Пачакути

(Пренасочено од Пачакутек)


Пачакути Инка Јупанки, Куси Јупанки, Пачакути или Пачакутек (кечуански: Pachakutiq, 1438-1471/1472) бил деветтиот Сапа Инка на Кралството Куско, кое го трансформирал во Тавантинсују или Империја на Инките. Голем дел од археолозите веруваат дека најпознатиот симбол на Инките, Мачу Пикчу, кој бил изграден како негова резиденција.[1]

Пачакути
Сапа Инка
Претстава на Пачакути насликана од Гваман Пома
На престол1438 – 1471/1472
ПретходникВиракоча
НаследникТупак Инка Јупанки
Полно име
Пачакути Инка Јупанки
кечуанскиPachakutiq
ДинастијаХанан
ТаткоВиракоча
Сапа Инки
Приказ на Сапа Инките.
Хуринска династија
   Манко Капак
   Синчи Рока
   Локе Јупанки
   Мајта Капак
   Капак Јупанки
Хананска династија
   Инка Рока
   Јавар Вакак
   Виракоча
   Пачакути
   Тупак Инка Јупанки
   Вајна Капак
   Нинан Кујочи
   Уаскар
   Атауалпа
Сапа Инки од Вилкабамба
   Тупак Хуалпа
   Манко Инка Јупанки
   Паулу Инка
   Сајри Тупак
   Титу Куси
   Тупак Амару
Поврзано
   Тавантинсују
   Сапа Инка
   Список

На кечуански јазик името му значи „оној кој тресе земјата“[2] За време на неговот владеење, Куско прераснало во Империја, така од мало кралство се преобразило во Империја која се протегала низ скоро цела должина на Јужна Америка.

Пачакути е син на Виракоча и четврт владетел од династијата Ханан. Името на неговата жена било Мама Анаварки или Која Анахурке. Тој имал два сина: Амару Јупанки и Тупак Инка Јупанки. Амару, постариот син, требало да биде наследник на Пачакути, но тој го избрал Тупак бидејќи Амару не бил војник.[3]

Наследство

уреди

Името на Пачакути е Куси Јупанки и не бил во план за наследник на престолот, бидејќи од почетокот Виракоча го избрал Урко за наследник. Но за време на нападите на Чанкасите, Пачакути имал можност да ги истакне своите воени вештини. Тој ги поразил Чанкасите и ја добил битката. Поради тоа бил наследник на престолот. Во таа битка Чанкасите било толку тешко поразени што фигуративно во легендите се вели дека дури и камењата биле на страната на Пачакути. Поради таа легенда го добива и името Пачакутек.

Владеење

уреди
 
Статуа на Пачакути во Перу.

По смртта на неговиот татко, Пачакути станал единствен водач на Империјата. Веднаш започнал воени инвазии на околните територии кога од мало кралство направил голема Империја. Заедно со неговиот син и престолонаследник Тупак Инка Јупанки биле толку успешни во освојувањето што понекогаш се именува како „Наполеон на Андите“. Кога Пачакути умрел во 1471 година, Империјата се протегала од Чиле на југ до Еквадор на север, но заземало и територии на Аргентина, Боливија и Колумбија.

Исто така, Пачакути кралството го трансформирал во унија на четири покраини. Така во таков систем имало четири покраински управници кои контролирале по една покраина. Под управителите биле локалните водачи кои раководеле со градови, долини или рудници. До доаѓањето на Шпанците, под власта на покраинскиот управител имало по 15 локални водачи, но можно е Пачакути да основал помалку. Пачакути создал посебен воен и свештенички систем.

Пачакути повторно го изградил Куско, така што градот ги исполнувал сите потреби на еден кралски центар и претставник на Империјата. Во градот имало сектор за секој покраински управител со пат кон покраината со која владеел и во тие делови живееле благородници или имигранти од покраината од каде доаѓа управителот. Секој сектор бил поделен на горен и долен дел. Владетелот и семејството живееле во центарот на градот, престижен дел од Куско. Голем дел познати споменици во Куско денес се обновени од Пачакутек.

Покрај водачките и воените таленти, тој не успеал да го смени системот за избор на наследник. Неговиот син станал следен Инка без каков било проблем до смртта на Пачакутек. Како и да е, секој нареден Сапа Инка имал проблеми за престолот така што морал престолот да се добие со поддршка од свештениците, локалните и регионалните водачи и војската. Исто така, Пачакути ги населил и приспособил сите делови од Империјата кои не биле доволно населени или не биле доволно погодни за живот. Пачакутек бил поет и автор на церемонијата Sacred Hymns of the Ситуа.

Денес

уреди

Пачакути денес се смета за национален херој во Перу. за време на претседателските избори во Перу во 2000 година, староседелските народи на Перу на кандидатот Алехандо Толедо му го дале прекракот Пачакути. Следува приказ на освоените територии на Пачакути.

 
1438
 
1463
 
1493

Наводи

уреди
  1. Rowe, John,1990. Machu Picchu a la luz de documentos de siglo XVI. Historia 16 (1): 139-154, Lima.
  2. Cameron, Ian (1990). Kingdom of the Sun God: a history of the Andes and their people. New York: Facts on File. стр. 58. ISBN 0-8160-2581-9.
  3. Rostworowski, Maria. "Inca Succession" Архивирано на 10 октомври 2008 г. The Incas Peruvian Cultural Center.

Поврзано

уреди
Претходник
Виракоча
Сапа Инка
о. 1471
Наследник
Тупак Инка Јупанки
  NODES
Done 1
Story 1