Праска
Прасков цвет, плод, семе и лисја илустративно прикажано од Otto Wilhelm Thomé (1885).
Праски на гранка
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Angiosperms
Нерангирано: Eudicots
Нерангирано: Rosids
Ред: Rosales
Семејство: Rosaceae
Род: Prunus
Подрод: Amygdalus
Вид: P. persica
Научен назив
Prunus persica
(L.) Batsch 1801 not Stokes 1812 nor (L.) Siebold & Zucc. 1845[1]
Синоними[2]

Уште во далечниот десетти век, Кинезите знаеле за придобивките од праските за човековото здравје и не случајно се верува дека праските го продолжуваат човечкиот живот[3].

Во денешно време со развојот на науката е веќе докажано дека овие плодови имаат благотворно влијание врз човечкиот организам. Праските го зголемуваат човечкиот живот - тоа е верување на Кинезите.

Праските содржат многу витамини и минерали, но содржината на калиум е причината Кинезите да веруваат во чудесната сила. Недостатокот на калиум во нашето тело може да доведе до многу сериозни проблеми како стрес, напнатост, слабост во телото.

Недостатокот на калиум се одразува на кожата, меморијата слабее, но најважните проблеми кои се јавуваат во отсуство на калиум се поврзани со функционирањето на срцето.

Ако земате лекови за намалување на крвниот притисок, тоа доведува до ограничување на калиум во организмот и до сериозни здравствени проблеми. Калиумот во праските помага за регулирање на крвниот притисок. Преку нив се обезбедуваат 332 мг калиум. Праските содржат големо количество витамини - во една голема праска има 1.4 мг ниацин или 14% од дневната вредност на витамин Б3.

Ниацинот игра улога во енергетскиот метаболизам на телото. Праските се со висока содржина на витамин Ц - 11,6 мг или 19% од дневната доза. Витаминот Ц е важен антиоксиданс и хранливи елементи, кој придонесе за подобрување на имунолошкиот систем, но не и за одржување на здрави зглобови. Праските се корисни за кожата, бидејќи содржат витамин Ц - Витаминот Ц се смета за важен витамин на кожата, а исто така тој е и антиоксиданс кои помага при лекувањето на ракот на кожата, помага во борбата со белите крвни клетки. Витаминот Ц треба да се зема редовно, ако сакаме да имаме здрава кожа. Праските можат да придонесат за лечење на многу болести и особено за лекување и превенција на ракот и проблемите поврзани со функционирањето на срцето. Праските содржат ликопен и лутеин, кои помагаат за зголемување на видот[4].

Праската во Македонија

уреди

Росоманскиот регион важи за најголем производител на овој вид овошје во Македонија. Најзастапените сорти се„голд хевен“ и „фантазија“ од нектарините[5]. Моментно во Росоманско има околу 700 хектари под праска, но површините постојано се зголемуваат. Околу 15 видови праска се одгледува во Росоман, и се произведува околу 15 милиони килограми производство. Најголем дел од праските се извезени во Русија, Полска, Украина и Белорусија. Голем дел од родот заминал и во поранешните југословенски републики[5].Во чест на почетокот на бербата на праската, општината Росоман ја организира манифестацијата Праскобер која се одржува на Духовден[6].

Галерија

уреди

Праската како мотив во уметноста и во популарната култура

уреди

Надворешни врски

уреди
  1. „IPNI Plant Name Query Results“. ipni.org.
  2. „The Plant List, Prunus persica (L.) Batsch“. Архивирано од изворникот на 2021-03-10. Посетено на 2017-09-13.
  3. „ПРАСКА - Го пролжува човечкиот живот! - Еве зошто“. Архивирано од изворникот на 2016-08-03. Посетено на 2017-09-13.
  4. „Праски - сочна сензација одлична за здравјето“. sezahrana.mk. Посетено на 2017-09-13.
  5. 5,0 5,1 admin. „Над 3 милиони килограми праски извезени од Росоман | Е-ВЕСНИК ЛИСИЦА“. lisica.mk. Посетено на 2017-09-14.[мртва врска]
  6. „Започна бербата на праски во Росоман – NetPress“. netpress.com.mk. Посетено на 2018-05-10.
  7. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 425.
  NODES
iOS 1
os 10