Shoemaker (1996) Taxonomic and Legal Status of the Felidae Архивирано на 30 март 2008 г.
  9. 9,0 9,1 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  10. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)[мртва врска]
  11. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)


  NODES
Intern 1
os 5