Перодршка[1][2] — мала дршка изработена од дрво, метал, пластика или кој било друг материјал, на чиј крај се става перце, обично метално, кое кога ќе се натопи со мастило се користи за пишување или цртање.

Перодршки и перца.

Перцето се заглавува во перодршката благодарение на еластичноста на металот што му овозможува на перцето да остане на своето место во текот на пишувањето. Перодршката и перцето ја замениле претходната употреба на гускини пера за пишување. Во 1960-тите, перодршката била заменета со пенкало или хемиско пенкало. Денес, перодршката се користи за калиграфија и е најпрактичната алатка за овој вид пишување.

Користење

уреди

Перодршката се користела во текот на шеесеттите години. Причината за користење на овој вид на пера била поради високите цени на пенкалата. Дури и по воведувањето на хемиското пенкало, некои училишта не дозволиле негово користење бидејќи е неопходно да се знае како да се користи перодршка. Перцата и денес сè уште се користат, некои фабрики се активно вклучени во нивното производство.

Наводи

уреди
  NODES